Author: НОВА ТВ

Форумот на жени на СДСМ најостро го осудува говорот на омраза и вербално родово базирано насилство за време на денешниот протест во Тетово, соопштија од СДСМ. – Го осудуваме говорот на омраза кон жените во политиката и кон сите жени воопшто, а овие вербални напади кон градоначалничката на Тетово, Теута Арифи е срамен пример. Очигледно дека опозицијата, коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, исто така ги злоупотребува чувствата на семејствата на трагично загинатите во политички цели. Ова е крајно неодговорно однесување врз грбот на националната трагедија, додека се уште трае истрагата која ќе ги даде сите одговори за трагичната несреќа, се наведува…

Read More

Тетовската полиција информира дека за време на денешниот протест во градот и во Мала Речица има повредени полицајци, како и приведени лица меѓу демонстрантите. – Полициски службеници на СВР Тетово лишија од слобода две лица, 52-годишник од Тетово и 31-годишник од Кичево, поради нивна инволвираност во денешниот протест. Полесно се повредени четворица полициски службеници, информира портпаролот Марјан Јосифоски. Според информациите на СВР Тетово, во координација со јавен обвинител, се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

Read More

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш нагласи дека светот е на пат кон катастрофа, доколку владите не се обврзат на поамбициозни намалувања на емисиите на штетни гасови, со цел да се запре глобалното затоплување и неговите последици. Новиот извештај на ОН, што содржи преглед на сите национални обврски поднесени од потписниците на Париската климатска спогодба до 30 јули, наведува дека тие ќе доведат до зголемување на емисиите на штетни гасови за речиси 16 проценти до 2030 година, во споредба со нивоата од 2010 година Парискиот климатски договор ја постави целта глобалното затоплување да се одржува под два Целзиусови степени до…

Read More

Моментално во Македонија има 13.008 активни случаи на Ковид – 19. Од почетокот на пандемијата во земјава досега се регистрирани 186.010 заразени. Од нив, 166.606 имаат оздравено, додека 6.396 ја изгубија битката со вирусот. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 4.384 тестирање, а регистрирани се 561 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 249, Куманово – 49, Струмица – 40, Охрид – 30, Штип – 25, Тетово – 23, Прилеп – 18, Кавадарци – 16, Битола – 14, Велес – 12, Кичево – 10, Гостивар – 9, Радовиш – 8,…

Read More

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска потврди дека ќе ја посети Приштина по враќањето од Генералното собрание на ОН. На Твитер, тој се заблагодари за честитките и поканата што му ја испратинеговот косовски колега, Албин Курти, и го најави своето доаѓање веднаш по посетата на Њујорк каде ќе учествува во работата на Генералното собрание на ОН. -Благодарам Албин Курти. Бездруго ќе го посетам Косово со големо задоволство, штом се вратам од Генералното собрание на ОН. Да почнеме веднаш да подготвуваме заедничка седница. Посакувам со сето мое срце и убеден сум дека ќе направиме многу добри работи за нашите две земји,…

Read More

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, при нејзината посета на САД, денеска оствари средба со поранешната американска државна секретарка Медлин Олбрајт. Медлин Олбрајт, како што објави Шекеринска на Фејсбук, не е само жива легенда на американската политика, туку и гласен адвокат за демократија и човекови права. – Некогашната државна секретарка на САД, прва жена на таква функција во историјата на САД, која одблиску беше инволвирана во случувањата на Балканот во 90-тите, ме прими во нејзиниот дом во Џорџтаун, кој е сведок на нејзиното богато политичко минато. Ме замоли да пренесам благодарност во Скопје за прифаќањето на евакуираните граѓани од Авганистан кои…

Read More

Универзитетската клиника за детска хирургија до Центарот за социјални грижи и до СВР Скопје пријави случај за двегодишно дете со долга историја на болести, кое од страна на згрижувачко семејство во тешка состојба било донесено на Клиниката, каде и покрај напорите на лекарите да го спасат, починало, соопшти Министерството за здравство. Станува збор за дете кое имало неколку тешки заболувања. Пред една година му биле направени повеќе хирушки интервенции, имало тумор на мозок, хидроцефулус и вродена непроодност на цревата. Детето имало и проблеми со срцевиот ритам, застој во растот, проблеми со дишењето. Пред пет дена детето 15 минути пред полноќ…

Read More

Демократската Унија за Интеграција најостро го осудува физичкото и родовото насилство за време на денешниот протестен марш во Тетово. – Политичката бруталност на албанската опозиција, изразена преку нејзината скриена рака не познава граници, ниту болка за семејствата на починатите кои за жал ги загубија животите во трагедија што досега не сме ја доживеале. Ова е уште еден доказ за обидите на опозицијата да добијат ниски политички поени во пресрет на локалните избори, соопштија од партијата. ДУИ ги повика политичките опоненти да не си поигруваат со чувствата на граѓаните и со тоа да не ги отвораат раните на членовите на семејствата.…

Read More

Третата доза на кинеската вакцина Синофарм против коронавирус го зголемува нивото на антитела, кои се намалуваат неколку месеци по добивањето на втората доза, покажа студија спроведена во Кина. Студијата, која допрва треба да биде потврдена од други научници, е објавена во време кога третата доза од вакцината се дава на ризичните групи во Кина, од страв дека заштитата ќе ослабне со текот на времето, пренесе Гласот на Америка. Пет месеци по повторната вакцинација со Синофарм, нивото на антитела опаѓа за 70 отсто во споредба со нивото достигнато четири недели по втората доза на вакцината, покажа студија во која учествуваа здравствени…

Read More

Министерскиот совет кој се одржа попладнево донесе одлука дека носењето заштитна маска во затворени простории нема повеќе да биде задолжително, јави дописничката на МИА од Брисел. И покрај предупредувањата на научниците, владата денеска сепак одлучи да го следи примерот на соседни земји како Холандија и да ја укине обврската за заштитна маска на затворено, со исклучок на јавниот превоз, здравствените установи и вработените во супермаркети, ресторани, културни установи. Сепак федералната влада им остава слобода на секој од регионите да донесат построги мерки за маските доколку оценат дека е потребно. Владата попладнево даде зелено светло за повторно отворање на дискотеките од…

Read More

Европската унија собра пет милијарди евра со продажба на краткорочни должнички хартии од вредност на првата заедничка аукција на долгови, соопшти Европската комисија. Како што е наведено, износот од 2,999 милијарди евра го собра од продажба на квартални должнички хартии од вредност и 1,977 милијарди евра од продажба на должнички хартии од вредност со рок на доспевање од шест месеци. На тој начин, ЕУ ја собра највисоката целна сума. „Тримесечниот долг беше продаден со просечен негативен принос од 0,726 проценти, додека приносот на шестмесечната должничка хартија од вредност беше минус 0,733 проценти“, се наведува во соопштението на Европската комисија. Аукцијата…

Read More

Аризона стана првата сојузна држава што поднесе тужба против централната влада поради одлуката на претседателот Џо Бајден за обврзна вакцинација на федералните службеници и компаниите со 100 или повеќе вработени. Чекорот е со цел да се девалвира одлуката на Бајден, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Генералниот обвинител на Аризона, републиканецот Марк Брнович изјави дека тужбата е против „неуставната“ одлука на претседателот, кој е демократ. – Федералната влада не може да им кажува на луѓето да се вакцинираат поради Ковид-19. Администрацијата на Бајден повторно глуми со нашите закони и создава преседани за промоција на својата радикална агенда, изјави Брнович за…

Read More