Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Потребна ни е медиумска писменост за дигитализација без дезинформации, смета Пендаровски

0
By Ivana on March 31, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 31, 2022 17:09

Потребна ни е медиумска писменост за да спроведеме дигитализација без дезинформации, рече претседателот Стево Пендаровски, обраќајќи се на денешната конференција во Прилеп на тема „Дигитализација“. Конференцијата е прва од неколкуте кои ги организира Амбасадата на Република Франција во рамките на француското претседателство со Европската Унија.

Претседателот Пендаровски  ја нагласи важноста на дигитализацијата како предуслов за економски развој, за транспарентни, одговорни институции и за квалитетни јавни услуги што ќе ги задоволуваат потребите на граѓаните.

-За таа цел, уште на почетокот на мојот мандат го иницирав проектот „МКД2030“ како наша, автентична стратешка рамка за развој до крајот на оваа деценија. Наскоро ќе го промовираме тој проект во јавноста, но, уште од сега е јасно дека еден од основните постулати за развојот да биде можен е тој да биде – дигитален, истакна пендаровски.

Говорејќи за дигиталната сфера како основа за напредок, Пендаровски посочи и на еден од клучните предизвици – големиот обем на дезинформации и брзината со која се шират преку дигиталните платформи и социјалните мрежи.

-Оние кои стојат зад кампањите за дезинформирање ги злоупотребуваат слабите страни на општеството, ја намалуваат неговата отпорност, ја поткопуваат довербата кон институциите и, за жал, успешно ги продлабочуваат поделбите меѓу луѓето, смета претседателот Пендаровски, посочувајќи дека лажните вести и дезинформации успеваат особено во периоди на неизвесност, каков што е овој сега, оптоварен со пандемија, војна, економска и енергетска криза.

Претседателот Стево Пендаровски посочи на лажните вести поврзани со КОВИД-19, како и на бројните примери во последниов месец, кај нас и во поширокиот регион, кога се нанесува штета на економијата, креирајќи паника меѓу населението кое ги празни продавниците со животните продукти. Решението лежи во дигиталното описменување, во создавање на информирани и дигитално одговорни граѓани.

Пендаровски се обрати до младите, носители на вештините и знаењето.

-Со вашите вештини и знаења, со вашето разбирање на дигиталната сфера, вие, младите, можете да станете пример за активни и одговорни дигитални граѓани. Со тоа ќе помогнете во развивањето на дигитална отпорност која вклучува едуцирање на дигиталните заедници од сите генерации за вештините неопходни за полесно препознавање на лажните вести, рече на денешната конференција „Дигитализација“, претседателот Стево Пендаровски.

Францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер рече дека во овој период, одбележан со многу кризи, со своевиден драматичен пресврт на светот, се случува нов вид на Европа и од тоа сме засегнати сите, вклучувајќи ги и жителите на Република Северна Македонија на која утрешната ЕУ ќе биде и нејзина Унија.

-Го отворам овој циклус на конференции кои ќе се случуваат во рамките на француското претседателство со Европската Унија. Таа ретка прилика која се случува на 13,5 години се случува во посебен контекст: одбележан со големи кризи, со своевиден драматичен пресврт на светот. Европа покажува капацитет на адаптирање, исклучителен и признат како таков. Она што е фрапантно е она што ние сега го спроведуваме помеѓу Европејците во овој драматичен контекст, непредвиден и невиден досега, одговара со агендата на француското претседателство со Советот на ЕУ кој е инспириран од говорот на францускиот претседател во септември, неколку месеци по неговото назначување. Уште многу треба да изградиме, но погледот кон Европа полека се менува. Прашањето за нас е како, овде во Северна Македонија да заживее овој дел од годината со француското претседателство. Од претседателството сакавме да направиме повод да зборуваме за Европа на теми кои се поразлични од вообичаените овде. Унијата се соочува со невидени предизвици, има желба да ги надмине и од тоа сме засегнати сите, рече Баумгартнер.

Елена Стојановска, консултант од областа на заштитата и безбедноста на личните податоци смета дека во процесот на дигитализација има и нарушување на личните податоци. Тоа често им се случува на компании, поединци.

-Носењето на регулативата за заштита на личните податоци наметна одговорност за транспарентност кај компаниите кои целата своја активност ја базираат на обработката на личните податоци. Никој од нас не размислува каде, во која држава се наоѓаат нашите лични податоци. А порасна потребата од дигитални услуги. Секогаш треба да знаеме врз основа на што споделуваме наши податоци. Дали нашата согласност му е доволна на оној од другата страна, па и да врши профилирање за нас, рече Стојановска.

Бојан Кордалов, комуниколог од Институт за добро управување и евроатлантски перспективи смета дека лажните вести наидуваат на плодна почва поради недовербата на институциите. Потребни се транспарентни институции и медиумска и дигитална писменост.

-Голема е потребата да се избориме со лажните вести и информации, а за то ни се потребни медиумска и дигитална писменост. Можеме да бидеме заштитени доколку бидеме едуцирани, доколку институциите се транспарентни. Кај нас дигитализацијата не се смета само како предност, туку и во одреден дел се смета како составен дел од теории за заговор. Клучот е во институциите, добрите јавни услуги, квалитетни и навремени, рече комуникологот Кордалов.

Оваа е прва од низата конференции во рамките на француското претседателство со ЕУ. Завршницата ќе биде со голем културен настан во Скопје за време на денот на музиката

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.