Author: Ivana

 Бугарија нема да го промени ставот за Северна Македонија до крајот на годината и нема да ја одобри преговарачка рамка за земјата со ЕУ, соопшти прес-службата на преодната влада на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА, Владата го одобри ставот на Бугарија да учествува на состанокот на Советот за општи работи на 14 декември. Бугарија ќе се придржува до Декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година во врска со проширувањето на ЕУ и Процесот за стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Република Албанија, како и до Рамковниот став за европската перспектива на Република Северна Македонија…

Read More

Во голема полициска акција денеска во Скопје, приведени се повеќе лица, а запленети се и околу 200 килограми марихуана. Од МВР ја потврдуваат акцијата, која се уште трае, а повеќе детали најавуваат за утре

Read More

Управниот суд ја отфрли тужбата на компанијата „Еуромакс ресурцес“ и ја потврди одлуката на Владата да им се одземе концесијата Иловица 6 за рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“. Судот одлучувал во октомври, откако претходно Вишиот управен суд ја врати постапката назад. Управниот суд тужбата на канадската компанија ја отфрлил како неоснована, по што „Еуромакс“ во ноември поднела нова жалба до Вишиот управен суд. „Тужбата на тужителот „Еуромакс ресурцес“ е поднесена против Одлуката на Влада од 16.12.2019 година, а по истата донесена е Пресуда од Управниот суд на ден 5 октомври годинава, со која тужбата на тужителот се одбива како…

Read More

На братскиот македонски народ му го честитаме државниот празник – денот на Свети Климент Охридски, големиот просветител, првиот словенски епископ, еден од основоположниците на кирилското писмо кое ги поврзува современите руски и македонски јазици, напишаа на твитер од руската амбасада во земјава. На тоа реагираше професор Пламен Павлов, еден од најголемите познавачи на бугарската и балканската средновековна историја, реагирајќи на честитката на амбасадата на руската федерација во Скопје. – За жал, имаме уште една руска провокација, која има за цел да забие клин меѓу Бугарија и Северна Македонија и да ја искриви вистината до крајно невозможен степен, изјави за „Бгнес“…

Read More

Премиерот Зоран Заев на неговиот твитер налог упати честитка до новиот канцелар на Германија Олаф Шолц по повод стапувањето на функцијата. -Искрени честитки до новиот германски канцелар, социјалдемократот Олаф Шолц. Во изминативе години ја продлабочивме соработката со Германија како наш искрен пријател и стратешки партнер. Верувам партнерството помеѓу Германија и Северна Македонија ќе се интензивира и надгради, стои во објавата на твитер на премиерот Заев. Олаф Шолц од Социјалдемократите е именуван за деветти канцелар на Германија на кратка церемонија во претседателската палата во Берлин. Тој денеска ја доби поддршката од германскиот Парламент за да ја наследи Ангела Меркел на функцијата…

Read More

Европа бележи пад на бројот на болни и новозаразени со коронавирусот, соопшти денеска Светската здравствена организација за европскиот регион. Здравствената агенција на Обединетите нации соопшти и дека податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести покажале дека во 18 земји од Европската унија се регистрирани 212 случаи на Омикрон, и тоа претежно благи и асимптоматски случаи. Сепак, СЗО предупреди дека се верува оти Омикрон ќе продолжи да се шири, бидејќи пристигнуваат нови податоци за размерите на сојот. Во претходните седум дена, бројот на нови случаи во Европа се намали за два отсто (2,6 милиони случаи), додека три отсто помалку пациенти починале во споредба со претходната недела…

Read More

Швајцарскиот Парламент денеска го избра министерот за надворешни работи Игнасио Касис за следен претседател на земјата кој ќе ја преземе функцијата на 1 јануари. Касис ќе ја преземе функцијата од сегашниот претседател Ги Пармелин, Во Швајцарија ротирачката функција на претседател по една година ја извршува еден од членовите на Федералниот совет, седумчлената швајцарска Влада. Касис е првиот швајцарски претседател во овој век кој доаѓа од регионот Тичино каде што се зборува италијански. Касис дипломирал медицина и работел како интернист, а течно зборува германски, француски и италијански, трите главни јазици во Швајцарија. За време на Пармелин, кој беше домаќин на јунскиот американско-руски самит, швајцарската Влада…

Read More

Билатералната соработка, енергетиката, туризмот, инвестициите, климатските промени, пандемијата, односите на Русија со ЕУ и НАТО, Балканот, Источниот Медитеран, кипарското прашање, биле дел од темите за кои разговарале рускиот претседател Владимир Путин и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на нивната средба во Сочи, јави дописничката на МИА од Атина. -Нашите односи традиционално се градат во духот на добрососедството, покриваат широк спектар на области на соработка и имаат взаемно корисен карактер на еден партнерски однос. Токму ова беше духот на денешните разговорите со Мицотакис. Беа сеопфатни и ефикасни, истакна Путин. Рече дека и покрај тешкотиите што ги создаде пандемијата, трговијата меѓу двете земји…

Read More

По прв пат Општата болница во Струмица добива апарат за магнетна резонанца, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. – И во услови на пандемија продолжуваат инвестициите во здравството, напиша Филипче на фејсбук статусот.

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.285 тестирања, а регистрирани се 419 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 188, Прилеп и Кавадарци – по 35, Охрид – 28, Битола – 27, Струмица – 18, Штип – 14, Куманово – 9, Велес и Радовиш – по 8, Ресен – 6, Кичево, Кочани и Берово – по 5, Тетово, Неготино и Делчево – по 4, Валандово – 3, Гостивар, Гевгелија, Пробиштип и Кратово – по 2, Струга, Свети Николе, Демир Хисар, Крушево и Демир Капија – по 1. Регистрирани сe…

Read More

Инвестиции за вештачки снег, но и за целосна продажба, партнерство и други видови на соработка се уште се разгледуваат од државните институции за тоа дали Попова Шапка ќе се раководи и од приватни странски компании. Според министерот за економија Крешник Бектешти за ски-центарот освен за јавно приватно партнерство, како и за целосна приватизација има и друг вид понуди. – Комисијата која е формирана за развој на Попова Шапка е во функција и редовно има состаноци и токму овие проекти, овие инвестиции што веќе ги презентира директорот произлегуваат во склоп на дискусиите, предлозите, идеите што се даваат во таа комисија, а секако дека и внатре…

Read More

Корупцијата е најголем проблем за граѓаните кои не се оптимисти дека таа ќе се намали и во иднина. Според граѓаните, судиите, министрите, пратениците, градоначалниците и обвинителите се најкорупирани, покажува истражувањето за проценка на корупцијата спроведено од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Вкупно 80 проценти од анкетираните сметаат дека желбата за брзо богатење на оние кои се на власт влијае на широката распространетост на корупцијата, а значен фактор е и недостатокот на строга административна контрола на корупцијата, неспроведувањето на законите и недоволната заштита на лицата кои пријавуваат корупција. – Иако околу една третина од граѓаните (33,7 проценти) биле изложени на коруптивен…

Read More