Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протести во Ерусалим, се бара оставка од Нетанјаху

0
By Gabi Tocko on November 4, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, November 4, 2023 20:30

Илјадници Израелци протестираат пред официјалната резиденција на премиерот Бенјамин Нетанјаху во централниот дел на Ерусалим, повикувајќи го израелскиот лидер да поднесе оставка по смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври што ја поттикна најновата војна меѓу Израел и Хамас.

Нетанјаху досега одбиваше да ја преземе одговорноста за нападот на 7 октомври, кога неколку илјади милитанти на Хамас упаднаа во Израел и убија над 1.400 луѓе, а зедоа околу 240 заложници назад во Газа. Тој вели дека функционерите, вклучително и тој, ќе мора да и дадат одговори на јавноста, но дури по војната.

Израел изврши неколкунеделни воздушни напади и започна копнена офанзива во Газа, при што палестинските здравствени власти соопштија дека во борбите загинале над 9.000 луѓе.

За време на вечерашните протести, демонстрантите го повикаа Нетанјаху да се повлече и повикаа на враќање на заложниците. Тие, исто така, одадоа едноминутно молчење за жртвите од нападот и оние кои се наоѓаат во заробеништво.

„Каде бевте во Кфар Аза“, извикуваа демонстрантите, мислејќи на една од израелските погранични заедници нападната од Хамас.

„Дојдов овде за да ја спасам земјата“, изјави Нава Хефец, рабин и активист за човекови права, кој присуствуваше на протестот.

Г. Т.

Ерусалим Нетанјаху оставка протести
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 21, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

ВЕСТИ May 21, 2026

Европската Унија ја отвора вратата за проширувањето и оваа шанса не смее да биде пропуштена,…

Нов нон-пејпер, пет земји членки на ЕУ предлагаат „меѓучекори“ кон членство на Западен Балкан во унијата

May 21, 2026

Обвинителството чека клучни докази од МВР за наводното шпионирање во кабинетот на Давкова

May 20, 2026

Пекинг: По Трамп и Путин на два дена кај СИ

May 20, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.