Author: Ivana

„Денес имаше нови сведочења и нови партиски мотивирани интерпретации на провладините медиуми, делумно и вадења од контекст, со наслови како да ги добиле од штабот на СДСМ. Јасно е дека власта и обвинителството, она што не го добиле во судницата или не го обезбедиле како доказ, се обидуваат да го добијат како перцепција кај граѓаните, со помош на повеќе партиски диригирани медиуми, кои селективно пренесуваат, вадат од контекст, особено наслови, и прават сѐ да се создаде перцепција за нешто што не е така или не е кажано или докажано во судницата. Некои тоа го нарекуваат и медиумски линч“. Вака поранешниот…

Read More

За помалку од три месеци, над илјада државјани на Република Северна Македонија кои живеат во Сојузна Република Германија, се сликаа за нови патни исправи во Конзуларното одделение во Бон, каде во функција е ставена новата базна станица. Конзулот Боро Мирчески вели дека седумстотини биометриски пасоши се готови, а во тек е обработката на пристигнатите барања, со новата опрема која придонела за кратење на постапката и намалување на трошоците. -Oвој проект е исклучително полезен за нашата дијаспора. Од искуството во изминатиот период, како го отпочнавме проектот, можам да посведочам само на зголемување на задоволството кај странките. Во моментов, во нашата амбасада…

Read More

 Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров од утре ќе престојува во дводневна посета на Сојузна Република Германија. Според агендата, предвидени се средби со високи претставници на новоформираната германска Влада, вклучително и со новата државна министерка за Европа – Ана Лирман,  која на првиот ден од преземањето на функцијата од Михаел Рот, ќе се сретне со вицепремиерот Димитров. Димитров, како што информира Секретаријатот за европски прашања, ќе ја искористи посетата за да уште во првите денови од мандатот на Владата на канцеларот Шолц, да го насочи вниманието кон европското досие на Северна Македонија и ангажманот на Германија…

Read More

Во земјава денеска со низа настани се одбележува 8 Декември – Денот на Св. Климент Охридски. Пред споменикот на Св. Климент Охридски во Скопје, повеќе делегации ќе положат цвеќе, а во Собранието ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“. Во областа на воспитанието и образованието, државната награда ќе и биде доделена на универзитетската професорка Ѓулумсер Касапи, а добитници во областа на културата и уметноста се писателот Јован Павловски, музичкиот уметник Снежана Анастасова-Чадиковска и академската сликарка – костимограф Елена Дончева. Св. Климент Охридски е патрон и на Охрид каде празнувањата почнаа од синоќа. Чествувањата продолжуваат и денеска со поклон на…

Read More

Скопје продолжува да бара решение за прашањето со Софија. Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров вели дека јасна е пораката на заменикот помошник државен секретар на САД Габриел Ескобар дека приоритет на САД за Балканот е интеграцијата на Албанија и Северна Македонија во ЕУ. Димитров посочува дека земјава ќе направи се што може за достоинствен излез од спорот со Софија. Копретседателот на коалицијата „Промената продолжува“ Кирил Петков, што победи на парламентарните избори во Бугарија, пак, вели дека треба да се формираат работни групи и да се остават да преговараат шест месеци, за да не ги одредуваат работите само националистите. Тој…

Read More

Постигнатиот договор со „Алтернатива“ обезбеди стабилно мнозинство во Собранието и стабилна Влада. Ваквото мнозинство, според премиерот Зоран Заев, ќе работи на обезбедување контиунитет и успешен епилог на процесот за почеток на преговорите за членство во ЕУ и на остварување на приоритетите од владината програма која ќе биде надополнета со договорот постигнат со Алтернатива. Од ДУИ, која е коалиционен партнер на СДСМ, немаат против влезот на Алтернатива во Владата. Велат дека биле целосно информирани за разговорите и дека премиерот ги водел разговорите во име на коалицијата. Помалите коалициски партнери сметаат дека е добро што се зголемува парламентарното мнозинство за уште четири…

Read More

Додека процентот на новозаболени од Ковид-19 во повеќе држави од Европската Унија се зголемува, Северна Македонија и дел од земјите во Западен Балкан бележат намалување на заразени со коронавирусот. Институтот за јавно здравје објави дека минатата недела во однос на претходната, забележано е намалување од 17,3 отсто заболени од Ковид-19, а заклучно со вчерашниот ден вакцинирани се 828.770 граѓани. ИЈЗ, минатата недела регистрирал 2.275 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, а процентот на позитивност се движи од 7,8 отсто до 19 отсто, просечно 13,1 отсто. Од направени се 2.744 тестирања во текот на вчерашниот ден, регистрирани се 375…

Read More

Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и директорот на ЕЛЕМ Турс, Адем Авзиу денеска ќе го посетат ски центарот Попова Шапка. Во рамки на посетата, тие ќе извршат увид во реализираните активности за модернизација на ски-центарот, а ќе биде пуштен во употреба и новиот систем за осветлување со што ќе биде најавено отворањето на новата скијачка сезона

Read More

Децата заразени со варијантата на коронавирус Омикрон може да добијат „невообичаен“ и агресивен осип“, изјави британскиот лекар Дејвид Лојд за Скај њуз. Како што забележа лекарот, постојат одредени разлики во симптомите на децата инфицирани со Омикрон во споредба со возрасните. „Симптомите како што се замор, главоболки и губење на апетит изгледаат доста важни, како и осипите“, рече тој. Лојд нагласи дека мала група пациенти со Ковид-19 отсекогаш имале осип, но потенцираше дека „до 15 отсто од децата со Омикрон имаат необичен осип“. Докторот додаде дека лекарите постепено учат повеќе за оваа варијанта на вирусот. „Да се ​​надеваме дека Омикрон не…

Read More

Повеќе од 11.000 свеќи – по една за секоја жртва на пандемија на коронавирус во Швајцарија – беа запалени синоќа пред швајцарскиот парламент во Берн. „Сакаме да создадеме простор каде што ќе можеме да се сеќаваме и да жалиме за жртвите“, рече Сајмон Герен од движењето Корона-Манваче (корона бдеење). Четириесет доброволци помогнаа да се постават свеќи на плоштадот кој е политички центар на Швајцарија. Сличен настан се одржа и минатата година. Герен рече дека бдеењето е повик до владата да одговори посилно на зголемениот број на заразени. Швајцарија, земја со околу 8,6 милиони жители, забележа нагло зголемување на нови случаи…

Read More

Во неделниот епидемиолошки билтен на СЗО се посочува дека „од 7 декември 2021 година, омикрон варијанта на коронавирусот е потврдена во 57 земји. Неговото присуство е забележано во сите шест региони на СЗО“. Експертите посочија на фактот дека бројот на откриени случаи на коронавирус во моментов рапидно расте во Јужна Африка. Иако причините за ова зголемување сè уште не се познати, тие велат дека ширењето на Омикрон во регионот е „веројатно“, а зголеменото тестирање на населението за ковид одигра улога, бидејќи сојот беше класифициран од СЗО како заканувачка варијанта. Организацијата нагласува дека „прелиминарните анализи покажуваат дека мутациите во омикрон варијантата…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима. Почитуван г. г. Стефан, Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архиерејски синод, на целото свештенство и монаштво и на сите верници од православната вероисповед, да ви го честитам празникот Свети Климент Охридски. Како еден од најистакнатите ученици и следбеници на сесловенските браќа, светите Кирил и Методиј, Климент Охридски со отворањето на Охридската книжевна школа, позната и како Прв универзитет на Балканот, остави непроценлив придонес во етаблирањето на словенската култура. Неговото духовно и книжевно дело…

Read More