Author: Ivana

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со Лучана Ламорџезе, министерка за внатрешни работи на Италијанската Република. На состанокот се потврдени добрите односи помеѓу двете земји во областа на образованието, економијата, културата, одбраната, науката и е констатирано нивно унапредување, со најавеното потпишување на Анти-дрога меморандумот за разбирање, што ќе придонесе во зајакнувањето на заедничката борба против криминалот и корупцијата. Поздравени се направените реформи во оваа област во нашата држава, со коишто се смета дека се зголемени капацитетите на органите за справување со криминал и корупција. Оценето е дека ги има предусловите да се продолжи на патот…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Лучана Ламорџезе, министерка за внатрешни работи на Италијанската Република, која престојува во посета на Република Северна Македонија по повод учеството на  22. состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка на Југоисточна Европа. На средбата беше изразено задоволство од традиционално добрите и пријателски билатерални односи, со активен политички дијалог на високо и на највисоко ниво. Претседателот Пендаровски ја поздрави одличната соработка меѓу двете министерства за внатрешни работи, и изрази очекување за нејзино натамошно интензивирање преку заеднички обуки, курсеви и размена на искуства, особено во областа на борбата против организираниот криминал и корупцијата…

Read More

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека постојат мали шанси оваа организација некогаш да воведе систем на исклучување на своите членки. – НАТО нема механизам за исклучување на членките. Нема да препорачам тоа да биде вклучено во нашиот основачки договор, истакна Столтенберг во Рига пред состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата. Тој додаде дека и да го предложи, тоа никогаш нема да се случи бидејќи за таква одлука е потребен консензус од сите 30 членки, што значи дека секоја земја има право на вето. За време на дводневниот состанок, министрите ќе разговараат за предлозите на генералниот…

Read More

Европското законодавство за животна средина е на добро ниво транспонирано во националната легислатива во земјава, што овозможува негово спроведување, но тоа сепак е на почетно ниво речиси во сите области, што е резултат пред се на слабите административни капацитети и недостигот на финансиски средства, како и на начинот на управување со овој сектор, се заклучува во Извештајот во сенка на граѓанските организации за Поглавјето 27 од преговорите за членство – Животна средина и климатски промени. Според Извештајот, законодавството е добро разгрането, покриени се сите области и како такво претставува добро основа за негово спроведување, но финансирањето на животната средина е…

Read More

Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 зголемен е бројот на жени жртви на семејно насилство, коментира за БТА сопругата на бугарскиот амбасадор во Република Северна Македонија, Билјана Ангелова, која е иницијатор на кампања за поддршка на жртвите за семејно насилство. Веќе се испратени писма до градоначалниците во Република Северна Македонија со барање да се одржат собири на 12 декември во 12.00 часот на плоштадите во повеќе градови во земјава, вклучително и во главниот град Скопје, за да се каже „не“ на семејното насилство. Мотото на кампањата „СТОП на семејното насилство! Бидете храбри“ е и главната порака на Билјана Ангелова до…

Read More

Првпат во земјава денеска и утре ќе се одржи Дигитален саем за средно стручно образование, на кој се очекува да се обрати министерката за образование и наука Мила Царовска. Како што информираат од МОН, околу 19.000 деветодделенци се очекува да бидат дел од овој уникатен настан, чија основна цел е учениците навремено да се информираат за она што го нудат средните училишта во земјава, можностите за стипендирање, наставните програми, практичната настава, но и кои се придобивките и предностите од средното стручно образование. Со Дигиталниот саем освен што се дава поддршка на учениците и нивните родители за изборот на професијата која…

Read More

За два сантиметра е зголемен водостојот на Охридското, а за еден на Преспанското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, водостојот на Дојранското Езеро е за 2,67 метри повисок од просекот за ноември, додека нивоата на останатите две природи езера се пониски од просечните. Водостојот на Охридското Езеро е за 11 сантиметри понизок од повеќегодишниот просек за овој период од годината и е пет сантиметри над дозволениот минимум 693,10 (мнм), а на Преспанското Езеро е за 1,63 метри понизок од просечниот и е 13…

Read More

Потребите на граѓаните со акцент на ранливите категории, се високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика, изјави на денешната прес-конференција министерката Јагода Шахпаска. Според неа, исплатата на социјалните надоместоци, правата од детска заштита обезбедувањето на старите лица, исплатата на пензиите, ккао и мерките за вработување се обезбедуваат од буџетото од министрството за труд и социјална политика. – Вкупниот буџет на министерството за труд и социјална политика за наредната 2022 година изнесува 50,6 милјарди денари. Покрај исплатата на парични права и услуги од системот на социјална заштита Министерството за труд и социјална политика вложува во изградба на нови…

Read More

Препораката на Светската здравствена организација е дека вакцинацијата против КОВИД-19 е побезбеден начин да се помогне во градењето заштита, објави на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. КОВИД-19, посочува министерот, може да има сериозни, опасни по живот компликации. – Со вакцината на побезбеден начин ќе развиете имунитет, отколку да се заразите или разболите, напиша Филипче.

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 93, Кавадарци – 11, Битола – 5, Прилеп и Струга – по 2, Куманово, Велес, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1. Регистрирани сe 396 оздравени пациенти од: Скопје – 175, Битола – 37, Прилеп – 26, Кавадарци – 16, Штип – 15, Куманово – 13, Кочани – 12, Тетово – 11, Крива Паланка, Гевгелија и Берово – по 10, Велес – 9, Кратово и Делчево – по 8,…

Read More

Климатската промена е факт, а и нејзините последици кои ќе станат се потешки и сложени и ќе влијаат на секој дел од планетата. Треба да делуваме веднаш и глобално. Зелениот договор е повеќе од само една политичка лекција и се состои од практични акции и дејствија коишто сите треба да ги имплементираме и постојните и идните земји членки. Целта е нула емисии на стакленички гасови до 2050 година, со што Европа ќе стане првиот климатски неутрален континент. Ова го истакна шефот на Делегацијата на Европската Унија во државава Дејвид Гир на денешната промоција на новата кампања „ЕУ со ТЕБЕ“ фокусирана на…

Read More

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска претседаваше со втората седница на Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилство врз жените и семејното насилство. На состанокот беше разгледувана реализацијата на Акцискиот план за спроведување на Истанбулската конвенција кој произлезе по нејзината ратификација. Во тој контекст, министерката Шахпаска констатираше дека изминатиов период е воспоставена институционална и законска рамка за спречување и борба со насилството врз жените и семејното насилство согласно Акцискиот план, што претставува цврста основа и подготовка на системот за  понатамошно  исполнување на  стандардите од Истанбулската конвенција. „По…

Read More