Author: Ivana

Државниот обвинител на Њујорк побара поранешниот американски претседател Доналд Трамп да сведочи во рамки на процесот започнат поради евентуални измами во работењето на неговата компанија, пишува денеска Вашингтон пост. Обвинителката на Њујорк, Летиша Џејмс побарала од Трамп да сведочи на 7 јануари, изјавија за весникот извори запознати со случајот. Џејмс, која ги истражува деловните активности на поранешниот републикански претседател, се обидува да утврди дали „Организацијата на Трамп“ манипулирала со проценките на својот недвижен имот, пишува весникот. Таа води истрага заедно со окружниот обвинител на Менхетен, Сајрус Венс. Претходно оваа година, властите поднесоа обвинение против „Организацијата на Трамп“ и главниот финансиски…

Read More

Корупцијата е суштински неправедна, бидејќи, воведувајќи двојни стандарди, ја поништува еднаквоста на сите пред законот. Таа го подрива општеството, економијата и државата, а цената за тоа ја плаќаат сите граѓани, особено најранливите категории. Северна Македонија напредува во борбата против корупцијата, но потребно е дополнително да се работи и сите вербални заложби да се реализираат во пракса.  За тоа, потребно е да се ангажира целокупното општество, секој поеднец во институциите и сите политички чинители. Ова се дел од пораките што денеска беа упатени од конференцијата што се одржа по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за борба против корупцијата во Скопје. -Според…

Read More

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари средба со пратеничката и заменик претседателка на Комисијата за европски прашања во Националното Собрание на Франција, Лилиана Танги и францускиот амбасадор Сирил Бoмгартнер. На состанокот се разговараше за политиките што двете држави ги водат за спречување и заштитата од насилство врз жените и семејно насилство, како и за поддршката што двете држави ја даваат за лицата со попреченост. Министерката Шахпаска информираше дека со новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жената и семејното насилство, вградени се принципите од Истанбулската конвенција и се овозможува системски пристап во заштитата на…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на одбележувањето на 9-ти декември, Меѓународен ден за борба против корупцијата. Во продолжение го проследуваме интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски: Според општоприфатената дефиниција, корупцијата е злоупотреба на доверената власт или јавна функција за лична добивка на сметка на јавниот интерес и како таква е најголемото зло за секој демократски политички систем, и за општеството во целина. Корупцијата е суштински неправедна, бидејќи, воведувајќи двојни стандарди, ја поништува еднаквоста на сите пред законот. На економски план, ја нарушува слободната конкуренција на пазарот и ги обесхрабрува претприемачите и инвеститорите. Многу често резултатот се повисоки трошоци…

Read More

Бугарското Министерство за надворешни работи вели дека не се информирани за француската иницијатива, што првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ја спомена денеска, информира бугарската агенција БГНЕС. -Во дипломатските кругови нема таков предлог, соопшти Брисел, пишува БГНЕС. Претходно, Груби изјави дека постои француска иницијатива за решавање на спорот меѓу Северна Македонија и Бугарија и оти се поднесени одговорите кон сите прашања што ги има испратено Бугарија. Тој додаде дека чекаат новите бугарски власти, претседателот Радев и новата Влада, да му пристапат на дијалогот околу овие прашања на конструктивен начин, со цел да се…

Read More

 Царинската управа информира дека истрагата за запленетa стока на скопскиот аеродром ја води и е под непосредна контрола и надзор на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. – Овластените лица на Царинската управа ги преземаат сите мерки и активности по барање Обвинителството. За подетални информации, обратете се до надлежното обвинителство, се наведува во соопштението од Царината.

Read More

Словачка ќе обезбеди финансиски стимулации за лицата над 60 години кои ќе се вакцинираат против коронавирус или ќе примат т.н. бустер доза, за да се зголеми стапката на вакцинација која заостанува зад другите земји во Европската унија. Парламентот одобри исплати денеска, давајќи зелено светло на владиниот предлог со кој првично се разгледуваше давање ваучери за хотели или ресторани, но наместо тоа се определи за паричен поттик. Оние кои ќе примат „бустер“ доза до средината на јануари ќе добијат 300 евра, додека групата над 60 години кои ќе аплицираат за прва доза до тој датум ќе добијат 200 евра. Словачка не…

Read More

Денес во Берлин започна годишниот состанок на Европскиот совет за надворешни односи (ECFR), што ги обединува највисоките носители на одлуки на континентот, еминентни интелектуалци, претставници на невладиното општество и тинк-тенк заедницата со цел формулирање на координирана и ефективна надворешна политика на Европа како одговор на современите предизвици. Како член на оваа влијателна заедница, вицепремиерот Димитров го искористи неговото учество за да ја афирмира стратешката важност на процесот на проширување на ЕУ со земјите од регионот од аспект на иднината на Европа. – Ако Европската Унија се стреми да биде глобална сила, тогаш прво треба да стане „локална“ односно да го…

Read More

Северна Македонија докажа дека силно го застапува европскиот наратив на вредности и е стабилен партнер на европската сцена што придонесува за добросостојбата на регионот, изјави денеска во Берлин вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на средбата со првиот човек на Фондацијата „Фридрих Еберт“ и поранешен претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц. – Вложивме сериозен политички капитал врз основа на европското ветување, време е вниманието и енергијата да ги насочиме кон процесот на европеизација и исполнување на очекувањата на граѓаните. Ако ЕУ конечно ја поддржи македонската приказна и огромниот влог на ова прашање што се пресликува во целиот регион, тогаш Унијата…

Read More

Европската агенција за лекови (EMA) денеска соопшти дека е „безбедно и ефикасно“ да се примат засилувачки дози на вакцините против Ковид-19 три месеци по втората доза. Тој период е намален на три месеци наспроти преходните најави за шест месеци по ревакцинацијата. – Податоците што моментално се достапни поддржуваат сигурна и ефикасно аплицирање на засилувачка доза три месеци од завршувањето на примарната вакцинација, изјави шефот за стратегијата за вакцини во ЕМА, Марко Кавалери. 

Read More

Нема промена во ставот на Бугарија, нема ништо што јавноста не знае, изјави привремениот премиер Стефан Јанев во одговор на прашање од пратеник од „Има таков народ“ во Народното собрание во врска со преговорите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија. Јанев посочи дека вчера на состанокот на Советот на министри донеле став кој следната недела во Брисел ќе биде претставен пред Советот за општи работи. -Она што го гледаме – медиумскиот ентузијазам што го покажаа странските лидери или странски медиуми, мислам дека не треба длабински да го коментираме во бугарскиот Парламент, бидејќи од оваа говорница не можеме…

Read More

„Се согласувам со ставот на Судскиот совет и потврдувам дека усогласениот договор на партиите не значи менување на процесните закони, ниту на измислување на механизам за заобиколување на законите. Во текстот стои дека се бара мониторинг од ЕУ и од меѓународните фактори, што ќе видиме во која форма и како ќе биде спроведено“ кажа министерот за правда Бојан Маричиќ во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Тој додаде дека Владата ќе побара мониторинг на случаите кои се договорени помеѓу СДСМ и Алтернатива, а потоа Европската комисија ќе одлучи дали и на кој начин ќе се вклучи во следењето и проверката на…

Read More