Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рендевски: КЦС во Белград е добар пример во изградбата на нашиот Клинички центар

0
By Ivana on March 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 28, 2022 19:06

Делегација на Министерството за здравство предводена од заменик-министерот Владимир Рендевски оствари работна посета на новиот Клинички центар на Србија (КЦС) во Белград за да се запознае со организацијата на работата, поставеноста на Ургентниот центар со одделите и операциските сали и стационарниот оддел.

Посетата беше искористена и за доделување на наградата 13 Ноември на град Скопје на проф.д-р Владимир Башчаревиќ од Клиниката на неврохирургија, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што изјави заменик-министерот Владимир Рендевски, посетата е организирана во рамки на Првата светска конференција за Ковид-19, за запознавање со организацијата на работата и поставеноста на Ургентниот центар со одделите за интензивното одделение и операциските сали, стационарниот оддел, а се со цел стекнување на искуства за изградба на нашиот Клинички центар и урнек за останатите болници кои ќе се градат во Македонија.

– Се работи за еден импозантен објект во поглед на просторните капацитети кои се одделени во самиот Ургентен центар, каде постојат одредени зони. Се запознавме и со одделите за интензивно лекување, каде на еден кат се поставени лекувањата за интернистичките гранки, додека на вториот кат е одделот за интензивно лекување на хируршките гранки и трансплантациската хирургија. Во останатите осум ката се наоѓаат стационарни еднокреветни и двокреветни соби. Ова е навистина еден голем капацитет којшто ги исполнува сите европски можности за современо лекување и би бил еден добар пример за нас, за понатаму во изградбата на нашиот Клинички центар, којшто се надевам ќе успееме да го направиме, изјави Рендевски.

Проф. д-р Јовица Милановиќ, заменик-директор на КЦС, рече дека ги кажале нивните искуства при градењето на новиот КЦС и изрази надеж дека во рамки на иницијативата Отворен Балкан ќе биде продлабочена и стручната соработка.

– Го обиколивме заедно Клиничкиот центар кој пред месец дена е отворен. Во него ќе имаме 34 операциски сали, седум ангео сали, три магнетни резонанси, девет скенери и 21 рендген кабинет, а го нарачавме и Давинчиевиот робот кој наскоро ќе почне со работа. Со колегите од Северна Македонија ги пренесовме нашите искуства во изградбата на објектот, сите проблеми, а бидејќи е во план изградбата на нов Клинички центар во Скопје, нашите колеги да не наидат на исти проблеми. Се надевам дека во рамките на Отворен Балкан ќе имаме можност уште повеќе да ја разменуваме стручната соработка оти таа не поврзува и ни овозможува подобро да ги користиме капацитетите на КЦС во Белград или во Скопје, изјави Милановиќ.

Проф. д-р Марко Херцеговац, директор на Ургентниот центар во КЦС, истакна дека се работи за најсовремен начин на работа на ургентната медицина, копиран од најмодерните центри во светот.

– Најважен принцип во секоја модерна зграда како што е оваа во КЦС е совршено развиениот степен на Ургентната медицина. Приемната тријажа, разграничување на степенот на итноста беше во фокус на оваа зграда и на организација на службата на Ургентниот центар, кој треба да држи 60 отсто од изградената зградата. Ова е важно оти на самиот влез во Ургентниот центар се прави примарна тријажа за тоа кои пациенти се итни, а кои не се, и оние вторите одат во амбуланти на различни специјалности, додека лекарите од ургентната медицина го дефинираат степенот на итност на пациентите, објасни директор на Ургентниот центар во КЦС, додавајќи дека на тој начин пациентите се распоредуваат во три независни единици кои можат да бидат единици за опсервација, преглед и за лекување. т.е. според степенот на итност после зелената, која не е итна, оди жолта, портокалова и црвената.

Од досегашното искуство, жолтата е таа која е најоптоварена и има 14 места за опсервација, преглед и дијагностика.

– Се покажа дека времето при поставувањето на првата дијагноза и терапија е круцијално и затоа ние пред сè вложивме во едукација на сите 19 лекари во ургентната медицина, кои досега никогаш не работеле на хоспитализација туку на терен, во Итната помош. Нивната улога овде е покомплексна и комплетна, бидејќи пациентот добива сè што е потребно на самиот прием, а специјалистите од различни специјалности се тука да ги преземат понатаму, изјави Херцеговац, кој рече дека во организацијата на работата ги користеле искуствата на најмодерните центри во светот.

Посетата беше искористена и за доделување на 13 Ноемвриската награда на град Скопје на проф.д-р Владимир Башчаревиќ од Клиниката за неврохирургија во КЦС, кој заедно со медицинскиот тим на Клиниката за неврохирургија и неврологија во Скопје, во изминатата година беше проктор со чија помош беа направени пет операции на вагуснервс стимулација кај пациенти со рефрактерна епилепсија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.