Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
НАТО вечерва соопшти дека најостро ги осудува неиспровоцираните и целосно неприфатливи напади врз војниците на мисијата на КФОР во северниот дел на Косово и ги повика сите страни да се воздржат од потези кои ги зголемуваат тензиите.
Во Звечан и Лепосавиќ во северниот дел на Косово од утрово е забележливо зголемено присуството на силите на КФОР. Според N1, силите на Кфор се опремени да ги разбијат протестите. Во попладневните часови во Звечан дошло до судир меѓу силите на КФОР и насобраните граѓани, биле фрлени шок бомби и солзавец, а се гаѓало и со камења и шишиња. Како што пренесуваат медиумите, има повредени од двете страни.
Грчкиот Парламент помалку од 24 часа откако беше отворен, попладнево се распушти согласно издадениот претседателски декрет потпишан од претседателката Катерина Сакеларопулу и премиерот Јоанис Сармас, со што и официјално се распишани изборите во Грција на 25 јуни, јави дописничката на МИА од Атина.
Денеска се одржува нов протест против насилството во Белград, само еден ден откако српскиот претседател Александар Вучиќ вчера донесе луѓе со автобуси од цела Србија во Белград, вклучително и неговите локални партиски функционери и членови, симпатизери и луѓе кои работат во општините и јавните претпријатија, објави Индекс.
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска учествуваше на панел-дискусијата на тема: „Важноста и улогата на Охридскиот рамковен договор на патот кон ЕУ и спроведувањето во однос на помалку бројните заедници“, на која изјави дека она што го имаме направено во изминатите две децении со Рамковниот договор, е голема вредност и позитивен влог, со којшто влегуваме во преговорите со Европската Унија, соопшти владината прес-служба.
Претседателот на државата Стево Пендаровски со својот правен тим ќе ги разгледа измените на законите поврзани со коридорите 8 и 10д донесени вчера од Собранието, посочуваат за МИА од Кабинетот на претседателот, наведувајќи дека бидејќи станува збор за повеќе закони за тоа ќе бидат потребни неколку дена. Дури потоа претседателот Пендаровски ќе излезе со став и ќе каже дали и кои укази ќе бидат потпишани.
Лидерот на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за нов претседател на таа партија. Вучевиќ е правник и политичар, а во моментов е министер за одбрана на Србија, потпретседател на Владата и потпретседател на СНС, објавија српските медиуми.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска ја посети Универзитетската Клиника за кардиохирургија каде започнаа да се извршуваат хируршки интервенции во хибридна операциона сала, што е голем исчекор во следењето на медицинските трендови и медицината базирана на докази, објави владината прес-служба.
За жителите на Северна Кореја, нивната северна граница долго време обезбедуваше пристап до надворешни информации, можности за трговија и можности за бегство, сè до пандемијата на Ковид-19, кога таму беше изградена ограда. Кога пандемијата на коронавирус го погоди светот во 2020 година, режимот на Ким Џонг-ун презеде голем потфат да ја затвори границата со Кина и Русија, прекинувајќи ги патиштата на шверцерите и дезертерите.
Во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Србија денеска се одржа седница на Советот за национална безбедност посветена на последните случувања во Косово, објави N1.
Социјалната мрежа Твитер се повлече од доброволниот кодекс на Европската унија за борба против дезинформациите на Интернет, објави Европската комисија. Комесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон истакна дека Твитер се откажува од доброволниот Кодекс на добра практика за спротивставување на дезинформациите. „Но, обврските остануваат. Можете да бегате, но не можете да се скриете“, напиша Бретон на Твитер доцна синоќа, пишува Политико.
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека имал „исклучително негативна“ реакција на извештаите дека Русија напредува со својот план за распоредување тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, додека Европската унија го осуди планот.