Author: Ivana

САД се посветено ангажирани за побрзо да се изнајде решение со Софија бидејќи е од нивни стратешки интерес Република Северна Македонија да ги почне преговорите, изјави шефот на дипломатијата Бујар Османи за пораката од денешната средба со заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар. Османи по заедничката прес-конференција со Ескобар на која не беа предвидени прашања, во изјава за медиумите на новинарско прашање посочи дека не може да коментира во име на Ескобар дали тој имал средби со бугарски претставници за спорот или дали планира да ја…

Read More

За одговорноста за автобуската несреќа има институции што работат и истражуваат, на крај ќе дадат одговор каде бил пропустот и согласно тоа секој ќе си понесе одговорност, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. На новинарско прашање за одговорност на ресорот што го предводи за несреќата во која загинаа 45  патници, а седум беа повредени, Бочварски рече дека во рамки на нивното делување издавањето на лиценците е целосно непречено до овој момент, лиценци се издавани за компани кои побарале да вршат таква дејност, како и изводи од лиценци за сите кои побарале да добијат таков документ за своите…

Read More

Бугарскиот претседател, Румен Радев, серијата политички консултации денеска ја почна со претставниците на победнилката партија „Промените продолжуваат“, јави дописникот на МИА од Софија. На почетокот од средбата Радев од копретседателите на новоформираната партија Кирил Петков и Асен Василев, чија коалиција победи на парламентарните избори во Бугарија на 14 ноември, побара да го слушне нивниот став за Република Северна Македонија. Тој побара да знае што „Промените продолжуваат “ мислат за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан, идентитетот, историјата и културата во Република Северна Македонија, бидејќи бугарското општество очекува доследна акција од нивната дипломатија. Двајцата претставници на „Промените продолжуваат“, не…

Read More

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа во 22:10 часот на кеј „Димитар Влахов“, врз основа на судска наредба, ја лишиле од слобода скопјанката Ш.М.(27). Како што соопшти МВР, Ш.М. била барана за издржување на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело „тешка кражба“. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Идризово за издржување на казната. 

Read More

Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас му се заблагодарил на папата Франциск за споменувањето на Договорот од Преспа за време на говорот во Претседателската палата во Атина кога ја изрази неговата почит „за тешкиот пат што доведе до Договорот од Преспа, потпишан меѓу Грција и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас утрово се сретна со папата во Амбасадата на Ватикан во Атина, а по средбата  според она што го објави на социјалните мрежи, разговарале за мигрантското прашање, за пандемијата, но и за Договорот од Преспа. -Му се заблагодарив за неговото споменување на Договорот од Преспа. Ако можевме да…

Read More

САД изразуваат силна поддршка за брза европска интеграција на Северна Македонија и работиме со нашите европски партнери да обезбедиме тоа да се случи што е можно најбрзо, изјави денеска американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, кој е во официјалната посета на земјава на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи. – Северна Македонија е дел од Европа, културно, историски и економски дел од Европа и треба да имате столче на масата на ЕУ. Во тој поглед ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори да се покаже флексибилност во процесот на европски интеграции, како и продолжување на…

Read More

Првиот Вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби се сретна со амбасадорот на Република Чешка Мирослав Томан. Првиот Вицепремиер Груби потенцираше дека поддршката од Чешка и другите земји членки на Европската Унија е многу важна за европските аспирации на Северна Македонија. Груби ја побара директната поддршка од Чешка во Декември за утврдување на датумот за одржување на првата меѓувладина конференција со Европската Унија која ќе го одбележи почетокот на преговорите во првите месеци на 2022 година. Тој нагласи дека нашата земја треба да ги искористи искуствата на земјите членки на ЕУ, за спроведување на реформите…

Read More

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска го достави дополнетиот Предлог-буџет за 2022 година до претседателот на Собранието Талат Џафери, кој Собранието треба да го усвои на пленарна седница најдоцна до 31 декември.   Дополнетиот предлог-буџет за 2022 година ги содржи прифатените амандмани во текот на расправата во собраниските комисии. Вкупната вредност на прифатените амандмани изнесува 382 милиони денари, што е проценето како една од најголемите измени направена преку амандманската расправа, што е потврда за инклузивноста на процесот на усвојување на буџетот и демократскиот капацитет на нашата земја. На средбата министерот Бесими истакна дека очекува дебатата да продолжи во ваков дух…

Read More

Проблемот со Северна Македонија е резултат на целосното одбивање на низа бугарски влади да формулираат државна политика адекватна на новите реалности, оценува бугарскиот историчар Димитар Атанасов анализа за Дојче Веле на бугарски јазик, нагласувајќи дека „помирувањето со минатото е неизбежно“. Тој во текстот посочува дека сегашниот парламентарен состав на бугарското Собрание е обременет со огромни очекувања од јавноста. Народното собрание веќе ја одржа првата седница, но според него, едно е сигурно во оваа фаза, а тоа е дека популизмот сè уште доминира, а нема волја за негово демонтирање. Во тој контекст Атанасов го посочува односот кон Северна Македонија. – Темата…

Read More

Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска во официјална посета на Република Северна Македонија. Проследете ја заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Read More

„На оваа конференција присуствуваме сите партнери на ЛДП за да уште еднаш ја потврдиме чистата позиција дека земјите од Западен Балкан треба да бидат дел од ЕУ”, рече европратеникот Илхан Ќучук на вчерашната конференција на АЛДЕ и ЛДП „Обновен наратив за забрзана интеграција на ЕУ. Тој како копретседател на АЛДЕ вели дека испраќа голема поддршка за работата на ЛДП во земјава. – Можеби европскиот сојуз има високи стандарди за животната средина, социјалната политика, но ЕУ треба да одлучи на која страна треба да оди, дали да биде политички сојуз како досега или пак да оди напред за подобар живот на…

Read More

Австриското Министерство за здравство го претстави првиот предлог-закон со кој треба да се воведе задолжителна вакцинација во земјата. Како што е најавено, задолжителната вакцинација треба да стапи во сила од 1 февруари следната година. Според планот на Министерството, сите невакцинирани граѓани по пошта ќе добијат известување за закажаниот термин за вакцинација против коронавирус од 15 февруари. Оние кои нема да одговорат на рокот, односно нема да се вакцинираат, од 15 март ќе бидат парично казнети. Предлог-законот предвидува казна за одбивање вакцинација во износ од 600 евра на секои три месеци. Највисоката парична казна е одредена на 3.600 евра. Задолжителна вакцинација би важела…

Read More