Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) е најтранспарентното министерство на Владата на Република Северна Македонија, со 82,24 отсто од постигнатите критериуми на истражувањето на транспарентноста на владите во регионот, кое беше презентирано денеска на Конференцијата одржана во Подгорица, по повод Светскиот ден за слободен пристап до информации од јавен карактер. Од МИОА информираат дека Истражувањето за транспарентност ги анализираше владите на Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Според истражувањето, Владата на Република Северна Македонија е најтранспарентна во регионот, па дури и се смета за пример за другите земји. – Владата на Северна Македонија постигна рекордни 83,43…
Јас не чув изненадувачки квалификации. Имаме ние корупција – имаме корупција, ама дали таа ќе ја поправиме со тоа што ќе одржиме говор за корупцијата или ќе ја поправиме со тоа што ќе кажеме што сме направиле или што ќе направиме, изјави вечерва за Сител министерката за одбрана Радмила Шекеринска во однос на вчерашните изјави на поранешниот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Зоран Заев. – Сум соработувала со повеќе претседатели на партии, со претседатели на влади и особено во владините тимови до некаде и партиските сум имала едно правило. Не раскажувам мислења тогаш кога е популарно тие да се кажат,…
Пожар избувна вечерва во првата галија што се наоѓа кај хотелот Холидеј Ин. По дојавата дека гори, набрзо интервенира противпожарна екипа, при што пожарот е локализиран и изгаснат. Командантот на противпожарната единица во Скопје, Владимир Симоновски за МИА информира дека пожарот е изгаснат, и во моментов се чека на ЕВН да ја прекине електрична енергија. На терен интервенираа две противпожарни возила и десет пожарникари.
Европската Унија, поради страв од можни политички реакции во земјите – членки, повеќе не може да се усогласи да гарантира за идно членство на шесте балкански земји во ЕУ, меѓу нив и Македонија, иако балканските земји добија ветувања за европска иднина. Ова го пишува „Ројтерс“, а за ова сценарио се повикува на четворица дипломати и еден документ. На претстојниот самит закажан за 6 октомври, Европската Унија планира во изјавата да наведе дека Унијата ја реафирмира својата „недвосмислена поддршка за европската перспектива за Западен Балкан“. Но, според дипломатските извори на „Ројтерс“, земјите членки и по две рунди разговори, сѐ уште не…
Препораките за забрзување на растот, фискална консолидација на среден рок, добро владеење и социјална кохезија, развој на човечкиот капитал, намалување на неформалната економија и др., а кои произлегоа од Конференцијата што Министерството за финансии ја организираше на почетокот на овој месец во рамки на Економскиот и финансиски форум (СЕФФ), денеска беа усвоени од Владата на редовна седница. Од Министерството за финансии информираат дека меѓу поважните пораки е онаа дека закрепнувањето треба да се поврзе со три други предизвици: дигиталната економија, зелената економија и инклузивниот просперитет. – Акцентот на среден рок треба да биде на: (1) инвестиции во човечки капитал кои…
Скопскиот Апелационен суд ја потврди пресудата на велешкиот суд во делот на вината на поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски за рачното делење на предмети, наместо преку АКМИС Системот во скопска „единица“. Сепак, Апелација на Панчевски му ја намали висината на казната. Наместо првично пресудените три и пол години, повисокиот суд на Панчевски му пресуди една година помалку, односно две и пол години затвор. – Обвинетиот Владимир Панчевски од Скопје, кој со првостепена пресуда е огласен за виновен за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ од чл.353 ст.2, в.в со ст.1 и чл.45 од Кривичниот законик,…
Искрено верувам дека е можно до крајот на годината да дојде до договор со Бугарија кој ќе се темели на европските вредности и со почитување на идентитетските прашања, користејќи го како основа предлогот на португалското претседателство, преземен и од актулениот претседавач Словенија, смета премиерот Зоран Заев. Тој на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен потсети дека земјава и досега покажа подготвеност и конструктивен придонес, но посочи дека идентитските прашања не можат да бидат предмет на преговори, а вели, има позитивни сигнали за тоа од Бугарија. – Во духот на европските добрососедки односи ќе ги…
Националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата на Северна Македонија Марјан Забрчанец, учествуваше на регионална конференција посветена на отвореноста на извршните институции во регионот, што денеска се одржа во Подгорица и преку видео врска. За негувањето на принципите на транспарентност и отчетност на извршната власт говореа и претставници на владини институции и невладини организации од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија. Во правец на застапеност на овие принципи во регионот Регионалната мрежа на НВО „Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа“ (ACTION SEE) , подготви проценка на состојбата на добро владеење на собранијата и извршните гранки…
Нашата цел е Северна Македонија и Албанија да започнат со пристапниот процес пред крајот на годината. ЕК разговара со Скопје и Софија за надминување на блокадата, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев попладнево во Скопје. -Со двете страни работиме и разговараме и со Бугарија со цел да ја надминеме оваа последна пречка. Има многу добри идеи за коишто вреди да се размисли, се со цел да ја надминеме последната пречка и да започнеме со првата меѓувладина конференција. Нашата цел е со Северна Македонија и Албанија да започнеме пред крајот…
Полициски службеници привеле едно лице, кое во 10:32 часот во СВР Скопје телефонски пријавило дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула Фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата. Од МВР информираат дека преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна. – Лицето И.М. е приведено и задржано во полициска станивца по насоки на јавен обвинител, за натамошна постапка. Лажната пријава не влијае на посетата на претседателката на ЕК и активностите продолжуваат по планираната агенда, посочуваат од Министерство
Ќе се утврдуваат локации каде да има бесплатен интернет. Владата ја разгледа и ја усвои информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини, како дел од Програмата за работа на Владата. За реализација на оваа програма, од Владата соопштија дека е утврдена препорака за Јавното претпријатие Национална радиодифузија – Скопје како носител на реализацијата на проектот обезбедување на бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини на локации од интерес за туристи од страна на телекомуникациски оператори до крајот на 2021 година во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и…
Вистина е дека иднината на Северна Македонија е во ЕУ и ве сакаме покрај нас. Европската комисија, и јас самата, стоиме на тоа дека вие постигнавте извонреден напредок и сакам да бидам јасна дека сега ЕУ треба да испорача, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев попладнево во Скопје. Фон дер Лајен изрази целосна поддршка за формалното отворање пристапни преговори со земјава што е можно побрзо. – Целосно го поддржувам формалното отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и со Албанија што е можно поскоро, колку што може побрзо. Не…