Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи: Дигиталниот асистент АДА е порака дека младите може и во нивната татковина да се покажат

0
By Gabi Tocko on April 10, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 10, 2023 20:57

Дел од предизвикот за креирање на дигиталниот асистент АДА беше личен, затоа што како претседавач на советот за старт ап екосистемот беше како да им помогнеме на нашите домашни компании навистина да покажат тоа што го знаат. И резултатот е да, АДА е креирана од домашна старт ап компанија, Кодвел, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на презентацијата на дигиталниот асистент АДА.

За вицепремиерот ова е потврда дека нашите млади можат и знаат, и дека ова е порака дека сме тука и во нивната татковина имаат шанса да се покажат.

АДА во суштина е материјализирање на сето што го зборуваме и што велиме дека ни е промената која што ни е потребна. Затоа што постојано зборуваме за дигитализација, транспарентност, ефективност и ефикасност во јавниот сектор, и, еве го продуктот кој што треба да не однесе до таму. Во едноставна алатка достапна за сите. АДА за разлика од озборувањата дека јавниот сектор не е ефикасен, ќе биде достапна 24/7. Ќе може да опслужува неограничен број на корисници истовремено, во исто време, без чекање и непотребно префрлување од институција во институција и секаде ќе добиваат исти информации што е клучно за да се отстрани просторот за манипулација со истите информации, истакна Битиќи.

Вицепремиерот нагласи дека преку дигиталниот асистент, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори ќе можат да се запознаат со достапните програми и отворени повици на институциите кои се јавуваат како даватели на државна помош, и гарантира голема транспарентност, ефикасно и ефективно добивање на податоци за бизнисот во реално време 24/7 на три јазици, македонски, албански и на англиски.

АДА апликација битиќи дигитален асистент домашна компанија Кодвел јавен сектор млади транспарентност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.