Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за нов претседател на СНС

0
By Gabi Tocko on May 27, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 27, 2023 14:39

Лидерот на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за нов претседател на таа партија. Вучевиќ е правник и политичар, а во моментов е министер за одбрана на Србија, потпретседател на Владата и потпретседател на СНС, објавија српските медиуми.

Вучиќ на Собранието на СНС што денеска се одржува во Крагуевац изјави дека на следна точка од дневниот ред и формално ќе го предложи Вучевиќ за претседател на партијата.

Предлагам да го избереме Милош Вучевиќ за претседател на СНС, а тој, се разбира, ќе се консултира со сите нас за да донесе одлуки за идното раководство и претседателството, истакна Вучиќ обраќајќи им се на присутните делегати.

Српскиот претседател нагласи дека никогаш нема да ја напушти СНС, но дека е време да се повлече од нејзиното раководство.

Премногу ја сакам оваа партија. Оваа партија, заедно со моите деца, е мојот живот. Нема да ја напуштам оваа партија додека сум жив, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека смета оти е потребен „малку поинаков пристап“, обединување на поголем број сили на оние кои сакаат да се изборат за победа на родољубива и успешна Србија, мислејќи на формирањето на Народно движење за државата, чие основање го најави претходно.

Г. Т.

Вучиќ Милош Вучевиќ нов лидер предлог СНС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

ВЕСТИ June 19, 2026

Преговорите меѓу САД и Иран за спроведување на клучниот мировен договор, што требаше да се…

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.