Author: Gabi Tocko

„Со Јужна Кореја градиме нова економска историја. При посетите таму разговаравме дека по пандемијата на ковид, може да се направи доближување на вредносните ланци. Корејските компании се присутни во Европа, но нивното производство е во Далечниот исток, што се покажа како проблематично во Ковид“, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во „24 анализа“ на ТВ24.

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски објави на својот фејсбук-профил дека денеска во Тирана заедно со неговите колеги од Западен Балкан потпишале Договор за признавање на професионалните квалификации на медицинските сестри, ветеринарните хирурзи, акушерките и фармацевтите.

Read More

Грејната сезона во Скопје започнува утре и ќе трае до 15 април идната година, а цената за потрошената топлинска енергија засега останува иста. Нова одлука за цената ќе се носи откако ќе биде поставен цевководот на мостот Беласица.

Read More

Со чартер лет организиран и платен од страна на Владата на Република Северна Македонија, на релација Тел Авив – Скопје, успешно беа евакуирани сите државјани на Република Северна Македонија кои побарале помош да го напуштат Израел, и да се вратат во земјата.

Read More

Во рамки на официјалната посета на Северна Македонија, заменик министерот за надворешни работи на Украина, Јевген Перебијнис денеска лично му го врачи Орденот за заслуги од украинскиот претседател Володимир Зеленски на претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала.

Read More

Во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан, заменик министерот за надворешни работи на Украина, Јевген Перебијнис денеска престојуваше во работна посета на Република Северна Македонија, каде што одржа средби со вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и државниот секретар во МНР, Филип Тосевски.

Read More

„Ќе имаме најмалку десет нови работни позиции каде што ќе може граѓаните да ги менуваат личните документи во Скопје. Тоа ќе бидат пред се за луѓе кои нема да се пријавуваат и ќе можат директно да одат таму“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „360 степени“ на МТВ.

Read More

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш даде изјава во врска со конфликтот во Израел. Тој ги осуди нападите врз цивили и земање заложници и го повика Израел да дозволи хуманитарната помош да стигне до Газа.

Read More

На почетокот од последниот квартал на една од најтешките години за Европа во поновата историја, може да се констатира дека македонското претседавање со ОБСЕ ќе остане забележано како голем успех. Да се потсетиме, крајот од 2022 година, македонската кандидатура за претседавање со ОБСЕ едногласно ја прифатија сите 56 земји членки на една од најзначајните организации во светот. Според статутот на ОБСЕ, претседавач е министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој се наоѓа на чело и на бројните комплексни мисии и задачи што произлегуваат од овој статус на земјата.

Read More

Покажуваме на дело што значи патриотизам  и како се слави и вели ликот и делото на најзаслужните за нашиот убав македонски јазик и богато литературно творештво. За нив беше џуџе, ЏИНОТ ОД НЕБРЕГОВО, Блаже Конески. За нас е великан, исконска вредност и светост, истакна потпретседателката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање на трибината од серијалот трибини на СДСМ „Разултати што прават разлика“, на тема „Култура за сите, култура над сѐ“.

Read More