Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Северна Кореја постави ѕидови и жици на границата: Пукајте во сите што бегаат

0
By Gabi Tocko on May 27, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Сателитските снимки покажаа зголемена безбедност долж границата со Кореја (Photo: AFP)
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 27, 2023 13:37

За жителите на Северна Кореја, нивната северна граница долго време обезбедуваше пристап до надворешни информации, можности за трговија и можности за бегство, сè до пандемијата на Ковид-19, кога таму беше изградена ограда. Кога пандемијата на коронавирус го погоди светот во 2020 година, режимот на Ким Џонг-ун презеде голем потфат да ја затвори границата со Кина и Русија, прекинувајќи ги патиштата на шверцерите и дезертерите.

Пјонгјанг оттогаш изгради стотици километри нови или подобрени огради, ѕидови и заштита, покажуваат сателитски снимки. Со ова режимот дополнително го запре протокот на информации, стоки и странски елементи во земјата, пишува Ројтерс. Исто така, и Институтот Мидлбери проучувал сателитски снимки од северната граница на Северна Кореја направени во периодот меѓу 2019 и почетокот на 2023 година.

Поради нецелосната слика, географските и временските услови, не беа достапни сите 1,4 илјади километри од границата со Кина и 18 километри со Русија. Но, новата безбедносна инфраструктура може да се види на најмалку 489 километри од границата. Тие вклучуваат бодликава жица, бетонски ѕидови, двојни огради и дополнителни штитници.

Дезертери, активисти за човекови права и извори во Кина вклучени во шверцот на луѓе и стоки тврдат дека новите бариери ги задушуваат патиштата кои биле економски спас за ранливите групи, ги прекинуваат патиштата за бегство од авторитарниот режим и дополнително го ограничуваат пристапот кон надворешните информации. Северна Кореја им нареди на стражарите да пукаат во секој што се обидува да избега, без какво било предупредување, се наведува во официјалните документи објавени од кинеските власти во 2020 година, предупредувајќи ги граѓаните на ризиците.

Во декември, американското Министерство за финансии ја санкционираше главната канцеларија за контрола на границата на Северна Кореја поради кршење на човековите права, вклучително и поставување на нагазни мини и пукање врз дезертери.

„Традиционалната рута меѓу Северна Кореја и Кина сега е практично завршена, освен ако ситуацијата не се промени“, рече Ким, јужнокорејски свештеник кој им помагал на севернокорејци да избегаат. Тој и другите што оперираат на границата зборуваа под услов на делумна или целосна анонимност, наведувајќи го стравот за нивната безбедност и желбата да ги заштитат своите мрежи.

Минатата година само 67 луѓе побегнале во Јужна Кореја, во споредба со 1.047 во 2019 година, покажуваат официјалните податоци. Бројот се намали и пред пандемијата поради зајакнатите контроли во Кина, претпочитаната дестинација на дезертерите.

Севернокорејската влада и државните медиуми не соопштуваат ништо во врска со изградбата на границата, а амбасадата во Лондон не одговори на повиците на Ројтерс. Но, официјалните тела на таа земја зборуваа за зголемена безбедност со цел во земјата да не се прошират коронавирусот и други „надворешни работи“.

Во својот говор, кога ја прогласи победата против вирусот, Ким Џонг-ун им нареди на официјалните лица да „обезбедат совршенство“ на повеќекратна блокада на „границата, линијата на фронтот, крајбрежните области, на море и во воздух“.

Дополнителното затворање на границите ќе имаат долготрајно влијание, вклучително и на растечката трговска класа во градовите каде што неформалната трговија претходно даваше можности за многу луѓе, изјави Бенџамин Кацеф Силберштајн, експерт за севернокорејската економија во американскиот Стимсон Центар.

Г. Т.

граница жици ѕидови Северна Кореја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.