Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Деновиве на социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа, за кои се тврди дека се направени во Русија и на кои се прикажани руски граѓани, кои во услови на зголемена инфлација и зголемени увозни трошоци, чекаат во огромни редици на студот „борејќи се“ да дојдат до основниот производ за домаќинството: табла јајца.
На денешен ден во 1948 година беше потпишана Универзалната декларација за човекови права со која првпат во историјата на човештвото се признава неотуѓивото право на сите луѓе на живот, слобода и безбедност, без разлика на раса, боја, вера, пол, јазик. , политичко или друго убедување, национално или социјално потекло, имотен или кој било друг статус.
Оваа недела во Франција беа приведени 80 мажи осомничени за педофилија, меѓу кои и еден пратеник и двајца учители, во голема полициска акција која покажа дека има педофили во сите општествени слоеви.
По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат, информираат вечерва од МВР. Од МВР, посочуваат дека во врска со двата случаи осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.…
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување 48-часовен притвор за тројца од петмината приведени во текот на вчерашниот ден поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, со цел да биде обезбедено нивното присуство до целосно расчистување на настанот.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска повторно повика на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, наведувајќи дека информациите за непријателствата и тешките бомбардирања во Газа се застрашувачки.
Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА Пред некој ден, на пат кон Кочани, колешката Дијана ме потсети на еден настан на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост во 2019 година.
Средновековната кула во италијанскиот град Болоња, која, како и нејзиниот познат пандан во Пиза, е навалена, затворена е за посетители поради опасност од уривање, објави денеска Би-Би-Си. Властите почнаа да градат ограда висока пет метри околу кулата Гарисенда од 12. век за да ги задржи остатоците во случај на уривање. Кулата висока 47 метри се наведнува под агол од четири степени, а мониторингот откри поместувања во насоката на навалувањето.
Оваа анализа открива далеку поголеми проблеми на Бугарија, но и нашата земја и регионот. Се работи за дејствувањето на Румен Радев, претседател на државата и голем застапник на руските интереси, особено во енергетиката, на сметка на сопствената држава и регионот. Зеленски го нарече Румен Радев – Петен за својата земја, гледајќи го низ визирот на отворен проруски сојузник од редовите на НАТО и ЕУ. Дел од политичарите од владејачката коалиција го сметаат за отворен кочничар на земјата кој деновиве се заканува со ставање на вето на донесување на буџетот на земјата за 2024 година. Многу работи од таа ситуација се…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на посетата на реконструираните објекти на СВР Куманово, беше запрашан за напредокот на случајот со исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска.
Нуклеарната централа Запорижја, која е под руска окупација, синоќа накратко била „на работ на нуклеарна несреќа“ поради привремен прекин на снабдувањето со електрична енергија, соопшти украинскиот оператор Енергоатом.
Извадок од студијата насловено „Геополитички, наместо технократски пристап кон проширувањето на ЕУ: Решавање на последиците од укинатото бугарско вето“. Резултат од проектот „Сојузи за ЕУ“ Проф. д-р КАТЕРИНА КОЛОЗОВА Европската геополитика е поим што се протега пошироко од конвенционалната употреба на терминот, пошироко од меѓународните односи и безбедносната политика. Планетарната „конкурентска предност“ на која фон дер Лајен толку често се повикува, очигледно се однесува на технолошкиот напредок, но сепак се претпоставува дека второто е категорија од геополитичка природа. Ако размерот е планетарен, тоа ја истакнува важноста на територијалната консолидација и контрола. Оттука, континентот мора да стане компактен, не само на…