Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Украина не смее да биде продадена во мировните преговори со Русија, изјави денеска министерката за надворешни работи на Велика Британија, Лиз Трас. – Мораме да обезбедиме идните разговори да не завршат со продажба на Украина или со повторување на грешките од минатото, рече Трас пред британските пратеници и потсети на „непријатната спогодба од 2014 година, која не успеа да обезбеди трајна безбедност за Украина“. – Путин штотуку се врати по повеќе. Затоа не можеме да дозволиме да извлече победа од оваа страшна агресија, рече таа.
Не постои траен мир без социјална правда и да бидеме солидарни денес, за да опстоиме сите заедно утре, се дел од пораките на првите страници на списанието „Лице в лице“, издание посветено на темата социјална правда, напиша заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ на неговиот фејсбук-профил. – Работниот ден го завршувам со посетата на Кико на Секретаријатот за европски прашања. Ја продолжуваме нашата дружба и остануваме партнери во економско и социјално зајакнување на ранливите групи. Наша должност е да даваме поддршка и свој придонес кон зајакнување на ранливите категории на граѓани и кон градењето на инклузивно општество,…
Шефот на дипломатијата на ЕУ Жозеп Борел смета дека прекинот на работата на рускиот весник Новаја Газета е резултат на систематска пресметка на руските власти со независните медиуми во Русија, вклучително и меѓународните медиуми и социјалните мрежи. – Оваа медиумска цензура е поврзана со манипулација и дезинформирање на руската јавност од страна на државните медиуми во контекст на неиспровоцираната и неоправдана војна на Русија против Украина, нагласи Борел. Во писмена изјава тој вели дека Новаја Газета е новинарска институција чија работа е признаена надвор од Русија и чие име се поврзува со имињата на главниот уредник Дмитриј Муратов, кој ја…
Градоначалникот на Мариупол Вадим Бојченко денеска изјави дека неговиот град е во рацете на руските сили. – Не е се во наша моќ. За жал, денеска сме во рацете на окупаторите, рече Бојченко во телевизиско интервју во живо, пренесе Си-Ен-Ен. Бојченко повика на евакуација на преостанатите жители на Мариупол, кој имаше над 400.000 жители пред Русија да започне инвазија врз Украина на 24 февруари. – Според нашите проценки, околу 160.000 луѓе денес се во опколениот град Мариупол, каде што е невозможно да се живее, бидејќи нема вода, струја, греење, нема комуникации, рече Бојченко. – И навистина е страшно, додаде тој.…
Делегација на Министерството за здравство предводена од заменик-министерот Владимир Рендевски оствари работна посета на новиот Клинички центар на Србија (КЦС) во Белград за да се запознае со организацијата на работата, поставеноста на Ургентниот центар со одделите и операциските сали и стационарниот оддел. Посетата беше искористена и за доделување на наградата 13 Ноември на град Скопје на проф.д-р Владимир Башчаревиќ од Клиниката на неврохирургија, јави дописникот на МИА од Белград. Како што изјави заменик-министерот Владимир Рендевски, посетата е организирана во рамки на Првата светска конференција за Ковид-19, за запознавање со организацијата на работата и поставеноста на Ургентниот центар со одделите за интензивното…
Рускиот олигарх Роман Абрамович и украински мировни преговарачи имаа симптоми што укажуваат на можно труење по состанокот во Киев претходно овој месец, јави Волстрит Џурнал, повикувајќи се на лица запознаени со ова прашање. По состанокот во украинскиот главен град, Абрамович, кој патуваше до Москва, Лавов и другите места за преговори, како и најмалку двајца високи членови на украинскиот тим, развија симптоми кои вклучуваат црвени очи, постојано и болно солзење и лупење кожа на лицата и рацете, изјавија лица кои се запознати со настаните. Тие за осомничениот напад ги обвинија тврдокорните во Москва за кои рекоа дека сакале да ги саботираат…
Преговорите меѓу руската и украинската делегација во Истанбул ќе започнат утре во 9:30 часот, соопшти денеска кабинетот на турскиот претседател. Според соопштението, преговорите ќе се водат во Палатата Долмабахче. „Средбата ќе се одржи зад затворени врати“, се додава во соопштението. Во межувреме руската делегација пристигна во Истанбул, каде утре со делегацијата на Украина треба да ја одржат четвртата рунда преговори. Авионот „Туполев Ту-204-300“ со кој патува руската делегација слета на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, јавија турските медиуми. Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган вчера се договорија четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина да се одржи…
САД ќе потрошат 6,9 милијарди долари за да и помогнат на Украина да се одбрани од руската инвазија и да ги поддржи земјите-членки на НАТО според предлог-буџетот што администрацијата на претседателот Џо Бајден го објави денеска. Средствата ќе ја претставуваат последната распределба на одбранбената помош на Вашингтон по руската инвазија врз нејзиниот сосед минатиот месец и ќе бидат искористени за „зголемување на способностите и подготвеноста на американските сили, сојузниците на НАТО и регионалните партнери во лицето на руската агресија“, соопшти Белата куќа.
Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска имаше средба со чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва и заменик амбасадорот Лубомир Пшенка. Од кабинетот на Маричиќ информираат дека за време на средбата говорниците разговарале за односите меѓу двете земји, процесот на европска интеграција на Северна Македонија, реформите што се спроведуваат, состојбите во регионот и воената криза во Украина. Вицепремиерот Маричиќ информираше за досегашните реализирани реформи на патот кон ЕУ, а брифираше и за динамиката на разговори и соработка со Република Бугарија. – Соработката е услов за стабилноста и развојот на регионот и секој треба да покаже искрена посветеност…
Во изминатите 24 часа во Грција е регистриран зголемен број новозаразени, но и починати лица од Ковид-19 односно, од 113.940 направени тестови, потврдени се 27.490 случаи, што е 24,1 отсто од тестираните, додека пак починаа 73 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, од новите случаи, 10.058 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 2.634 во Солун. Приклучени на апарати на одделите за интензивна нега во грчките болници се 342 пациенти. Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 2.957.810 случаи на Ковид-19 и почина вкупно 27.341…
Руската делегација пристигна во Истанбул, каде утре со делегацијата на Украина треба да ја одржат четвртата рунда преговори. Авионот „Туполев Ту-204-300“ со кој патува руската делегација слета на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, јавија турските медиуми. Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган вчера се договорија четвртата рунда преговори меѓу Русија и Украина да се одржи во Истанбул. Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, претходно денеска изјави дека се очекува преговорите да почнат утре, а тоа го потврди и украинската делегација.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари средба со премиерот на Република Романија, Николае Чука. Двајцата премиери кои ја остварија средбата на маргините на Состанокот на премиерите на земјите членки на НАТО од Југоисточна Европа, изразија задоволство од одличните билатерални односи засновани на пријателство и меѓусебно почитување и заклучија дека остануваат можности за дополнително унапредување на врските меѓу Романија и Северна Македонија во повеќе области. Пријателството на Романија, рече на средбата претседателот на Владата Ковачевски, Северна Македонија го препознава и во силната поддршка на оваа земја во остварувањето на нашата стратешка цел за интеграција во ЕУ.…