Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Русија продолжува да ја дискредитира православната црква на Украина. Две видеа кружат во медиумите на Кремљ, каналите Z-telegram и на TikTok. На едното видео монасите потпевнуваат и гласно викаат и тропаат по црковниот олтар, а на другото свештеници трчаат околу црквата и расфрлаат цвеќиња.
Инвазијата на Украина во голема мера го расипа имиџот на руското раководство во светот. Минатата година, мнозинството жители на светот го осудија Владимир Путин – првпат во последните 15 години во кои „Галуп“ спроведува анкети за ставовите кон светските лидери. Дополнително, негативните оценки преовладуваат не само на Западот, кој отворено ја критикува агресијата, туку и во земјите на Заедницата на независни држави (ЗНД) и оние земји чии лидери се обидуваат да заземат неутрална позиција во однос на конфликтот во Украина.
Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. На разговорот присуствуваше и заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, соопшти владината прес-служба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го осуди уништувањето на Украина во руската инвазија, нарекувајќи го кршење на меѓународното право, на седницата на Советот за безбедност со која претседаваше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Украинската амбасадорка, Лариса Дир, со алармантни бројки и остар коментар за разурнувањата и злосторствата на руските агресори во Украина, потсети дека земјата агресор истовремено се наоѓа на највисоки позиции или членува во меѓународните институции и организации, како што се ОН, ОБСЕ и други.
Војната во Украина уште повеќе нагласува колку е битно нашите пријатели од Западен Балкан да ги поддржиме на нивниот пат кон европската иднина. За Австрија и понатаму останува главен приоритет проширувањето со земјите од Западен Балкан во безбедносната и одбранбената политика. Од австриска страна е посакувано Северна Македонија да ги продолжи и да се реализираат пристапните преговори со ЕУ и тоа преку конкретни чекори кои ќе значат голем напредок.
Кога Србија и Албанија седнаа на иста маса во октомври 2019 година, никој не веруваше дека овие две земји ќе си подадат пријателска рака и ќе воспостават заедничка регионална иницијатива „Отворен Балкан“ со Северна Македонија, оценува колумнистот Жељко Шајн.
Премиерот Димитар Ковачевски вечерва е домаќин на Ифтарска вечер, на којашто присуствуваат поглаварот на Исламската верска заедница, Реис ул Улема хаџи хфз. Шаќир ефенди Фетаи, министри и членови во Владата на Република Северна Македонија, претседателот на Собранието, Талат Џафери, пратеници, претседатели на политички партии, уредници и други гости.
САД се решени да го заштитат територијалниот интегритет на БиХ и нема да стојат со скрстени раце доколку лидерот на босанските Срби Милорад Додик се обиде да го загрози, е пораката што ја испратија од американската амбасада во Сараево откако претседателот на Република Српска повторно денеска се закани со отцепување на овој ентитет, пишува Индекс.хр.
Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со вицепремиерот Артан Груби, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, денеска се сретнаа со делегација предводена од Специјалниот претставник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин и амбасадорката на САД во Северна Македонија Анџела П. Агелер.
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска се сретна со специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин со кого разговараше за штетното влијание на дезинформациите особено имајќи ја предвид безбедносната состојба во регионот и руската агресија врз Украина, како и за начините како Министерството за одбрана ги развива своите капацитети за справување со дезинформации.
Жените кои не носат хиџаб нема да можат да влезат во метрото во Техеран, објави денеска иранската државна телевизија.