Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кривата кула во Болоња затворена поради опасност од уривање, ситуацијата е сериозна

0
By Gabi Tocko on December 2, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 2, 2023 20:10

Средновековната кула во италијанскиот град Болоња, која, како и нејзиниот познат пандан во Пиза, е навалена, затворена е за посетители поради опасност од уривање, објави денеска Би-Би-Си. Властите почнаа да градат ограда висока пет метри околу кулата Гарисенда од 12. век за да ги задржи остатоците во случај на уривање. Кулата висока 47 метри се наведнува под агол од четири степени, а мониторингот откри поместувања во насоката на навалувањето.

Градската управа соопшти дека ситуацијата е „многу загрижувачка“. Кулата Гарисенда е една од двете кули кои доминираат напанорамата на Болоња. Другата, кулата Асинели, е речиси двојно повисока и исто така се наведнува, иако не во иста мера, и е главно отворена за посетителите да се искачуваат.

Зградите биле изградени во период меѓу 1109 и 1119 година, а кулата Гарисенда била скратена во 14. век бидејќи веќе почнала да се навалува. Таа се споменува во поемата на Данте „Боженствената комедија“, завршена во 1321 година. Гарисенда веќе беше затворена во октомври откако сензорите открија промени во навалувањето на кулата, а инспекцијата утврди пропаѓање на материјалите во темелите.

Властите во Болоња започнаа т.н план за цивилна заштита за зачувување на кулата и нагласија дека овие работи „ја претставуваат првата фаза од обезбедувањето на кулата“. Тие додадоа дека оградата, освен што ќе ги задржи остатоците, ќе ги заштити и околните згради и луѓето во случај на уривање. Најавија и поставување метална мрежа против паѓање камења под кулата.

Изградбата на оградата ќе заврши на почетокот на следната година и се очекува кулата и околниот плоштад да останат затворени неколку години додека не се изврши реновирањето. Властите проценуваат дека оградата ќе чини 4,3 милиони евра и започнаа онлајн кампања за финансирање на реновирањето.

Тие го опишаа проектот како огромен предизвик кој ќе бара „посветеност на целиот град и оние ширум светот кои ја сакаат Болоња и еден од нејзините најважни симболи“.

Г. Т.

Болоња изградба кула навалување ограда опасност уривање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.