Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СЕФФ прераснува во форум на размена на идеи – Препораките од Конференцијата, прифатени од Владата, ќе се преточуваат во стратешките документи

0
By НОВА ТВ on September 28, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 28, 2021 19:36

Препораките за забрзување на растот, фискална консолидација на среден рок, добро владеење и социјална кохезија, развој на човечкиот капитал, намалување на неформалната економија и др., а кои произлегоа од Конференцијата што Министерството за финансии ја организираше на почетокот на овој месец во рамки на Економскиот и финансиски форум (СЕФФ), денеска беа усвоени од Владата на редовна седница.

Од Министерството за финансии информираат дека меѓу поважните пораки е онаа дека закрепнувањето треба да се поврзе со три други предизвици: дигиталната економија, зелената економија и инклузивниот просперитет.

– Акцентот на среден рок треба да биде на: (1) инвестиции во човечки капитал кои обезбедуваат подобри вештини, придонесуваат за подобрена продуктивност и забрзан економски раст и ја намалуваат сиромаштијата и нееднаквоста; (2) зголемување на капацитетот на здравствениот систем и на стапката на вакцинација; (3) структурни, институционални и фискални фискални реформи (градење кредибилна фискална политика која ќе обезбеди фискална консолидација и резерви (бафери) за справување со идните предизвици и кризи). Исто така, беше препорачано и зголемување на капиталните расходи во јавниот сектор (инфраструктурата, поддршка на дигитална трансформација и зелениот раст), придружено со механизам за контрола што ќе ја зголеми ефикасноста и ефективноста на инвестициските проекти, посочуваат од Министерството.

Преку размена на искуства со владини претставници од земјава и регионот, претставници на меѓународни финансиски институции, бизнисот и невладините организации, потенцираат од Министерството за финансии, беа дизајнирани важни поенти, кои ќе бидат искористени во креирањето на политиките. Во рамки на СЕФФ, кој прераснува во форум за размена на идеи, препораките беа комуницирани и со бизнис заедницата, со која се одржува континуирана комуникација заради креирање подобро деловно опкружување.

Препораките од Конференцијата, кои се усвоени од Владата, како што посочуваат, ќе се вградат во Планот за финансирање на економското заздравување и забрзување на економскиот раст, кој е во завршна фаза на подготовка во Министерството за финансии. Исто така, стратешки документи коишто се значајни и треба да се финализираат до крајот на годината и се во контекст на Буџетот на РС Македонија за 2022 година се: Програмата за економски реформи, Стратегијата за управување со јавниот долг, Стратегијата за реформи на даночниот систем, Фискалната стратегија, планот за понатамошен развој на фискалната децентрализација, Акцискиот план за намалување на неформалната економија, Планот за управување со јавниот капитал…

Бесими Економски и финансиски форум Финансии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

Бред Пит од Бит-пазар

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.