Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ- Лудва: Почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ е висок приоритет на чешкото претседателство​

0
By Ivana on March 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 28, 2022 17:12
Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска имаше средба со чешкиот амбасадор во земјава Јарослав Лудва и заменик амбасадорот Лубомир Пшенка.
Од кабинетот на Маричиќ информираат дека за време на средбата говорниците разговарале за односите меѓу двете земји, процесот на европска интеграција на Северна Македонија, реформите што се спроведуваат, состојбите во регионот и воената криза во Украина.
Вицепремиерот Маричиќ  информираше за досегашните реализирани реформи на патот кон ЕУ, а брифираше и за динамиката на разговори и соработка со Република Бугарија.
– Соработката е услов за стабилноста и развојот на регионот и секој треба да покаже искрена посветеност на оваа цел. Нашата земја недвосмислено покажа дека е промотор на регионалната соработка, со што активно придонесува за стабилноста – што е важно за ЕУ и пошироко. Членството во ЕУ е наша стратешка определба и работиме на отстранување на блокадата за почеток на преговорите. Чешка отсекогаш била наш поддржувач во евроинтеграцискиот процес и се надевам дека тоа ќе остане и за време на нејзиното претседавање со Унијата, истакна тој за време на средбата.

Амбасадорот Лудва ги посочил приоритетите на чешкото претседателство со ЕУ кои ја засегнуваат нашата земја, посочувајќи дека Чешка останува принципиелен поддржувач на политиката на проширување на Унијата на земјите од Западен Балкан, со што се потврди силната поддршка на Чешка за итно отпочнување на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ.

На крајот од средбата, соговорниците се согласиле дека Северна Македонија нема друга алтернатива за подобар живот на граѓаните освен членство во ЕУ и воведување европски стандарди и вредности, како и дека Унијата конечно треба да го испорача ветеното за земјата врз основа на постигнатиот напредок.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.