Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Винарството и лозарството се исто така сектори со висок приоритет за нас. За лозарите се подготвува нов модел на субвенционирање чии предлози се од 100 процентна корист за секој лозар за да се сочува бројот на лозови насади и да се подобри квалитетот. Ние сме мала земја која минатата година беше на 15-тото место во светот по девизен прилив од извоз на вино. Тој прилив од година во година е сè поголем, изјави заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на трибината „Македонското земјоделство на европскиот пат“ во Струмица.
Република Северна Македонија е договорна страна со Европската енергетска заедница и во овој период го усвои Патоказот за праведна енергетска транзиција и донесе одлука за формирање на Совет за праведна енергетска транзиција“, рече во своето излагање Размена Цекиќ Дуровиќ, државен секретар во Министерството за економија на панел на тема „Енергетска демократија во нашите градови и заедници“ во рамките на Третиот форум за социо-еколошка трансформација што се одржува во Скопје. Во рамки на излагањата учесниците разговараа за можностите, но и предизвиците кои се последица на преминувањето од конвенционален енергетски систем кон систем на чиста енергија.
Русија се обидува да повлече делови од одбранбените системи што ги извезуваше во земји како Пакистан, Египет, Белорусија и Бразил, додека се обидува да ги надополни огромните залихи на оружје што се трошат за војната во Украина, пишува Вол Стрит Журнал (WSJ).
Пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ Го читам извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на евро патот и прв заклучок што ми се наметна е дека ама ептен се извештивме во толкувањето на евро извештаите. Можат тие да констатираат и наведуваат што сакаат, а ние ќе климаме со главата и ќе си тераме по старо.
Претседателите на двата дома на францускиот парламент денеска повикаа на „голем марш“ против антисемитизмот в недела во Париз, во екот на зголемени антиеврејски дејствувања од почетокот на војната меѓу Израел и палестинското движење Хамас во Појасот Газа.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант потврди дека силите на ИДФ се наоѓаат во срцето на градот Газа, објави Скај њуз.
Дроновите се дел од најновата технолологија која што може да се користи и за војување и за заштита и гарантирање на одбраната на една држава. Во Министерството за одбрана беше презентирана анализата од страна на Генералштабот на армијата и се работи на прецизирање какви дронови, во каков обем треба да бидат набавени и како ќе се инкорпорираат во сегашниот систем на одбрана, во координација со останатите институции во државата и ќе се обидеме да имаат поширока употреба и за цивилни цели, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во Дневникот на Сител ТВ.
Историската реминисценција е битна, вели проф. д-р Љубомир Данаилов Фрчкоски, во ексклузивно мега интервју за медиумската платформа на ЦИВИЛ.
Илјадници Израелци протестираат пред официјалната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во централниот дел на Ерусалим, повикувајќи го израелскиот лидер да поднесе оставка по смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври што ја поттикна најновата војна меѓу Израел и Хамас.
„Додека Вучиќ сака да остави впечаток на балансирање меѓу Западот и Русија, Вулин се смета за отворен симпатизер на Кремљ“, оценува германската агенција ДПА по оставката на Вулин од функцијата шеф на БИА.
Според хуманитарните организации, во четирите недели од почетокот на војната меѓу Израел и Газа, 421 камион пристигнале во изолираното крајбрежно подрачје со итна потребна помош, соопштија хуманитарни организации.
„Можеме да бараме забелешки на се и сешто, на било кој процес, да најдеме одредена маана, и да си бараме причина да гласаме или да блокираме и опструираме. Но, кога се работи за интересот на граѓаните, кога се работи за нешто коешто ќе не движи напред, нешто што ќе го подобри животниот стандард во државата, сметам дека треба да се тргне настрана и политиканството и ситни политички поени коишто опозицијата се обидува да ги направи без притоа да има еден суштински аргумент“, истакна пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски на „24 Анализа“ на ТВ24.