Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи присуствуваше на настанот на кој заедно со амбасадорот на Европската Унија во земјава, Дејвид Гир, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, во Офицерскиот дом во Битола, во рамките на активностите на Денот на Европа 2023, официјално ја отворија Европска куќа (Europe House), во еден од најзначајните културно-историски објекти во градот кој е реставриран преку проектот за локална и регионална конкурентност (ЛРПЦ).
Двочасовната церемонија на крунисување на новиот британски крал Чарлс Трети заврши нешто по 13 часот по локално време, а поворката ја напушти Вестминстерската палата и се упати назад кон Бакингемската палата, објави Си Ен Ен.
На чекор до исполнување е повеќегодишното барање на граѓаните за контрола и ограничување на казнената камата од долгови. За реализација на ваквата идеја неодамна повика и Народниот правобранител, кој укажа дека извршителите не треба повеќе да наплаќаат казнени камати неограничено. Односно кога казнената камата ќе ја достигне висината на главниот долг таа да престане да се зголемува. Голем број граѓани кои се должници со години не можат да си ги подмират долговите, бидејќи каматата постојано расте, а извршителите им наплаќаа неколкукратно повисоки суми.
Рускиот суд и одреди притвор на наградуваната режисерка Евгенија Беркович, обвинета за заговарање тероризам во една од нејзините театарски претстави, а одлуката доаѓа во момент на задушување на слободата на говор во Русија од почетокот на инвазијата на Украина, пишува Ројтерс.
Се гордеам што како држава, како народ, успеавме да добиеме шанса и статусот на македонскиот стандарден јазик да го втемелиме во европското законодавство. Да биде признат и почитуван од нашите меѓународни пријатели, дипломати, државници, да биде рамноправен со сите други јазици кои се зборуваат во Европската Унија, истакна премиерот Димитар Ковачевски во обраќање на приемот по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, што се одржа во рамки на неговата посета на САД.
Велика Британија овој викендов прославува историски настан, крунисувањето на Чарлс Трети со верска церемонија стара 1.000 години и дводневна прослава во земјата со концерт во замокот Виндзор, објави Би Би Си.
Во тек е голема акција на МВР за разбивање криминална група во Скопје, при што е запленето поголемо количество марихуана.
Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска на почетокот на средбата во Брисел ја прифатија изјавата за исчезнатите лица како дел од дијалогот за нормализација на односите.
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Прага апелираше да продолжи секојдневната материјална помош за Украина, на која, како што рече, членките на ЕУ досега и помогнале со вкупно 68 милијарди евра.
Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ), Жозеп Борел, денеска, по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, ги осуди заканите и насилството врз новинарите.
Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана редовно ги анализира актуелните настани на Блискиот Исток, на Балканот и во светот. ИФИМЕС подготви анализа за актуелната политичка ситуација во Северна Македонија во пресрет на најголемиот безбедносно-разузнавачки напад врз таа земја. Од опсежната анализа „Северна Македонија 2023: Во пресрет на најголемиот безбедносно-разузнавачки напад“, ги издвојуваме најважните и најинтересните делови.
Властите на Јужноафриканската Република воделе преговори со Москва да изнајдат начини рускиот претседател Владимир Путин да учествува онлајн на самитот на БРИКС што ова лето ќе се одржи во Преторија, објавија странските медиуми. Причина е налогот за апсење на Путин издаден од Меѓународниот кривичен суд по обвиненија за воени злосторства во Украина.