Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Во рамки на грчкото претседавање со Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА), од 2-10 ноември 2021 година, се одржаа пленарните Солунски состаноци на кои едногласно беше усвоена одлуката за прием на Република Северна Македонија, како 35-та полноправна членка на ИХРА. Како што соопшти МНР, делегацијата на Северна Македонија предводена од амбасадорот Јован Теговски, национален координатор за ИХРА, ја претстави апликацијата во која се посочени резултатите и активностите во областите на сеќавањето, образованието и истражувањето на холокаустот во нашата земја. Австрија и Грција како држави ментори во пристапниот процес упатија силна и недвосмислена поддршка на приемот на нашата земја во…
По средбата со премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, првиот човек на ДУИ, Али Ахмети оствари средба и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според ДУИ, се разговарало за Договорот од Преспа, спорот со Бугарија и новото уставно име на државата. Додека, пак, според ВМРО-ДПМНЕ, се разговарало за гласањето доверба на Владата. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска се сретна и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ за „Слободен печат“ ја потврдија средбата. Средбата била „информативна, за да се слушнат ставовите на господинот Мицкоски за Договорот од Преспа, новото име на државата и спорот…
Портпаролот на СДСМ и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на својот „Фејсбук“ профил напиша дека треба да го остават премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, да го прави најдоброто што тој го знае. – Моето политичко патешествие започна со Зоран Заев, пред 15 години, во огромен одлуките сме се согласувале. Еве доаѓаат моменти кога не можам да се согласам со него. Големите цели ги постигнавме, на многу едноставен начин без притисоци, без репресии, без уцени, од режим, вративме слобода, од регрес, воспоставивме прогрес…Време е кога треба да го оставиме Зоран Заев, да биде тоа што е, таков каков што…
Лидерот на ЛДП, Горан Милевски вели дека за уривање на Владата немало и нема да има нивни потписи. – Потписи на ЛДП нема на списокот, нема ни да ги има. Јас не можам да коменирам за се што се зборува, рече тој ТВ21. Ваквиот став на Милевски следи откако пратеникот од редовите на Алтернатива, Скендер Речепи, рече дека било договорено на иницијативата за доверба на Владата да се потпишат ЛДП, БЕСА, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива, а не и Левица. Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села рече ако Реџепи не сака да е на иста листа…
Оставката на премиерот Зоран Заев е избрзана и донесена во емотивен момент, сметаат многумина негови сопартијци, партнери од коалицијата, но и високи политичари од меѓународната заедница. Повеќето се на став дека на државата и претстојат значајни реформи, кои се изводливи единствено со стабилни институции. Сопартијците и коалициските партнери го повикуваат Заев да донесе мудра одлука со цел државата да не западне и во политичка криза, од која последици би трпело целото општество. Посочуваат меѓу другото дека е период кога државата се уште се справува со ковид пандемијата, како на здравствен, така и на економски план, додека дополнително се заканува и…
Фудбалската федерација на Финска не ја исклучи можноста да побара од УЕФА натпреварот од квалификациите за Мундијалот 2022 предвиден за оваа сабота во Зеница против БиХ да се игра на неутрален терен поради заканите за војна во таа балканска држава. – Ако биде загрозена сигурноста на екипата, УЕФА би требало натпреварот да го префрли на неутрален терен. Подготвен сум самоиницијативно, доколку има загрижувачки вести, да побарам од УЕФА да реагира, изјави првиот човек на финскиот фудбал Ари Лахти. Босанските медиуми објавија дека финската страна е сериозно загрижена поради заканите за оружен судир во БиХ на што предупреди и Високиот меѓународен…
Вечерва на својот „Фејсбук“ профил свој статус напиша Националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец. – Ќе издржи ли масата на која седнале анти-НАТО, анти-демократски, анти-ЕУ и анти-албански структури заедно со албански партии кои декларираат дека се за демократија, за НАТО и за ЕУ? Борба е, напиша Забрчанец.
Прашање за доверба на Владата можат да постават најмалку 20 пратеници, а гласањето за доверба на Владата се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба, се предвидува во Уставот на Република Северна Македонија. -Владата и секој нејзин член, за својата работа одговараат пред Собранието. Собранието може да изгласа недоверба на Владата. Прашање за доверба на Владата можат да постават најмалку 20 пратеници. Гласањето за доверба на Владата се врши по истекот на три дена од поставувањето на прашањето за доверба, се наведува во членот 92 од Уставот на РСМ. Одлуката за изгласување недоверба на Владата…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва по објавувањето на новото парламентарното мнозинство, изјави дека доколку премиерот Зоран Заев не ја поднесе најавената оставка тие ќе поднесат иницијатива за недоверба на Владата. -Мнозинство кое што ќе гарантира дека оваа влада предводена од СДСМ ќе е минато. Ја очекуваме оставката на Заев која ја најави доколку тоа не се случи ќе поднесеме недоверба на Владата. Очекуваме да ја поднесе оставката, рече Мицкоски. Тој очекува Заев да ја поднесе најавената оставака, а за сите детали јавноста ќе биде дополнително информирана. -Затоа и беше оваа средба денеска за да излеземе пред јавноста дека постои…
На 04.11.2021 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во координација со Одделот за криминалистичка полиција (ОКП) до ОЈО Скопје, поднесоа кривична пријава против М.М.(32) и В.С.(31). Против М.М. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Измама“, предвидено и казниво по член 247 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик, а против В.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“ предвидено и казниво по член 391 од Кривичниот законик. Имено, првопријавениот М.М. во текот на 2020 и 2021 година, со намера за себе да прибави противправна…
Државната изборна комисија денеска ја одржа 38-та седница на која одлучуваше по поднесените приговори од подносителите на листи и предлог дополна на заклучок за известување на конечни резултати во неколку општини. До Државната изборна комисија беа поднесени вкупно 15 приговори поднесени од ДУИ – пет, ТМРО – седум и Група избирачи Енвер Пајазити – три. ДИК ги разгледа приговорите, при што седумте приговори на ТМРО во Старо Нагоричане беа отфрлени, со образложение дека согласно Член 148 од Изборниот законик не се поднесени преку овластен претставник или лично до архивата на ДИК. Тие се поднесени до општинските изборни комисии, што е…
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, од редовите на БЕСА кој е дел од владината коалиција на својот „Фејсбук“ профил напиша: – Желино, во кое се роди една партија (како движењето БЕСА), може да биде и Желино кое растура една Влада, објави тој на социјалната мрежа. Инаку, ДУИ до Државната изборна комисија испрати два приговора за избирачки места во Желино. Во оваа општина разликата е 69 гласа во полза на кандидатот на БЕСА, Блјерим Сејди.