Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Gabi Tocko
Во 2030 година ќе има нови членки на Европската Унија. Штета е Северна Македонија да не биде во тие нови членки, бидејќи долго сме се бореле и работеле на ова прашање. Ние работиме во 2030 кога ќе има нови членки да бидеме меѓу нив“, изјави вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во Дневникот на МТВ.
Високиот комесар за бегалци при ОН, Филипо Гранди во моментов се обраќа пред Советот за безбедност на ОН.
Оваа посета ја гледаме како еден позитивен сигнал и охрабрување, бидејќи турнејата на Западен Балкан Фон дер Лајен ја започнува токму од Скопје. На тој начин испраќа порака дека не само што Северна Македонија има европска перспектива туку и дека работи на неа. Тоа го разговаравме и на средбите синоќа меѓу претседателот Пендаровски и претседателката Фон дер Лајен, денеска со премиерот Ковачевски. Нејзиниот фокус на посетата е токму планот за раст иако беа спомнати повеќе други теми, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на „Топ тема“ на Телевизија Телма.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го започна својот говор нарекувајќи ги припадниците на Хамас „варвари“ кои сакаат „да уништат сè што цениме и да воведат свет на страв и темнина“, објави Скај њуз.
Во книгата „Спин диктатори“ (Архипелаг, 2022) од Сергеј Гуријев и Данијел Трајсман, која е моментално актуелна, се споменуваат имињата на политички лидери од Путин до Трамп, од Орбан до Ердоган, од Чавез до Рафаел Кореа, од Фуџимори до Болсонаро и Мануел Лопез, како и на српскиот претседател Александар Вучиќ, кој се споменува во предговорот на книгата, пишува Нова.рс.
Службата за царински песови се дел од мобилните тимови на Царинската управа и според царинарниците тие се драгоцени асистенти за поголема ефикасност во запленувањето и спречувањето на нелегална трговија. Еден од песовите во службата е Бен, кој е куче во униформа и со посебни овластувања.
Десет полицајци се повредени во судир со група затвореници при денешниот претрес во полуотвореното одделение во Казнено поправната установа Идризово. Како што соопшти МВР, при преземањето на службените дејствија, се собрала поголема група затвореници која пружила активен отпор, соопштуваат од МВР, но како што велат, по преземени мерки и активности затворениците биле совладани.
Малта денеска и утре е домаќин на нови преговори за Украина, што ќе се одржат зад затворени врати, на кои нема да присуствува Русија. Toа е трета таква сесија, на која ќе учествуваат претставници на повеќе од 55 земји. Состанокот следи по слични средби одржани летово во Џеда и во Копенхаген, објави Еуроактив.
Најмалку 21 рудар загинаа, а по 23 се трага по несреќа во рудник во центарот на Казахстан чиј сопственик е компанијата Арселор Митал (ArcelorMittal), соопшти денеска компанијата, светски гигант за производство и трговија со челик.
Владата на Република Северна Македонија во соработка со меѓународните организации и граѓанскиот сектор ги решава проблемите на ромската заедница кои се наталожија изминативе 30 години.
Министерот за надворешни работи на Израел, Ели Коен, денеска изјави дека нема да се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, откако шефот на ОН го критикуваше израелското бомбардирање на Газа.
Сара Џесика Паркер ќе биде извршен продуцент на „Front Row“, интересен документарен филм кој следи група талентирани украински балетани, објавија американските медиуми.