Author: Gabi Tocko

Дел од предизвикот за креирање на дигиталниот асистент АДА беше личен, затоа што како претседавач на советот за старт ап екосистемот беше како да им помогнеме на нашите домашни компании навистина да покажат тоа што го знаат. И резултатот е да, АДА е креирана од домашна старт ап компанија, Кодвел, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на презентацијата на дигиталниот асистент АДА.

Read More

Фондот за иновации и технолошки развој, преку своите финансиски инструменти, кофинансира 1.080 проекти, со заеднички инвестиции од околу 112 милиони евра. Од нив, над 50 отсто се старт-ап компании, основани главно од млади луѓе, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

Read More

Триесет и едно дете се вратени во Украина откако илегално беа однесени во Русија од територијата контролирана од Москва, објави денеска на социјалните мрежи невладината организација „Спасете ја Украина“ (Save Ukraine).

Read More

Десетици девојчиња се отруени денеска во неколку училишта низ Иран, јавија локалните медиуми. Од крајот на ноември минатата година, голем број училишта, главно за девојчиња, се погодени од ненадејни труења со гас или отровни материи. Децата почувствувале слабост, се онесвестиле, а некои завршиле в болница.

Read More

Специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин, следнава недела ќе ги посети Црна Гора, Северна Македонија и Албанија, каде ќе разговара за борбата против руските дезинформации, како и за дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Read More

Во нов обид за сузбивање на зголемениот број жени кои не го почитуваат задолжителниот кодекс на облекување, иранските власти поставуваат камери на јавни места и патишта за да ги идентификуваат и казнуваат жените кои не носат хиџаб, соопшти денеска локалната полиција.

Read More

Има денови кои додека сте живи се паметат, се разбира, ако не ве нападне Алцхајмер. Еден од тие денови кој во мојата таковина е проколнат и избришан од колективното памтење е денот кога престанавме да бидеме ничија земја, кога станавме призната држава. Наместо голем празник и сенародна радост 8 април 1993 година стана снеубавен, омрзнат ден на нашите вечни предавства, омрази и делби.

Read More

Поранешниот претседател на САД и фаворит за републикански кандидат за претседателските избори во 2024 година, ќе се појави денеска пред судот во Њујорк каде што ќе биде запознат со обвинението. Процедурата би требало да биде брза и рутинска, при што ќе му бидат земени отпечатоци од прсти, ќе се фотографира за архивска евиденција и ќе се изјасни дали е виновен, што за САД претставува историски момент, објави Си Ен Ен.

Read More