Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Касами : Долгот на општина Тетово ќе биде видлив преку монитор на плоштадот

0
By Ivana on November 30, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 30, 2021 14:48

Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами одржа прес-конференција на која објави детали околу долговите на локалната самоуправа, како што најави на седницата на Советот. Тој потсети дека долгот е над 24 милиони евра.

–За да бидеме транспарентни се подготвуваме преку монитор долгот на општината да биде видлив за граѓаните на плоштадот. Исто така долгот детално ќе биде објавен на веб страницата на Општината. Поминаа три недели и сум ангажиран да се скенира состојбата на Тетово. Жално е како е оставена општината со многу делгови и бројни неправилности во сите области. Граѓаните заслужуваат да знаат што се случува со нашата општина, истакна Биљал Касами.

Градоначалникот на прашањата на новинарите посочи дека има неколку активности со кои планира да го намали долгот. Рече дека ангажирал внатрешна ревизија која детално ја анализира стуктурата на долговите,а според него има задолжувања на Општината за работи кои се преземени досега.

–Во текот на следната недела од кога ќе имаме поконкретна информација ќе објавам еден значаен дел од долгот кој е направен само преку една институција односно едно физичко лице.Тој дел ќе се намали со обжалување на сите решенија кои се донесени и ќе се ангажира и адвокатска куќа која ќе ги анализира сите постапки односно тоа што не е постапено од Општината и се надеваме дека тој дел кој не е реален ќе биде тргнат од обврски на општината.  Друг дел кој е кон приватниот сектор– таму сум во постојана комуникација со сите приватни оператори кои имаат докажано првична спремност, делот од затезните камати да не го калкулираат и да не го наплаќаат од нас. Исто така се заинтересирани и имаат покажано подготвеност во делот од долгот да го намалат и да оди општината напред, посочи Касами.

Тој смета дека во вториот мандат на досегашаната градоначалничка се направени долговите.

–Владата дел од долгот им ги отплати на општините. Од тој момент општина Тетово декларираше 15 милиони долг од кои 7,5 милиони беа исплатени од Владата. Од тој момент Општина Тетово има 7,5 милиони долг. За само четири години, вториот мандат на Теута Арифи тој долг е зголемен на 24 милиони од кои 14 создаден само за четири години. Само три месеци пред избори има долг од три милиони евра за проекти кои сега се испратени до Антикорупциска комисија да се види дали се според законот. Има друг дел долг кој ќе биде обжален, сите луѓе кои се инволвирани ќе се бара да дадат одговор, истакна градоначалникот Касами.

Според градоначалникот од вкупно 24 милиони евра долгови- 14 милиони се на името на Општина Тетово, Јавното Комунално Претријатие (ЈКП) Тетово должи 9,7 милиони евра, 187 илјади е долгот на ЈП Градски паркинг и 77 илјади евра должат училиштата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.