Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Климатските промени се дело на човекот, што значи дека ние можеме да се справиме со овој предизвик, за што ни е потребна технологија и ни требаат финансии, порача денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на сесијата „Една земја“ на Самитот на Г20 во Њу Делхи.
Во турскиот град Малатија, кој беше погоден од катастрофалниот земјотрес во февруари годинава, се гради училиште кое ќе го носи името на Северна Македонија, а 32-те училници ќе ги носат имињата на македонските градови. Училиштето се гради со помош на хуманитарните средства што ги собра Црвениот Крст по земјотресите кои ги погодија Турција и Сирија. Во акцијата, собрана е донација на парични средства во вкупен износ од 63.380.807 денари, односно над еден милион евра.
Ние сме силни поддржувачи на Северна Македонија и се надеваме дека ќе го направите последниот чекор кој е потребен за да го почнете процесот на зачленувањето во Европската Унија, изјави премиерката на Естонија, Каја Калас при средбата со македонскиот колега Димитар Ковачевски во Талин.
Протестот во Скопје кој требаше да биде за скандалот со кражбата на лекови на Клиниката за Онкологија прерасна во партиски протест на ДПМНЕ и Левица кои го злоупотребија гневот на граѓаните со партиска пропаганда.
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА Зошто „најнародната партија“ се обиде во понеделникот, 4 септември да организира протест пред Владата на СРМ? Која е врската меѓу настаните што се прикажани како сурова игра со лицата кои страдаат од подмолна болест, нивните злотвори кои заработуваат од нивната мака со препродавање на лекарствата што ги добиваат на една скопска клиника и политичката партија од опозицијата што несомнено се јавува како организатор на собирањето на народ? Просто, сите околности, мерени со одмерен, проверен и потоа спроведен во дело, аршин на казнување на сторителите на тој криминал, не можат да дозволат некому тој да се јави…
ЏАБИР ДЕРАЛА Читам една објава на вицепремиерот Фатмир Битиќи, кој на социјалните мрежи објави нова инвестиција во земјава.
Фоторепортерите денеска во Охрид ја забележаа срдечната средба на градоначалниците на Охрид и на Куманово, Кирил Пецаков и Максим Димитриевски, со претседателот на државата, Стево Пендаровски.
Овој пат е многу јасно дека чекањето не ни се исплати и дека чекањето може да ни донесе само да пропуштиме уште една голема шанса која што не знаеме дали ќе се повтори за нас. Затоа што ако во 2030 има проширување, а ние не влеземе, сметајте дека наредното проширување сигурно нема да се случи во наредните 10 години, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во вестите на Алсат.
Нобеловата фондација денеска објави дека ја повлекува својата намера да ги покани амбасадорите на Русија, Белорусија и Иран на церемонијата на доделување на Нобеловата награда во Стокхолм, по острите критики од шведските политичари, објави полската ТВП њуз.
Во текот на големите поморски вежби во Балтичкото Море, во кои ќе учествуваат околу 30 бродови и повеќе од 3.000 припадници на западните сили, првпат ќе вежбаме одговор на руски напад во регионот, изјави командант на германската морнарица, објави Ројтерс.
Британската Влада работи со авиокомпаниите за да обезбеди патниците кои се блокирани на аеродромите ширум Европа да се вратат дома по дефект во британскиот систем за контрола на летање што предизвика големи нарушувања кои веројатно ќе траат со денови, објави Ројтерс.
Европската Унија мора да е подготвена до 2030 за проширување, е пораката од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на отворањето на Бледскиот стратешки форум. 2030 е годината која и ние ја определивме како целна година за членство во ЕУ, што е доказ дека со нашите европски партнери имаме иста цел, напиша денеска вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот фејсбук профил.