Author: Ivana

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден  продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 141 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, 17 мерки за возење без возачка дозвола, две мерки за минување на возила на црвено светло, една за возење под дејство на алкохол, осум мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за неносење на сигурносен појас, осум мерки за користење на мобилен телефон, три мерки за прекршоци што ги чинат возачите на моторцикли, 48 мерки за непрописно паркирање. Засилените акциски сообраќајни…

Read More

Владата на вчерашната седница му го продолжи мандатот на Владо Бучковски за специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија. -На предлог на Комисијата за именување, на денешната седница проф. д-р Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, со што практично му е продолжен мандатот кој истекува на 1 декември 2021 година, соопшти владината прес-служба.

Read More

Сообраќајот на државните патишта утринава се одвива по влажни коловози, со остатоци на кашест снег на коловозот на некои повисоки места. Поради ниските утрински температури можна е појава и на голомразица. Авто мото сојузот на Македонија потсетува дека се уште на сила е забраната за тешки товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка, додека за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема. Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Read More

Од денеска стапува на сила забраната за пластични кеси. За граѓаните ќе бидат достапни само биоразградливи кеси за кои ќе се наплатува надомест од 15 денари, средства што ќе бидат наменети за специјалниот фонд за животна средина. Според Министерството за животна средина и просторно планирање, граѓаните лесно ќе се адаптираат на промената, што е од големо значење за животната средина. – На долг рок оваа одлука ќе придонесе кон решавање на низа прашања во однос на животната средина, од причина што собраните средства ќе се користат за инвестирање во животната средина, бидејќи ќе одат на посебна сметка за таа намена.…

Read More

За 6,1 отсто се помалку новозаразени со КОВИД-19 од 22 до 28 ноември во однос на претходната недела. Намалување на бројот на заболени имало кај сите возрасни групи, според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје. Најголем дел од дијагностицираните, односно 23,1 проценти, се повозрасни од 60 години, а најмалку (4,3 отсто) се регистрирани кај децата до девет години. Во наведениот период биле направени 18 781 тест, што е 5,1 отсто помалку во однос на претходната недела, и од нив позитивни биле 2751 од 35 градови. Речиси половина (46,5 отсто) се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во…

Read More

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска ќе ја предводи македонската делегација на дводневната Меѓународна министерска конференција за демографската отпорност во услови на големи демографски промени, што ќе се одржи во Софија. Покрај Шахпаска, дел од македонската делегација ќе биде и Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика и Ана Данева Маркова, претседателка на Комитетот за безбедно мајчинство. Како што информира прес-службата на МТСП, на конференцијата насловена „Обликување на европската демографска иднина“, Шахпаска ќе говори за родовата еднаквост, како и за креирање и имплементирање на родово одговорни политики како клучен елемент во развојот на сеопфатен одговор на демографските промени. Министерката ќе оствари средба…

Read More

Времето утрово ќе биде студено, преку ден сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 4 до 11 степени. Во Скопје, утрово ќе биде студено, преку денот сончево со мала облачност. Минималната температура ќе се спушти до -8, а максималната ќе достигне 5 степени. Од УХМР информираат дека утре ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури, кои насекаде ќе се спуштаат под нула и ќе бидат во интервал од -9 до -1…

Read More

Сите земјоделци кои од 26 декември 2020 година до 25 декември годинава произвеле и предале градинарски и овошни култури во преработувачки капацитети, од денеска до 25 декември ќе може да аплицираат за добивање субвенции преку мерките 1.6 и 1.8. Право на користење на овие дополнителни директни плаќања имаат сите што оствариле производство на градинарски или овошни култури и ги предалео во регистрирани преработувачки капацитети. Висината на поддршката е три денари по килограм произведен и предаден зеленчук или овошје за преработка Аплицирањето е електронски,со најава на веб страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk, во полето „директни плаќања, е – барање“. Според Агенцијата, сите баратели…

Read More

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами одржа прес-конференција на која објави детали околу долговите на локалната самоуправа, како што најави на седницата на Советот. Тој потсети дека долгот е над 24 милиони евра. –За да бидеме транспарентни се подготвуваме преку монитор долгот на општината да биде видлив за граѓаните на плоштадот. Исто така долгот детално ќе биде објавен на веб страницата на Општината. Поминаа три недели и сум ангажиран да се скенира состојбата на Тетово. Жално е како е оставена општината со многу делгови и бројни неправилности во сите области. Граѓаните заслужуваат да знаат што се случува со нашата општина, истакна Биљал Касами. Градоначалникот на прашањата…

Read More

На 29.11.2021 година, по претходно донесена наредба за спроведување истражна постапка од страна на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во содејство на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје-Единица за интервентна полиција при БЈБ-МВР, од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје, беа издадени наредби за приведување на три лица поради основано сомнение дека се сторители на кривични дела „трговија со дете“ по чл.418-г  и „родосквернавење“ по чл.194 од КЗ на РСМ. Националната единица за…

Read More

​По претходно донесената Наредба за спроведување на истражна постапка, обезбедени Наредби за приведување на осомничени лица од судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција даде насоки на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Министерството за внатрешни работи за преземање на дејствија. Во акцијата се приведени тројцата осомничени за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил две продолжени кривични дела и тоа кривично дело – Родосквернавење и кривично дело Трговија со дете, додека останатите двајца осомничени сториле продолжено кривично…

Read More

Во периодот од 22 ноември до 28 ноември во лабораториите во кои се спроведува молекуларно и антигенско тестирање за присуство на ковид-19 се тестирани вкупно 18.781 материјали, што е за 5,1 отсто помалку во однос на претходната недела, се наведува во извештајот на Институтот за јавно здравје. Во посочениот период се регистрирани 2.751 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што е за 6,1 отсто помалку во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 9,5 до 17,5 отсто или просечно 14,3 проценти. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.279; 46,5 отсто), со неделна инциденца…

Read More