Author: Gabi Tocko
Стејт департментот денеска му забрани влез во САД на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко поради негова вмешаност во значителна корупција.
Известувачот во Европскиот парламент за Северна Македонија Илхан Ќучук, побара официјално одложување на гласањето за извештајот во ЕП, што беше закажано за крајот на јуни, соопштија од прес-службата на Ќучук, пренесува МИА.
Анализите на ЕСМ и на регулаторот се при крај. Јас сметам дека зголемување на цената не треба да има и ќе направиме се за да нема покачување на цената на крајните корисници, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за МТВ.
Имавме навистина тежок пат до ЕУ, оптоварен со билатерални прашања и со Грција и Бугарија, со долгогодишно чекање за почеток на преговорите и сметам дека сите без исклучок сметаат дека Северна Македонија заслужува да ги продолжи преговорите што ги започна минатата година и да во што најкус можен рок ги заврши и во првиот наредн бран на проширување на ЕУ да бидеме дел од тоа, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ за Радио Скопје.
Во Атлантскиот Океан исчезна подморница која се користела за превезување луѓе кои сакале да ги видат остатоците од потонатиот брод Титаник, по што започнала потрага и акција за спасување, јави денеска Би Би Си. Бостонската крајбрежна стража соопшти дека операцијата е во тек.
Димитриевски доцни 22 години вели вицепремиерот и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи во изјава за „Фронтлајн“ во врска со најавите на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски дека ќе формира политичко движење и ќе креира мултиетничко општество. Битиќи нагласува дека граѓанско движење и национализам не одат заедно и дека македонското општество е и мултикултурно, и мултиетничко и граѓанско. „Максим Димитриевски доцни најмалку 22 години. Македонското општество е и мултикултурно, и мултиетничко и граѓанско. Некој од неговите ментори и советници треба да му објасни дека граѓанско движење и национализам не одат заедно. Национализамот не е граѓански, туку режимски. Граѓанство или национализам? Тоа е…
Алексеј Навални, затворениот руски опозициски лидер, најави денеска започнување на кампања против војната во Украина. „Денеска почнува уште едно судење, кое во голема мера ќе ми го продолжи мандатот. Но, не сакам да го искористам овој ден за да предизвикам сочувство кон мене и кон другите политички затвореници“, рече Навални.
Координативниот штаб за третман на воени заробеници и другите релевантни тела на Украина продолжуваат да преземаат активни мерки за враќање дома на веројатно единаесет украински воени затвореници, кои Унгарија, без знаење на украинската влада или меѓународните организации за човекови права, ги изнесе од Русија, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Олег Николенко.
Пред Парламентот во Белград започна седмиот протест „Србија против насилство“. Оваа сабота протести се одржуваат и во Крагуевац, Нови Сад и Ниш, објави N1.
Поројните дождови предизвикаа проблеми во Солун и во реонот на Мудања, на полуостровот Халкидики, изјави директорот на Службата за цивилна заштита на регионот Централна Македонија, Хараламбос Стергиадис.
Хрватскиот експерт за сообраќај Жељко Марушиќ изјави дека синоќешната несреќа на приватниот, нелегален „авто-митинг“ (Car Meet) во селото Бузин, на периферијата на Загреб, во која пет лица беа повредени, е пример за „сообраќаен тероризам“ и во таква прилика „бесниот мерцедес“ може да биде посмртоносно оружје од пиштолот употребен при убиството на учениците во Белград, објавија хрватските медиуми.
Најмалку 42 лица загинаа, од кои 38 ученици, а уште осум се тешко повредени, во напад на средно училиште во западна Уганда, за кој постои сомнеж дека го извршиле бунтовниците, соопштија денеска полицијата и локалните власти.