Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Премиерот Димитар Ковачевски на својот фејсбук-профил од денешниот Самит на НАТО во Вилнус, Литванија напиша дека средбата со претседателот на САД Џо Бајден била можност накратко да поразговараат за важноста на европските и евроатланските интеграции на Северна Македонија и земјите од Западен Балкан како еден од предусловите за обезбедување на мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот.
Директорот на српската разузнавачка агенција БИА и близок соработник на српскиот претседател Александар Вучиќ, Александар Вулин, се најде под американски санкции, објави N1.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој денеска пристигна во Вилнус каде се одржува важен самит на НАТО, им се обрати на насобраните граѓани на ненајавен голем собир во центарот на главниот град на Литванија, објави Укринформ.
Сојузниците на НАТО постигнаа договор за регионалните планови во случај на руски напад. Со децении, западната воена алијанса не гледаше потреба да се договори за големи одбранбени планови и долго време сметаше дека постсоветска Русија повеќе не претставува закана.
Геноцидот во Сребреница е една од најтемните страници на европската историја и Европа се сеќава на својата одговорност и неуспехот да ги заштити жртвите, изјавија во заедничката изјава високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
Новинарот и аналитичар Зоран Иванов во објава на Фејсбук истакна дека „и историски и современо, ВМРО- ДПМНЕ е и бугарска и македонска политичка партија“.
Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ Не би се расправал со Американците. Не затоа што немам што да им забележам или да ги критикувам, туку затоа што во односите со Северна Македонија се толку битни што секоја расправа со нив или за нив автоматски се претвора во расправа за нас. И со самите нас. Со многу лоши изгледи за Нордот. Признавам дека тука ме влече една тешка опортунистичка нотка која не е без принципиелна основа но, знае да ме натера да скокнам некои срања од другата страна на Атлантикот.
Знаете што е најпоразително? Тоа што Шилегов го заменија со Арсовска. И тоа го направија луѓе кои се занесуваа дека се нешто опасно образовани и учени, а се заради своите инфантилни политички ставови. Град Скопје ако не може сметот да го среди, тоа и не е град, објави денеска активистот и колумнист Ненад Јовановиќ на својот фејсбук-профил во врска со еколошкиот хаос што го зафати главниот град со преполните контејнери и исфрленото ѓубре околу нив.
Украинските сили напредуваат во правец на Бахмут, а руските сили се заробени, изјави командантот на копнените сили на Украина, Олександар Сирски.
Преполни контејнери и куп ѓубре околу нив е сликата денеска што го опишува Скопје. На социјалните мрежи осамнаа фотографии од некои населби во главниот град, глетка што вознемирува и буди гнев кај граѓаните. Што ли прави јавното претпријатие Комунална хигиена?
Миодраг Врчаковски На овие од памтивек турбулентни Балкански простори продолжуваат секојдневните жестоки политички дебати за феноменот наречен “Губењето на Македонскиот национален идентитет”. Кој го распродава, а кој го штити! Кои се бранителите а кои се рушителите! Која наша партија ги поседува ексклузивните идентитетски авторски права??? Не можам да се изначудам. Не можам!
Франција забрани продажба, поседување и транспорт на пиротехнички средства за време на националниот празник на 14 јули – Денот на Бастилја, по немирите предизвикани од смртта на тинејџерот кој беше застрелан од полицаец, соопшти Владата во Париз.