Author: Ivana

Златко Перински e нов в.д. директор на ЈП Водовод и канализација Скопје, соопштија од Град Скопје. – Перински е магистер по менаџмент за човечки ресурси со менаџерско искуство во приватниот сектор, а има искуство и како дел од раководниот тим на Спортскиот центар Борис Трајковски. Перински има работно искуство во повеќе успешни компании со подружници во 7 европски земји, управувал со застапништва на германска и на грчка компанија, додаваат во соопштението од Град Скопје.

Read More

Базната станица за издавање патни исправи во Генералниот конзулат на Република Северна Македонија во Минхен успешно функционира. Досега аплицирале 470 наши државјани, 380 патни исправи се изготвени и доставени до генералниот конзулат, а 252 веќе се подигнати, информира Министерството за надворешни работи. Од таму потврдуваат дека нашата дијаспора во Минхен  одава признание на брзата постапка и олеснетата процедура за добивање на патни исправи. За успешноста на целиот процес со нововоспоставената базна станица во Минхен се изјасни и генералниот конзулот Реџеп Демири: – Во разговор со нашите граѓани (дознаваме дека) тие ја поздравуваат оваа одлука и многу се благодарни и презадоволни…

Read More

Вооружен напаѓач уби четири лица и рани еден полицаец и уште двајца цивили во реонот на Денвер, главниот град на американската сојузна држава Колорадо, соопшти локалната полиција. „Осомничениот почина по размена на оган со полицијата“, се вели во соопштението на полицијата во предградието на Денвер, Лејквуд. Престрелките во областа Денвер се случиле на различни локации и завршија со ликвидација на напаѓачот, потврдија локалните власти. – Дивеењето започнало вчера околу 17 часот кога неидентификуван напаѓач застрела и уби две жени и рани еден маж во близина на центарот на Денвер. Осомничениот потоа побегнал со автомобил и уби маж во областа Чизман…

Read More

На територијата на Скопје вчера се изречени 94 санкции, меѓу кои за возење со брзина поголема од дозволената 19, 12 санкции за возење без возачка дозвола, четири за минување на црвено светло, соопшти Министерството за внатрешни работи. Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила. МВР информира дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Read More

Американските здравствени власти соопштија дека го преполовуваат препорачаното време за изолација за лицата заразени со Ковид-19 од десет на пет дена. Ова се однесува и на асимптоматските случаи и на контактите на заразено лице. Едно лице заразува други од еден до два дена пред почетокот на симптомите, и од два до три дена потоа, покажа статистиката на Центрите за превенција и контрола на болести.

Read More

За време на новогодишната еуфорија и празниците во почетокот на првиот месец од годината поради слободните денови дел од граѓаните одлучуваат да прослават некаде надвор од својот дом. Но за да не се претвори убавото новогодишно искуство во лош почеток на годината од МВР апелираат да се избегнува поставување фотографии на социјалните медиуми бидејќи тие се вистински извор на информации за крадците каде може слободно да оперираат, апелира во Утрински брифинг,портпаролот на МВР Тони Ангеловски. -Ние како МВР секоја година во ова време и пред летните одмори кога граѓаните ги напуштаат своите домови, апелираме за внимателност, затоа што покрај мерките…

Read More

Партијата ќе биде главен креатор на квалитетни политики и поддршка на институциите. Секое нејзино тело од месните одбори па се до највисоките органи ќе има своја јасна улога и придонес во спроведувањето на политиките. СДСМ мора и ќе биде силна, организирана, со јасно поставена партиска хиерархија доколку сакаме да постигнеме ефикасно работење, порача новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски по завршување на вчерашната седница на Централниот одбор на СДСМ, каде тој ја доби довербата да биде мандатар на новата влада. – За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар…

Read More

Во земјава засега има само еден случај на новиот сој на КОВИД-19, омикрон, а епидемиолошкота состојба останува стабилна. За време на новогодишните празници надлежните сметаат дека дополнителни рестрикции не се потребни, бидејќи како што велат, ситуацијата е мирна. Инаку, согласно последната статистика, во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 119 случаи на КОВИД-19, од направени 2.324 тестирања. Оздравеле 257 пациенти, а починале три лица. Со ова, во земјава досега има вкупно 223.330 ковид-дијагностицирани лица од почетокот на пандемијата. Оздравеле вкупно  210.732, а починале 7.907 пациенти. Има вкупно 4.691 активни случаи. Засега останува само еден случај на омикрон, и тоа…

Read More

 Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози и наместа со густа магла, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот на патниот правец А2 Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација, на учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење. Автомотосојузот инфпормира дека сообраќајот на патниот правец…

Read More

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно, наутро и претпладне со услови за појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини и со слаб ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 7 до 13 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремен слаб дожд и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 8 степени. Во следните два дена, како што соопшти УХМР, ќе преовладува значително облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините…

Read More

Новите лекови против Ковид-19 значително ќе ги зголемат шансите за преживување на пациентите со Ковид во тешка состојба во 2022 година, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, Ханс Клуге. „Охрабрен сум и од новите антивирусни лекови кои веројатно ќе се појават на пазарот во 2022 година, што значително ќе ги зголеми шансите за преживување на пациентите кои завршуваат во болница со тешки симптоми на Ковид-19“, рече Клуге во интервју за руската агенција ТАСС. Претставникот на СЗО исто така нагласи дека следната генерација вакцини ќе биде поефикасна против новите соеви. „Не можам да ја предвидам иднината. Но,…

Read More

САД нема повеќе да бидат пример за успешна демократија кај другите земји во светот ако не можат да спроведат реформи на своето избирачко право, истакна потпретседателката Камала Харис во интервју за телевизијата Си-би-ес. Според неа, луѓето низ целиот светот во САД гледаат модел за „способноста на соживот на демократијата со економската сила и моќ“. Притоа, потпретседателот истакна дека таквата состојба во земјата може да се разниша, ако во Конгресот не го усвои нацрт законот за реформи на избирачкото право. -Може да не снема од картата што не покажува како пример за имитација, ако дозволиме да се урне еден од најважните столбови на демократијата, а тоа се слободните и…

Read More