Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руска наведувана ракета доцна синоќа погодила центар за трансфузија на крв во градот Купјанск во источниот регион Харкив. „Има загинати и повредени“, објави тој на Телеграм, пишува Кијив Пост.
Најмалку 21 лице е повредено, а 126 згради се урнале по земјотресот со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала што денеска ја погоди источната кинеска провинција Шандонг.
Шефот на ултрадесничарската Левица, во партиското гласило, по повод Илинден, објави порака која потсетува на обраќањето на експремиерот Зоран Заев во 2021 година.
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Колку поголеми се отстапките што ги прават партиите на владејачката коалиција, дотолку повеќе стануваат бесмислени и апсурдно неразумни позициите на ВМРО-ДПМНЕ. И последната концесија со условените оставки на петмината министри на ДУИ во Владата на Ковачевски, којашто оваа партија не ја прифати, уште еднаш се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ има агенда спротивна на националните интереси и дека единствено што ги интересира се предвремни избори, личните агенди на лидерската врхушката која се крие зад партиските агенди што е всушност едно те исто.
Исланд е првата членка на НАТО која официјално ја прекина работата на својата амбасада во Русија. На почетокот на јуни Рејкјавик ја објави својата намера за затворање на амбасадата, но тоа стапи во сила дури денеска.
Властите на Хрватска и на Украина денеска во Кијив постигнаа договор во врска со користењето на хрватските пристаништа за извоз на украинско жито, јави Украинформ.
Шест лица, меѓу кои и 10-годишно девојче и нејзината мајка, се убиени во денешниот руски ракетен напад врз јужниот украински град Кривиј Рих, родниот град на украинскиот претседател, пишува Јаху њуз.
За време на посетата на Филипините, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен остро ја осуди „незаконската употреба на сила“ во Индо-Пацификот и во Украина, објави Еуроњуз.
Ова се ретки времиња во историјата на една држава кои се сметаат за одлучувачки за подолгорочните текови и време кога партиските и личните агенди и кариери се помалку важни од одговорноста што секој ја носи во однос на иднината на земјата и на граѓаните, изјави шефот на дипломатијата и потпретседатeл на ДУИ Бујар Османи во гостување во дневникот на Телма, појаснувајќи ја целта на условените оставки на министрите од ДУИ.
Војната постепено се враќа на руска територија и тоа е неизбежен, природен и праведен процес. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во денешното видео обраќање, откако со дрон беше погоден бизнис кварт во Москва, пренесува Укринформ.
Најмалку 40 лица загинаа денеска во експлозија што се случи во северозападната пакистанска провинција Хајбер Пахтунхва, објавија арапските медиуми, повикувајќи се на локални власти.
Сите министри во Влада од редовите на ДУИ, поднесоа оставки до премиерот Димитар Ковачевски, кои ќе се ефектуираат веднаш откакако пратениците на ДПМНЕ ќе гласаат за усвојување на уставните измени.