Author: Ivana

Јужноафриканскиот министер за здравство, Џо Фахла, денеска изјави дека владата верува дека вакцините и претходното прележување на Ковид-19 придонесуваат за поблагите заболувања од сојот омикрон. Претходните извештаи покажуваат дека сојот омикрон, што го почна четвртиот бран на инфекции во кој оваа земја неделава потврди за рекорден број нови случаи, предизвикуваат поблаги заболувања од претходните соеви во Јужна Африка. Но, научниците предупредуваат дека е прерано да се извлечат цврсти заклучоци. -Веруваме дека омикронот не е нужно помалку опасен, но (…) покриеноста со вакцинација и природниот имунитет на луѓето кои веќе биле во контакт со вирусот придонесуваат за заштита, рече министерот за…

Read More

Поранешниот адвокат на Доналд Трамп, Мајкл Коен, поднел тужба против него и американската сојузна Влада, обвинувајќи ги дека планирале да го вратат во затвор затоа што наводно работел на книгата против поранешниот претседател, јави „Њујорк Дејли Њуз“. Коен е осуден на три години затвор за финансиски и други кривични дела. Во мај годинава тој беше пуштен во домашен притвор поради епидемијата на коронавирус. Оттогаш, меѓутоа, Коен се појавува на улиците на Њујорк и во локалните ресторани, по што на 9 јули беше вратен во затвор. Судот подоцна нареди Коен повторно да биде ослободен од затвор. Во тужбата поднесена вчера до…

Read More

Австрискиот парламент со големо мнозинство усвои закон за потпомогнато самоубиство, според кој тешко болните од Нова година ќе добијат пристап до смртоносниот лек. Сепак, оваа опција е отворена само за луѓе кои се сериозно болни. Активната евтаназија сè уште е забранета. Новиот закон стана неопходен откако Уставниот суд ја укина забраната за потпомогнато самоубиство. Според мислењето на судиите, со ова се нарушува правото на самоопределување. Новиот Закон за потпомогнато самоубиство содржи неколку услови кои мора да се исполнат. Така, лицето кое го бара мора да има најмалку 18 години и да има медицинска дијагноза, а секој случај ќе го оценуваат…

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје регистрира 133 прекршоци во сообраќајот. Како што информираат од Министерството, 31 санкција е поради возење повеќе од дозволената брзина, 20 мерки се за технички неисправни возила во јавниот превоз, девет санкции за возење без возачка дозвола, пет мерки за возење под дејство на алкохол и 26 за непрописно паркирање. -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.

Read More

Европската унија нарача повеќе од 180 милиони дози од вакцината „Фајзер/Бионтек“, прилагодена за варијантата Омикрон, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Фон дер Лајен рече дека лидерите на ЕУ активирале клаузули во договорите потпишани со производителите на вакцини што им дозволуваат да побараат развој на адаптирана вакцина во рок од 100 дена. Таа додаде дека регулаторот за лекови на ЕУ работи на евалуација на адаптираната вакцина. Исто така, истакна дека Европа сега може да произведува 300 милиони дози вакцини секој месец. – Со повеќе од милијарда дози испратени до остатокот од светот, ЕУ е најголемиот извозник на…

Read More

Американскиот ЦДЦ соопшти дека добил информации за осум случаи на миокардитис кај деца на возраст од пет до 11 години, кои примиле вакцина против коронавирусот на Фајзер/БиоНТек, пренесуваат британските медиуми. ЦДЦ претходно соопшти дека стапката на миокардитис кај момчињата на возраст од 16 до 17 години може да биде над 69 случаи на милион администрирани дози и околу 40 случаи на милион дози кај момчиња на возраст од 12 до 15 години. Оттаму не откриваат дали има врска меѓу случаите на миокардитис и вакцините. Исто така, не е познато колкава е стапката на миокардитис во оваа група кај вакцинирани или…

Read More

 Папата Франциск денеска полни 85 години, поради што  добива честитки од целиот свет. Поглаварот на Римокатоличката црква, италијанскиот имигрант со аргентинско потекло Хорхе Марио Бергољо е во добра физичка кондиција за својот 85-ти роденден. Минатото лето тој беше опериран на дебелото црево и помина повеќе од една недела во болница. Во медиумите се појавија гласини за влошена здравствена состојба на Папата, но тој ги демантираше за време на патувањето во септември, кога беше забележано дека не само што закрепнал, туку и дека неговото целокупно здравје изгледа подобрено. Тогаш тој сам се пошегува дека кога „Папата бил во болница дувале ветровите…

Read More

Политиката на „отворена врата“ на НАТО во последните години, и покрај протестите од Русија, доведе до проширување на Алијансата за две нови членки Црна Гора и Северна Македонија, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. „НАТО неодамна потврди дека нејзината политика на „отворени врати“ не е само зборови, туку и дела, вклучително и со поканување на две нови членки. Црна Гора и Северна Македонија станаа членки, односно во последните години се проширивме за две нови членки и покрај протестите од Москва. Ние, исто така, ја поддржуваме Украина во нејзината желба да се приближи до членството во НАТО“, рече Столтенберг на…

Read More

Новиот бугарски премиер Кирил Петков, придружуван од вицепремиерот и министер за финансии Асен Василев, и министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, ќе престојува во Брисел. Како што јави дописникот на МИА од Софија, ова ќе биде прва работна посета на новиот бугарски премиер на странство. Тој во Брисел ќе се сретне со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и со генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Петков изјави дека ќе отпатува во Брисел на самит за да ги покаже приспособените први стратегии на новата бугарска Влада. Разговорите со европските лидери ќе се фокусираат на ситуацијата во енергетскиот сектор…

Read More

Повеќе земји членки на ЕУ се на ставот дека се потребни дополнителни рестрикции за патување поради новиот сој на Ковид-19, со што се загрозува релевантноста на европскиот санитарен пас, јавува дописничката на МИА од Брисел. Самитот кој се одржува овие два дена во Брисел се фокусира на големите предизвици пред кои е исправена ЕУ и нејзиното единство. Освен здравствената состојба, лидерите вчера разговараа за Украина, Русија, Белорусија, миграција и економија. Што се однесува до здравствените мерки и рестрикции, Италија, но и Грција или Португалија бараат дополнителни негативни ПЦР тестови за влез на нивната територија вклучително и за вакцинирани лица. Европската…

Read More

Најмалку 27 луѓе загинаа во пожар што изби во зграда во јапонскиот град Осака. Огнот е изгаснат за триесетина минути и се претпоставува дека пожарот е подметнат. Пожарот избил на четвртиот кат од зградата, каде се наоѓа клиника за ментално здравје и општа медицина. Опожарената зграда е лоцирана во квартот Кита познат по трговските центри.

Read More

Светската здравствена организација (СЗО) синоќа издаде привремени препораки за употреба на вакцините против Ковид-19 од различни производители како втора или засилувачка доза. Во зависност од достапноста, вакцините со mRNA, како што се оние на Фајзер и Модерна, може да се користат како дополнителна доза по почетната доза на векторската вакцина АстраЗенека и обратно, соопшти оваа глобално здравствено тело. АстраЗенека и која било од mRNA вакцините може да се користат и по првичната доза на инактивираната вакцина на Синофарм, соопшти СЗО. Вакцините со вирусен вектор содржат инструкции за генерирање на антигени на коронавирусот, додека вакцините со mRNA користат код од SARS-CoV-2,…

Read More