Author: Ivana
Северна Македонија има најголем и најбрз потенцијал за раст во регионот. Со двоцифрен годишен раст на ИТ секторот (15 проценти) и голем број таленти во компјутерските науки, Скопје е најразумниот избор за отворање на наш Центар, вели Адриан Блидарус, сопственик на технолошката компанија специјализирана за дизајнирање и испорака на комплексни решенија и интегрирани платформи водени од податоци и вештачка интелигенција Софтелигенце. Оваа компанија, пред неколку месеци, основаше фирма во Северна Македонија и најави дека ќе инвестира милион евра и ќе отвори сто работни места за ИТ професионалци преку изградба на Центар за испорака во Скопје. Блидарус во интервју за порталот…
За првпат од почетокот на пандемијата во Германија се регистрирани над 80.000 новозаразени со Ковид-19 за 24 часа, јави ДПА. Новите случаи на зараза се 80.430 според податоци на институтот Роберт Кох, и тоа е над 21.500 случаи повеќе во споредба од пред една недела. За седум денови новозаразените на 100 илјади лица се зголемија на 407,5 наспроти 387,9 на 100.000 за седумдневен период ден претходно. Пред една недела таа цифра беше 258,6 на 100.000 луѓе. Бројот на смртни случаи е 384 спрема 346 еднa недела претходно. Од почетокот на пандемијата во Германија од Ковид-19 починале 114.735 лица.
Премиерот Педро Санчес изјави дека Шпанија планира да го промени начинот на следењето на ковид-19 и ги повика европските здравствени власти да почнат поинаку да го третираат, бидејќи смртноста е намалена. „Постојат услови постепено и со претпазливост да отвориме дебата на техничко и европско ниво и да почнеме да ја оценуваме еволуцијата на оваа болест со различни параметри од досегашните“, кажа Санчес. Според него, шпанската влада планира да ја следи еволуцијата на коронавирусот на начин на кој се следи и грипот, без да се регистрира секој случај на зараза и без задолжително да се тестираат сите кои имаат развиено симптоми.…
Земјотрес со јачина од 2,5 степени според европската сеизмичка скала утрово во нешто после девет часот, се случи во близина на Студеничани и Драчево. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, и бил почувствуван во овие населени места. Во последните три дена серија на земјотреси беа почувствувани во околината на Битола. Епицентрите беа во соседна Грција, во близина на Лерин. Најсилниот 5,6 степени придонесе за пукнатини на ѕидовите и материјални штети. Голем број на жителите на Битола ноќта ја минаа во автомобилите, а афтершокови од земјотресот и натаму се чувствуваат во таа област.
Заменик – помошникот на државниот секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, за Гласот на Америка на македонски, рече дека зборувал со Франција за пристапните преговори на Северна Македонија со Европската Унија, и оти верува дека може да се постигне договор за кусо време. „Веќе зборувавме со Франција. Ставивме јасно до знаење дека ние веруваме дека членството во ЕУ за сите држави од Западниот Балкан е од суштинско значење за сите нас. Веруваме дека тие се дел од Европа, веруваме дека како што ги исполнуваат условите со затворање на поглавјата треба да бидат се` повеќе интегрирани во ЕУ и…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска на Инстаграм детално објасни зошто не бил во изолација откако бил позитивен на тест за Ковид-19 во декември, и рече дека неговиот агент направил грешка кога ја пополнил неговата декларација за патување во Австралија. „Сакам да нагласам дека вложив сериозни напори за да ја осигурам безбедноста на сите и да ги почитувам обврските за тестирање“, напиша Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил. Ѓоковиќ на Инстаграм профил напиша дека се обраќа поради „континуирани дезинформации за неговите активности и присуство на настани“. – Овие дезинформации мора да се корегираат, особено во интерес да се ублажат реакциите на јавноста…
Амбасадорката на САД Кејт Мери Брнз денеска на министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе и го предаде американското знаме како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави. – Доделувањето на американското знаме кое се вееше на зградата на амбасадата на САД во Скопје претставува симбол на исклучителните достигнувања во одбранбената соработка и односите меѓу двете земји во изминатите четири и пол години, велат од Министерството за одбрана. Најавени се обраќања на министерката Шекеринска и амбасадорката Брнз, а настанот ќе се одржи согласно протоколите од Ковид-19.
Турција, Малезија, Казахстан и Србија се земјите со најевтини карти за кино во светот, покажуваат последните податоци на британскиот финансиски портал money.co.uk. Во Турција е потребно да се издвојат 2,06 евра за кинобилет, во Малезија – 3,13, во Казахстан – 3,23, Ð ° во Србија тоа чини 3,40 евра. Белорусија, Русија, Аргентина, Панама, Унгарија и Костарика, исто така се на топ-листата од 10 земји со најевтини билети. Од друга страна, Швајцарија е на другиот крај со најскапи билети за кино – 18,23 евра, потоа Данска – 14,79, Саудиска Арабија – 14,14, Јапонија – 14,07 и Финска со 14 евра за билет.…
Расте процентот на граѓани во Бугарија кои сметаат дека треба да се каже „да“ за почеток на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ и без претходен договор за отворените прашања. Ова е мислењето на 29,6 отсто од испитаниците, што е зголемување за околу 13 отсто во однос на ноември 2020 година, покажува истражувањето на јавното мислење спроведено од Алфа Рисрч презентирано за време на познатата неделна коментаторска емисија „Референдум“ на Бугарската национална телевизија посветена на бугарско-македонските односи. Според анкетата, речиси 61 отсто од бугарските граѓани сметаат дека Република Северна Македонија треба да стане членка на Европската унија. Во одговор на…
Мандатарот Димитар Ковачевски вчера до претседателот на Собранието, Талат Џафери го достави Предлогот за состав на нова влада и Предлог-програмата за нејзината работа, по што собранискиот спикер за в сабота во 11 часот закажа седница на Парламентот со единствена точка на дневниот ред – Избор на Влада на Република Северна Македонија. Собраниската расправа за избор на нова влада трае најмногу два дена, а за изборот на владиниот состав се гласа по нејзиното завршување, односно најдоцна до 24 часот вториот ден или во случајов во недела до полноќ. Владата е избрана ако за неа гласаат мнозинството од вкупниот број пратеници во…
Наредните денови Комисијата за заразни болести ќе треба да донесе одлука за предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2, кои се асимптоматски случаи. Членовите на Комисијата на вчерашниот состанок ја разгледуваа и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемиолошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука. Според последните податоци во земјава, омикрон варијантата…
Со положување цвеќе на спомен-обележјето во катлановско Блаце, денеска ќе бидат одбележани 14 години од хеликоптерската несреќа во која трагично загинаа 11 припадници од составот на воздухопловниот Винг на Армијата. Цвеќе ќе положи делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата составена од министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и заменикот на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин. Цвеќе ќе положат и делегации од Кабинетот на претседателот на државата и врховен командант на Армијата, од Општина Петровец, Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, Првата пешадиска бригада и членовите на семејствата на загинатите војници. Претходно, припадниците на воздухопловниот ВИНГ ќе ја одбележат…