Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Премиерот Димитар Ковачевски, во телефонски разговор со италијанската колешка Џорџија Мелони, разговараше за повеќе актулени прашања за нашата држава и за регионот.
Во Илиноис, во изминатите 70 години, 451 католички свештеник сексуално злоставувале речиси 2.000 деца, покажуваат резултатите од истрагата на државниот јавен обвинител на таа американска сојузна држава. Тој број е четири пати поголем од бројот што црквата го објави во 2018 година, пред почетокот на истрагата, пишува Асошиејтед прес.
ЕУ и САД ќе работат заедно на воспоставување минимални стандарди за вештачка интелигенција пред да се воспостави европското законодавство во таа сфера. Извршната потпретседателка на Европската комисија, Маргрет Вестагер денеска најави дека процесот на усогласување на европскиот закон за вештачка интелигенција може да потрае до крајот на годината, објави Ројтерс.
Целото искуство што сме го собрале како држава го искористивме за да креираме подобар модел за побрза реализација на проектите. Целта е да работиме со основни проекти, кои практично ќе се проектираат и работат во реално време. Да може проектантот да испроектира и од наредниот ден изведувачот да излезе на терен, за да имаме ефикасност, рече министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во „Топ тема“ на Телма.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, чија партија Нова демократија победи на вчерашните парламентарни избори, денеска изјави дека нема да формира коалициска влада и се надева дека ќе има нови избори на 25 јуни.
Шефот на германската разузнавачка агенција BfV, Томас Халденванг, денеска предупреди за пораст на екстремизмот поттикнат од авторитарни држави како што е Русија, за кои тврди дека сакаат да го поделат германското општество и да ја соборат избраната влада.
Партијата Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис освои убедлива победа на денешните парламентарни избори во Грција со 40,83 отсто гласови и 145 пратенички места, а по неа е левичарската партија СИРИЗА, предводена од Алексис Ципрас со освоени 20,07 отсто од гласовите и 72 пратенички места, објавија западните медиуми.
Партијата Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис води на парламентарните избори во Грција со голема разлика, а по неа е левичарската партија СИРИЗА, предводена од Алексис Ципрас, објавија западните медиуми.
Власта во Албанија го заострува односот кон насилниците во семејството и оние кои вршат кривични дела врз малолетници, објавија албанските медиуми.
Излезните анкети на парламентарните избори во Грција покажуваат дека конзервативната партија Нова демократија на премиерот Кирјакос Мицотакис е во водство, но веројатно нема да освои доволно места во Парламентот за целосно да формира влада, објави грчкиот весник Катимерини.
Најдолг стаж како државник меѓу актуелните европски шефови на држави и влади има претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, кој оваа функција континуирано ја извршува од јули 1994 година. Лукашенко својот прв претседателски мандат го започна со победа во вториот круг, а оттогаш уште петпати убедливо победува на претседателските избори, секој пат во првиот круг.
Бидејќи денот на изборите во Грција конечно пристигна по многу долг период на кампања, вреди да се направи објективен осврт на фактите, како и на целите и очекувањата на тројцата главни протагонисти, а притоа да се погледне што се случува во однос на помалите партии во идеолошкиот спектар, пишува Катимерини.