Author: Ivana
Црногорската влада ги заостри мерките за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирус, откако 24 часа беше регистриран рекорден број на заразени, а од 2 јануари влез во Црна Гора, без разлика дали некој е вакциниран и дали прележал ковид-19 ќе мора да има негативен ПЦР тест кој не е постар од 72 часа или брз антиген тест кој не е постар од 48 часа. Мерките ќе важат до 12 јануари. Граѓаните на Црна Гора и странците со привремен престој можат да влезат во земјата без овој доказ, но со определување на самоизолација од 10 дена, која може да се…
За првпат по неколку недели во Бугарија има 3.449 заболени од Ковид-19, што е за 2.214 повеќе во изминатите 24 часа, објави Унифицираниот информативен портал. Како што јави дописникот на МИА од Софија, направени се 36.449 тестови, што значи дека 9,4 е позитивниот процент. Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во Бугарија во изминатите 24 часа е 162, од кои 150 се невакцинирани или со нецелосен циклус на вакцинација. Новозаболените кои се хоспитализирани 761 од кои 650 се невакцинирани. Бројот на пациенти на кои им е потребна интензивна нега е зголемен за 46, од кои 43 не се вакцинирани, со…
Словенија за време на своето претседавање со Советот на ЕУ се избори во документите повторно да се воведе поимот „перспектива на членството“ во таа интеграција, наместо само „европска перспектива“ за државите на Балканот и европското источно соседство, тврди словенечкиот премиер Јанез Јанша. – Еден од стратегиските успеси е што проширувањето го вративме на маса како еден од клучните стратегиски проекти на ЕУ. Но за тоа беа потребни многу расправи“, кажа Јанша за Словенечката телевизија, зборувајќи за успесите на својата влада, во традиционалното предновогодишно интервју. „Во тие расправи многу пати кажав дека по сè што доживуваме на истокот и што во…
Нашиот внатрешен часовник регулира многу аспекти во организмот, вклучувајќи го и одговорот на вакцината. Нова студија објавена во списанието Biological Rhythms покажува дека нивото на антитела може да биде повисоко кога луѓето ќе ја примат вакцината попладне отколку наутро, пишува Харвард Газет. „Студијата нуди груб одговор за тоа како времето во денот влијае на имунолошкиот одговор на вакцината против Ковид“, објасни една од авторките на студијата, д-р Елизабет Клерман и професорка на Универзитетот Харвард. Истото се случува и со многу лекови, луѓето кои имаат белодробни заболувања ќе почувствуваат силни симптоми во одредени периоди од денот. Студијата покажа дека луѓето кои…
Бродови на американската воена морнарица заплениле 385 килограми хероин во Арапското Море, во вредност од околу четири милиони долари, соопштија денеска американските власти. Бродовите заплениле дрога скриена во рибарски брод што пловел во водите на Блискиот Исток, соопшти меѓународната работна група, а заплената била извршена во понеделникот. Морнарицата соопшти дека бродот, иако нема национално обележје, најверојатно дошол од Иран. – Сите девет членови на екипажот се идентификуваа како ирански државјани, изјави командантот Тимоти Хокинс, портпарол на американската морнарица на Блискиот Исток. Тој не откри од каде доаѓа дрогата и која е крајната дестинација. Откако работната група започна регионални патроли на…
Претседателите на САД и на Русија, Џо Бајден и Владимир Путин денеска ќе разговараат телефонски, соопштија Белата куќа и Кремљ. Белата куќа соопшти дека Бајден и Путин ќе разговараат за актуелните теми, вклучително и претстојните дипломатски ангажмани со Москва. Според соопштението, администрацијата на Бајден е вклучена во сеопфатна дипломатија со своите европски сојузници и партнери, консултирајќи и координирајќи заеднички пристап како одговор на военото присуство на Русија на границата со Украина. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во средата потврди дека рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски ќе разговара со американскиот претседател Џо Бајден.
Велика Британија вети 105 милиони фунти (141,7 милиони американски долари) итна помош за ранливите земји, особено во Африка, за да се справат со ширењето сојот Омикрон на коронавирусот. Владата во Лондон синоќа соопшти дека парите ќе бидат искористени за мерки за намалување на ширењето, зајакнување на тестови и зголемување на залихите на кислород. Министерството за надворешни работи истакна дека Лондон веќе ја исполнил својата обврска да обезбеди 30 милиони вакцини на други земји до крајот на 2021 година, како дел од вкупно 100 милиони дози што Велика Британија вети дека ќе ги донира. Британската Влада досега донираше 24,6 милиони дози…
Заштитните маски од утре ќе бидат задолжителни на улиците во Париз, соопштија локалните власти, во време кога расте бројот на нови случаи на коронавирус. Според соопштението, оние кои нема да го почитуваат ова правило ќе се соочуваат со казни од 135 евра. Носењето заштитни маски веќе е задолжително во јавните згради и јавниот превоз низ цела Франција, пишува Ројтерс. Претходно, француската министерка за здравство, Оливија Веран, им рече на пратениците дека Франција се соочува со „цунами“ од зарази со коронавирус. Од почетокот на пандемијата во Франција, регистрирани се повеќе од 9,5 милиони случаи на коронавирус, додека 123.372 лица починале.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на сите граѓани им посака среќна и бериќетна Нова година. За претстојните празници, потсетува Спасовски, дека треба да празнуваме одговорно, да се погрижиме да го сочуваме сопственото и здравјето на најблиските. – Да не возиме ако консумираме алкохол или да не пиеме ако мора да управуваме возило. Да не го објавуваме нашето отсуство од домот, правејќи го така попривлечно за крадците и разбојниците, а сомнителните појави да ги пријавиме во најблиската полициска станица. Пиротехниката да им ја оставиме на професионалците, оти далеку поубаво место за прослава е кругот на најблиските одошто ургентните центри.…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.12.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 34 санкции, 21 мерка за возење повеќе од дозволената брзина, 17 санкции за возење без возачка дозвола. Изречени се пет мерки за нерегистрирани возила, четири санкции за недавање првенство на минување на пешаци. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за…
Здружението на новинарите на Македонија вечерва го осуди однесувањето на униформиран службеник кон новинарите за време на пуштањето од притвор на Сашо Мијалков од затворот Скопје. Како што објави А1.он, новинарите кои го чекале Мијалков пред капијата на затворот биле спречени во извршувањето на своите задачи од лице кое го обезбедува влезот во затворот. „ЗНМ го осудува односот на униформираниот службеник од затворот Скопје во Шуто Оризари кој истурка новинари и сниматели и ги попречи во вршењето на нивната работа при излегувањето од притвор на екс директорот на УБК Сашо Мијалков вечерва пред затворот. ЗНМ ќе повика и на одговорност од…
Пратениците во Собранието на Црна Гора денеска усвоија сет закони со кои се овозможува зголемување на минималната плата од 250 на 450 евра од 1 јануари 2022 година. Се укинуваат придонесите за здравство, се воведува неодданочен дел на бруто платите до 700 евра, како и зголемување на даночната стапка на платите над 1.000 евра од девет на 15 отсто, јави Бета. За законите гласаше и дел од опозицијата, тие беа донесени со 50 гласа, иако власта има вкупно 41 пратеник. Промените на збирот закони се дел од програмата наречена „Европа сега”. Одговарајќи на критиките дека немаат пари за овој план,…