Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски: Указите што ги потпишав не се однесуваат на договорот меѓу Владата и „Бехтел и Енка“

0
By Gabi Tocko on June 4, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Стево Пендаровски
Стево Пендаровски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 4, 2023 12:44

Указите што ги потпишав не се однесуваат на договорот меѓу Владата и „Бехтел-Енка“, ниту пак се однесуваат на составот на Надзорниот одбор кој треба да ја надгледува изградбата на автопатите околу чија што структура се појавија неколку издржани критики во јавноста, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за „Радио Слободна Европа“.

Во однос на информациите дека со потпишувањето на указите, сакал да добие политичка поддршка од владејачката коалиција за втор претседателски мандат, Пендаровски нагласува дека потпишаните укази се однесуваат исклучиво на содржината на петте закони и дека тоа нема никаква врска со ниту едно друго политичко или правно прашање.

Пендаровски појаснува дека главната причина зошто го потпишал Указот за Законот за работни односи е тоа што во него не постои одредба за 60-часовна работна недела.

Пред пакетот закони воопшто да влезе во Парламентот предупредив на можноста во измените на Законот за работни односи да стои одредба за 60-часовна работна недела и во таков случај сигурно немаше да го потпишам указот затоа што минатата година Уставниот суд веќе ја прогласи за неуставна таа одредба во тогашните измени на истиот закон, додаде Пендаровски.

Прашан дали проширувањето во ЕУ ќе земе замав заради геополитичкиот момент со војната во Украина, Пендаровски вели дека не верува во нови форми на асоцирање и членување во ЕУ, нагласувајќи дека македонските граѓани се заморени од нови методи според кои треба да се приклучиме кон ЕУ.

Францускиот претседател Макрон пред три години побара нова методологија, која тврдеше дека ќе биде поефикасна и далеку покуса. Велеше како ќе напредувате кластер по кластер веднаш ќе чувствувате придобивки под членство, нема да чекате до последен момент кога ќе станете полноправна членка. За жал, до овој момент и двете држави од Западен Балкан, Србија и Црна Гора кои се во процес на преговори повеќе од деценија, не почнале практично преговори во новата методологија. Не ни се потребни нови форми на соработка во тоа поле за да станеме членка на ЕУ еден ден, посочува Пендаровски.

Шефот на државата смета дека има моментум во проширувањето, но спорна за него е позадината на тој моментум, односно мотивацијата. Не би сакал, вели Пендаровски, да видам моментум за приклучување на Западен Балкан, вклучително и на Македонија во Европа, само затоа што има војна некаде на континентот.

Ако дадете статус на кандидат на Украина, на Молдавија и на Босна и Херцеговина со одредени условувања, имено заради војната во Украина, моето прашање до европските званичници е што ќе се случи кога, дај боже утре, престане војната во Украина? Ако треба да чекаме војна на континентот, вам да ви текне Западниот Балкан и дел од таканареченото источно партнерство треба по децении чекање формално да стане дел од ЕУ, се плашам дека тој тип на резонирање не бил никогаш карактеристичен за ЕУ. Тој тип на геостратешко резонирање, безбедносни закани, војни, нови хибридни закани, е специфика на НАТО. ЕУ секогаш низ историјата имала сосема поинаков профил на критериуми низ кој ги проценувала потенцијалните членки. И ако почнете да наликувате на НАТО алијансата, што правиме ако таа војна запре со примирје. Ќе го изгубиме моментумот?, вели претседателот на државата.

Прашан колку Русија е вмешана во спорот со Бугарија, Пендаровски со став дека не верува и да има руско влијание, дека тоа не е толку доминантно во нарацијата која бугарските влади ја спроведуваат кон нас.

Мојот впечаток е дека во позадината на тој спор станува збор за дебели историски наслаги на бугарска страна. Нивната реторика во изминативе 2-3 години не се разликува од реториката и кога сме биле дел од Југославија и пред 30 и пред 50 години, истакна Пендаровски.

Во однос на случувањата на северот на Косово, Пендаровски со оценка дека силите на Алијансата кои, како што посочува ќе бидат засилени, се доволни да не дозволат прелевање на нестабилноста во останатите делови на Косово и во регионот.

Како членка на НАТО ја следиме директно. И како членка на Алијансата, која има свои војници на Косово. Нашите војници не се на северот на Косово распоредени, меѓутоа имаме 65 војници таму. Имаме намера да останеме и во догледна иднина да го зголемиме тој контингент и заеднички придонесуваме во сигурноста на регионот. Ако ние придонесуваме за стабилноста на Косово, со кое сме директни соседи, придонесуваме и за нашата стабилност и безбедност. Проценките на Алијансата се дека таму состојбите одвреме навреме доаѓале и ќе доаѓаат до точка на вриење, на северот на косово, меѓутоа силите на Алијансата, кои во меѓувреме ќе бидат засилени, со дополнителна бројка на војници, се доволни да не дозволат прелевање на нестабилноста ниту во останатите делови на Косово, не само на северот, значи да останат локализирани. А уште помалку да се прелеат кај нас или во некои други делови во регионот, нагласи Пендаровски.

Бехтел и Енка Влада интервју Пендаровски потпишување РСЕ укази
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 16, 2026

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

ВЕСТИ July 16, 2026

Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз…

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026

Лисабон: Во Португалија избувна епидемија на „норовирус“ – заразени повеќе од 120 лица

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.