Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во пресрет на меѓународниот ден за лицата со аутизам оствари средба со Здружението за деца со аутизам „Мојот свет“. На работниот состанок се разговараше за повеќе прашања од областа за заштита и унапредување на правата на децата со аутизам, за лицата во социјален ризик и за лицата со попреченост. Министерката Тренчевска посочи дека соработката на Министерството за труд и социјална политика со граѓанските организации е на високо ниво. „Посветено работиме на исполнување на човековите права, особено на ранливите категории, на зголемување на пристапот до квалитетни услуги, политики што значат поголема грижа и…
Во Србија на полноќ почнува изборен молк во пресрет на парламентарните, претседателските и локалните избори, кои ќе траат до недела, 3 април, до 20 часот, кога ќе се затворат избирачките места. За време на предизборниот молк, забранета е изборна пропаганда, одржување на јавни собири и објавување оценки за изборните резултати. За време на изборниот молк на избирачкото место и на 50 метри од него, забрането е истакнување на симболите и пропаганден материјал на учесниците на изборите. На денот на гласањето, во недела, 3 април, од 07:00 до 20:00 часот, дозволено е објавување извештаи за тоа каде гласале кандидатите, но не…
Руските војници кои ја зазедоа нуклеарната централа во Чернобил на 24 февруари денеска почнаа да го напуштаат комплексот и другите исклучени зони, соопшти украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом. „Утринава напаѓачите ги објавија своите намери да ја напуштат нуклеарната централа Чернобил“, соопшти Енергоатом на Телеграм. Руските војници „се упатија во две колони кон украинската граница со Белорусија“ и „мал број“ руски сили остануваат во комплексот, се вели во соопштението. По руската инвазија, постојат стравувања од зголемени радиолошки ризици во Чернобил. Реакторот број четири во Чернобил експлодираше на 26 април 1986 година, предизвикувајќи ја најтешката нуклеарна несреќа во светот во која загинаа…
Пожарот во магацинот со детски играчки на компанијата „Андреј компани“, кој е лоциран во близина на штипската приградска населба „Три чешми“ е ставен под контрола. Командирот на Територијалната противпожарна единица на Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека околу 80 проценти пожарот е локализиран, а во моментот, пожарникарите работат на негово целосно гаснење. – Објектот е опколен со пет возила и 25 пожарникари, од кои 20 се штипски, а петмина се од Кочани и Свети Николе. Објектот постојано се лади, со цел да не се прошири огнот на останатите објекти, изјави Коцев. Направена е голема материјална штета, а на увид…
Бугарскиот претседател Румен Радев по средбата со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во Софија, изјави дека разговарал со него оти треба да се преземат јасни конкретни дејствија за решавање на проблемите со македонските Бугари, за искоренување на говорот на омраза, за ревизија на учебниците, јави дописникот на МИА од Софија. – Има определен напредок во нашата работа. Тие проблеми, благодарение на упорноста на Бугарија, се осознаваат и се претвораат во ангажман на ЕУ. Прашањето е со какви инструменти ќе се гарантира заштитата на нашиот интерес, оцени Радев. Радев исто така рече дека очекува од бугарската Влада на покатегоричен начин да…
Од Владата оценуваат дека податоците за растот на индустриското производство што денеска ги објави Државниот завод за статистика се показател дека индустријата закрепнува. – Зголеменото индустриско производство за 6,3 проценти во февруари годинава, споредено со истиот месец лани, е доказ за добро концептираните економски мерки на Владата на Република Северна Македонија кои даваат видливи резултати, велат од Владата. Во соопштението испратено попладнево се наведува дека Владата и понатаму ќе ја следи економската состојба во државата и ќе интервенира на соодветен начин преку разни мерки кои ќе го поттикнат економскиот раст.– Во јануари 2022 година беше забележан раст од 0,7 проценти…
Потребна ни е медиумска писменост за да спроведеме дигитализација без дезинформации, рече претседателот Стево Пендаровски, обраќајќи се на денешната конференција во Прилеп на тема „Дигитализација“. Конференцијата е прва од неколкуте кои ги организира Амбасадата на Република Франција во рамките на француското претседателство со Европската Унија. Претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на дигитализацијата како предуслов за економски развој, за транспарентни, одговорни институции и за квалитетни јавни услуги што ќе ги задоволуваат потребите на граѓаните. -За таа цел, уште на почетокот на мојот мандат го иницирав проектот „МКД2030“ како наша, автентична стратешка рамка за развој до крајот на оваа деценија. Наскоро ќе…
Зголемување на инклузивноста на образовниот систем, вклучувањето на што поголем број деца со посебни образовни потреби во редовно школување и подигување на свеста на целото општество дека децата со атипичен развој се исти во различноста како и сите други деца, се цели на кои Министерството за образование и наука во изминативе неколку години интензивно работи, истакна министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната конференција „Инклузија на учениците со аутистичен спектар“ во организација на Универзитетот во Тетово. -Посебните основни училишта ги трансформиравме во основни училишта со ресурсен центар и тие со своите кадровски и материјални ресурси се поддршка на…
Бугарскиот премиер Кирил Петков очекува во најскоро време заедничката историска комисија на Северна Македонија и Бугарија да излезе со резултати, јави дописникот на МИА од Софија. – Колку што сум информиран, напредокот е огромен. Се радувам, дека кога од двете страни има дух да работиме заедно, се постигнуваат успеси, рече Петков пред новинарите за време на посетата на Благоевград. Според него, има неколку клучни аспекти – кога ќе се отворат архивите и говорот на омразата, што сме направиле како механизам против тоа. Петков додаде дека е важно што ќе биде ставено во потенцијалната преговарачка рамка, како на пример дали Уставот…
Денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Н.Е Кејт Мари Брнз во Центарот за обука во Идризово присуствуваше на свечениот чин по повод предавањето на IADLEST – Сертификатот за меѓународна акредитација на Центарот за полициска обука. Во своето обраќање Спасовски рече дека со стекнатата меѓународна акредитација, Центарот за обука практично е прв таков образовен Центар во нашата држава, наменет не само за потребите на министерството, туку и за сите оние институции кои што работат на спроведување на законите со посебни овластувања. – Со оваа меѓународна акредитација не само што се збогатува професионалното портфолио…
Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Каролине Едштадлер, сојузна министерка за Европа и Устав на Република Австрија, во рамките на нејзината посета на Република Северна Македонија. Во контекст на австриската поддршка за евроинтегративните процеси на земјата и регионот, претседателот Пендаровски и министерката Едштадлер укажаа на итната потреба од ефектуирање на безусловната одлука од март 2020 година на Советот за општи работи на ЕУ за отпочнување на преговарачкиот процес, особено по последните случувања во поширокото соседство и геополитичките и безбедносни предизвици врз европскиот континент предизвикани од руската воена инвазија врз Украина. Претседателот Пендаровски истакна дека Австрија како докажан пријател на регионот, има…
Соработката меѓу ОДИХР и институциите во земјава е на високо ниво, но треба да продолжи исто и во иднина, беше констатирано на денешната средба на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и Матео Мекачи, директор на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР). Од Министерството за политички системи и односи со заедниците соопштија дека двајцата соговорници ја потврдиле важноста на почитувањето на човековите права и слободи преку целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор како гаранција за целосна социјална интеграција на сите заедници во земјата. Во рамките на оваа средба се…