Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва на Твитер им се заблагодари на сите во светот кои му помагаат на Меѓународниот кривичен суд и неговиот тим во истрагата на руските злосторства извршени на украинска територија.
Советникот во Советот на Општина Битола од редовите на СДСМ, Менде Илиевски денеска на прес-конференција изјави дека „ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски ја донесоа Битола на работ на банкрот!“, додавајќи дека „за една и пол година Коњановски потрошил околу 50 милиони евра, а општината нема пари за ништо!“
Српскиот претседател Александар Вучиќ и сугерираше на опозицијата, еден ден по петтиот од серијата масовни протести, на кои се бараше и негова оставка од функцијата шеф на државата, да предложи во Парламентот распишување референдум за доверба на шефот на државата и повтори дека власта нема да се менува на улица, пишува Индекс.
Триесет и четири години по масовните протести во Пекинг, што беа крваво задушени од армијата, Кина и натаму ги чувствува последиците од најголемите политички демонстрации во историјата на комунистичка Кина. Настаните од плоштадот Тијанмен во Пекинг помогнаа во модернизирањето на кинеската полициска држава, во која денес организирањето такви демонстрации речиси е невозможно.
Указите што ги потпишав не се однесуваат на договорот меѓу Владата и „Бехтел-Енка“, ниту пак се однесуваат на составот на Надзорниот одбор кој треба да ја надгледува изградбата на автопатите околу чија што структура се појавија неколку издржани критики во јавноста, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за „Радио Слободна Европа“.
Европската интеграцијата е пат кој свесно и одговорно го бираме, бидејќи тоа е потребно за стабилност и прогрес на државата, за видливи реформи на внатрешен план, кои ќе дадат позитивна трансформација на македонското општество, порача денеска вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, кој во рамки на официјалната посета на Брисел, се сретна со европратениците од групата на Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот парламент, Тонино Пицула, Матјаж Немец и Андреас Шидер.
Професорката Биљана Ангелова од Економскиот институт е избрана за нов ректор на најголемиот и најстар универзитет во Македонија, „Свети Кирил и Методиј“.
НАТО денеска соопшти дека распоредува дополнителни сили на Косово по судирите на северот на земјата, откако вчера беа повредени 30 војници од мировните сили предводени од Алијансата, објавија западните медиуми.
Во земјите-членки на Европска Унија во 2022 година 42 отсто од младите на возраст од 25 до 34 години имале високо образование, објави денеска Евростат.
Сметам дека не треба да осудуваме вака важен проект како „Бехтел и Енка“ на пропаст уште од старт. Ако има сомнеж, институциите се должни да го истражат тоа. Но да не осудуваме на пропаст нешто што е бенефит за граѓаните уште од старт, изјави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов во „24 анализа“ на ТВ24.
Косовскиот премиер Албин Курти вечерва на Твитер објави дека денеска се сретнал со амбасадорите на земјите од Квинта и на ЕУ, изразувајќи загриженост поради насилствата што избија во Косово и ги осуди нападите врз припадниците на косовската полиција, војниците на КФОР и новинарите.
Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир денеска напиша на Твитер дека „третпат во еден ден во Украина има воздушна тревога, а државата-терорист (Русија) веќе лансираше речиси 60 ракети и 100 ударни дронови“.