Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата во соработка со меѓународните организации и граѓанскиот сектор ги решава проблемите на ромската заедница

0
By Gabi Tocko on October 24, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 24, 2023 21:11

Владата на Република Северна Македонија во соработка со меѓународните организации и граѓанскиот сектор ги решава проблемите на ромската заедница кои се наталожија изминативе 30 години.

Стратегијата за Роми за период 2022-2030 година е основа за подготовка, планирање, буџетирање и имплементирање на проекти и активности на локално ниво, а во општина Прилеп во најголемата ромска населба Тризла првпат се направени неколку поголеми интервенции кои што се значајни резултати.

На одбележувањето на Меѓународниот ден на сиромаштијата во употреба беше пуштено обновеното спортско игралиште во ООУ „Добре Јованоски“, што е најблиското основно училиште до најголемата ромска населба Тризла. Во рамките на истиот проект направено е опремување на две училници за спроведување на образование на возрасни и има зголемен опфат на лица во активацијата на пазарот на труд.

Општина Прилеп, исто така, е една од трите пилот општини каде што се реализира регионалниот проект „Јакнење на националните и локалните системи за поддршка ефективна социо-економска интеграција на повратници во Западен Балкан“, во партнерство со локалните заедници и Министерството за труд и социјална политика, а поддржано од Делегацијата на Европската Унија.

Владата и граѓанскиот сектор, исто така, спроведоа и проект за бетонирање на улица Богомилска со крак Тризла и бетонирање на улица Богомилска со крак Гостиварска.

Во рамките на ИПА се спроведува и поголем проект насочен во подобрување на условите за живеење, легализацијата и реконструкција на домовите на социјално ранлива категорија на граѓани. Сепак, општината Прилеп се уште не решила голем број од барањата за легалзиација на ромската заедница од Тризла.

„Неискористувањето на оваа можност и средствата од проектот, ја разнишува довербата на ромската заедница према локална власт. Се проценува дека некаде околу половината од жителите од неселбата Тризла се уште немаат решение за легализација на нивните домови“ вели Елвис Мемети, Советник за инклузија на Роми во Канцеларијата на претседателот на Влада на Република Северна Македонија.

Влада граѓански сектор меѓународни организации Прилеп проблеми Решавање Роми
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.