Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета на „Галуп“: Негативната перцепција за Путин во Македонија е 61 отсто

0
By Gabi Tocko on April 25, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Foto: Wikimedia Commons
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 25, 2023 19:48

Инвазијата на Украина во голема мера го расипа имиџот на руското раководство во светот. Минатата година, мнозинството жители на светот го осудија Владимир Путин – првпат во последните 15 години во кои „Галуп“ спроведува анкети за ставовите кон светските лидери. Дополнително, негативните оценки преовладуваат не само на Западот, кој отворено ја критикува агресијата, туку и во земјите на Заедницата на независни држави (ЗНД) и оние земји чии лидери се обидуваат да заземат неутрална позиција во однос на конфликтот во Украина.

Помеѓу 137 земји кои „Галуп“ ги истражуваше во 2022 година, а чии резултати ги објави денеска, 57 отсто го изразија своето неодобрување на раководството на Русија. Една година претходно тој процент беше 38. Вкупно, во 81 земја, повеќе од 50% од испитаниците се изразиле негативно за Путин.

Нивото на поддршка падна од 33% во 2021 година на 21%. Ова е најниска бројка за целиот период на истражување од 2007 година. Во 2014 година, кога Русија го анектираше Крим, таа изнесуваше 22%, но потоа постепено се зголеми на максимални 34% во 2020 година.

Според ова глобално истражување на „Галуп“, 61 отсто од граѓаните на Македонија имаат негативна перцепција за Владимир Путин и руското раководство. Тоа може да изгледа и неочекувано, затоа што во македонската јавност подолго време се тврди дека симпатиите за Путин и руската инвазија на Украина се големи. Недовербата кон руското лидерство и Путин во Македонија од 2021 до 2022 година се зголемила за огромни 31 процентни поени.

Од соседите, најмала негативна перцепција за Путин има во Србија – 24 отсто и во Бугарија 43 отсто. Под половината од скалата е уште Црна Гора, со 49 проценти негативен однос. Во Босна и Херцеговина е 68, во Албанија – 80, во Хрватска 82, во Словенија 88, а во Грција 69 отсто. Во Унгарија таа бројка е помала – 60 проценти од населението гледаат негативно на Путин, без оглед на тоа што тамошната влада сака да ги одржи добри односите со Москва.

Најголема недоверба во Путин има во скандинавските земји и Полска – над 90 отсто, како и во САД, Британија и Канда. Во Германија таа изнесува 88 отсто.

Руската пропаганда, обидувајќи се да ги оправда постапките на Кремљ и во земјата и во странство, активно го користи клишето „не е сè така едноставно“. Друг пример за тоа беше вчерашниот говор на министерот за надворешни работи Сергеј Лавров во Советот за безбедност на ОН, каде Русија претседава овој месец. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, недвосмислено ја осуди инвазијата на Украина како кршење на меѓународното право и повелбата на ОН, „што доведе до страдање на [украинскиот] народ и уништување на земјата“. После тоа, Лавров, кој седеше до него, ја започна традиционалната приказна за „нацистичкиот“ режим во Киев, „пучистите“ поддржани од Западот и ги обвини САД и нивните сојузници за „напуштање на дипломатските методи“ за решавање на конфликтите.

Но, обичните граѓани во светот, според „Галуп“, ја сфатија војната недвосмислено. Ако во 2007 година 35 отсто од испитаниците изјавиле дека немаат доволно информации за да го проценат руското раководство, тогаш во 2022 година имало само 18 отсто – барем за време на анкетите. А зголемување на неодобрувањето од најмалку 10 процентни поени е забележано во 84 земји.

Во Латинска Америка, скокот беше дури 30 процентни поени – од 31% на 61% (ова е најзначајно зголемување меѓу испитаните региони), додека уделот на оние кои одобруваат падна од 37% на 16%. И покрај тоа што лидерите на земјите од регионот претежно заземаат неутрална позиција. Односот кон раководството на Русија се влоши дури и во Казахстан: таму процентот на оние кои не одобруваат порасна од 20% на 50%, а оние кои одобруваат падна од 55% на 29%.

Единствениот регион каде што бројот на поддржувачи на Путин и неговите постапки остана поголем од бројот на оние кои не го поддржуваат е субсахарска Африка. Тие се во голема мера зависни од снабдувањето со храна од Русија и Украина, а Москва се обидува да ја претстави западната помош за Киев како главна причина за кризата со храна.

Извор: Независен

анкета Галуп Македонија недоверба раст Русија Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.