Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илиевски: Потрошени 50 милиони евра а Битола нема пари, затоа ВМРО-ДПМНЕ го загуби мнозинство во советот

0
By Gabi Tocko on June 4, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 4, 2023 16:00

Советникот во Советот на Општина Битола од редовите на СДСМ, Менде Илиевски денеска на прес-конференција изјави дека „ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Тони Коњановски ја донесоа Битола на работ на банкрот!“, додавајќи дека „за една и пол година Коњановски потрошил околу 50 милиони евра, а општината нема пари за ништо!“

Според него, Коњановски противзаконски ги зголемил и даноците на имот за 300 отсто, но пак нема пари во касата за ниту еден од проектите што ги ветуваше, поставувајќи го прашањето „каде завршија парите на битолчани?“

Зошто нема пари за прифатилиште за бездомни животни, нема пари за спортски комплекс, немаат пари за планинарскиот дом Копанки? Но, затоа имаме многу примери каде стотици илјади денари се делеа кај сопартијци и роднини, истакна Илиевски.

Тој нагласи дека „ситуацијата во речиси сите битолски јавни претпријатија и установи е катастрофална. Директна одговорност за тоа имаат ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на градоначалникот Тони Коњановски сместени во директорсктие фотелји и во управните и надзорните одбори!“

Комуналец е над 40 милиони денари во минус! Водовод е во минус од 21 милион денари! Паркинзи во минус од над 1 милион денари! ВМРО-ДПМНЕ ја заглави конзулска Битола. Ова се случува секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата од народот. Катастрофа, посочи советникот од СДСМ.

Илиевски истакна дека заради ваквото недомаќинско работење ВМРО – ДПМНЕ ја загуби поддршката во Советот на Општина Битола.

Разрешување на оние кои се причина за оваа состојба во управните и надзорните одбори на шест битолски јавни претпријатија значи одговорност пред граѓаните. Јавните претпријатија мора да ги управуваат домаќини и еснафи луѓе кои ја сакаат Битола. Надпартиски стручни луѓе во управните и надзорните одбори е вистинско решение, заклучи Илиевски.

Битола ВМРО-ДПМНЕ градоначалник Илиевски недомаќинско работење општина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.