Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова рунда преговори меѓу Вучиќ и Курти, усвоена Декларацијата за исчезнатите лица

0
By Gabi Tocko on May 2, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 2, 2023 20:54

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска на почетокот на средбата во Брисел ја прифатија изјавата за исчезнатите лица како дел од дијалогот за нормализација на односите.

Заеднички се обврзуваме тесно да соработуваме заедно на идентификување на гробните места и да ги следиме ископувањата, со цел да обезбедиме целосен пристап до веродостојни и точни информации што ќе помогнат во лоцирање и идентификување на преостанатите исчезнати лица во временската рамка од 1 јануари 1998 година до 31 декември 2000 година, се вели во декларацијата објавена од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Двете страни го препознаваат прашањето за исчезнатите како хуманитарно прашање и се согласуваат за потребата од дополнителни напори за олеснување на ситуацијата nа погодените семејства и пошироките заедници, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Од 6.056 лица кои исчезнаа на Косово во периодот од 1 јануари 1998 до 31 декември 2000 година, 1.621 случај сè уште остануваат нерешени, а овие лица сè уште се водат како исчезнати. Декларацијата веќе беше усогласена претходно, а сега е само формално прифатена.

Вучиќ и Курти денеска започнаа нова рунда разговори во рамки на дијалогот за нормализација на односите што се води под покровителство на ЕУ. Многу потешка тема што се наоѓа на дневен ред е прашањето за формирање Заедница на општини со српско мнозинство на северот на Косово. Првиот нацрт статут на ЗСО ќе им биде претставен на двете страни, по што ќе следи дискусија.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, на 27 февруари по средбата меѓу Вучиќ и Курти во Брисел соопшти дека двете страни го прифатиле договорот за патот кон нормализација на односите. Следеше нова средба на 18 март во Охрид, каде според Борел е прифатен анексот на тој договор кој го претставува планот за имплементација на основниот договор. Но, ниту договорот, ниту анексот не се потпишани и двете страни различно го толкуваат.

Српската страна дава приоритет на формирање на ЗСО со српско мнозинство на северот на Косово, што е предвидено со договорот постигнат уште во 2013 година, додека Косово се обидува да ја спречи таа заедница да има извршни овластувања, нагласувајќи дека тие не сакаат на своја територија нешто како Република Српска во Босна и Херцеговина.

Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак овојпат немаа одвоени средби со секој од лидерите, што беше обичај претходно, туку веднаш започнаа со трилатерална средба. Во зградата каде што се водат преговорите е и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар кој се сретна со косовскиот премиер Абин Курти пред средбата меѓу двајцата лидери.

Г. Т.

Борел Брисел Вучиќ Декларација за исчезнатите лица ЗСО курти ЛАЈЧАК средба усвоена
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.