Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Сузбивање на пандемијата и намалување на несаканите ефекти врз економијата е единствено возможно доколку се носат одржливи мерки кои ќе даваат вистински резултати, а не да се избираат преодни решенија од кои нема ефект. Со префрлање на одговорноста на друго место и со поставување на ултиматуми за кои нема правен механизам за спроведување сите се ставаат во неповолна состојба. Со најавената задолжителна вакцинација во приватниот сектор се добива впечаток дека проблемот се префрла од Министерството за здравство кон деловните субјекти. Во услови кога не е спроведена целосна вакцинација на медицинскиот персонал, потребна е сериозна кампања на Министерството за здравство преку…
Автопатот „Струма“ во правец кон Софија повторно е отворен за сообераќај. Коловозната лента во реонот каде се случи несреќата на автобусот со македенски патници, кон Благоевград – Кулата останува затворена. Сообраќајот во оваа насока се одвива преку обиколна траса: патна клучка Даскалово – Перник – Радомир – Долна Дикања. Автобусот, кој што вчера изутрината изгоре при што загинаа 45 патници, а седум беа повредени, беше отстранет доцна синоќа и транспортиран кон Перник. Според најавите, работна група на регионалното министерство треба да почне истрага. Формиран е тим со претставници на Агенцијата за патна инфраструктура и од Дирекцијата за национална контрола во…
На денот на национална жалост, седницата на преодната влада на Бугарија започна со едноминутно молчење, јави дописникот на МИА од Софија. Премиерот на Бугарија Стефан Јанев соопшти дека ова е денот кога се сеќаваме на жртвите – девет бугарски државјани кои загинаа во пожарот во домот за стари лица во селото Ројак, Варна и државјаните на Република Северна Македонија кои загинаа во автобуската несреќа на автопатот Струма. -Во време на тешкотија, да го изразиме нашето сочувство за членовите на семејствата и роднините на жртвите, кажа Јанев. Знамињата на државните институции, вклучително и пред зградата на Советот на министри на Бугарија,…
Едно лице се здоби со повреди на десната нога, а друго со расекотини по лицето, откако попладнево на паркинг во Скопје било пукано во колата во која се наоѓале, информираа за МИА од Министерството за внатрешни работи. -Според првичните информации денеска околу 16:40 пријавено е дека на паркингот на ОУ „Живко Брајковски“ на улица „Хо Ши Мин“, каде претходно било паркирано патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, во кое биле лицата М.А. и А.У.(34), по кажување на М.А., од страна на М.Б. било пукано кон возилото. Со повреди на десната нога се здобил М.А., а лекарска помош му е…
Низ македонските амбасади во голем број држави знамињата се спуштени на половина копје, а во амбасадата во Софија уште од изутрина граѓани оставаат цвеќиња, свеќи и играчки. Сочувство за огромната трагедија изразија и голем број светски и државници од регионов. Амбасадорката на САД во земјава Кејт Мери Брнс со сочувство за жртвите. „Во име на американската амбасада сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на оние кои ги загубија своите најблиски и наша поддршка за повредените, како и до оние кои беа скршени од тага кога дознаа за овој трагичен настан“, истакна Кејт Мери Брнз. Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, одржаа заедничка прес-конференција на која изразија сочувство до семејствата и блиските на загинатите од трагичната сообраќајна несреќа која се случи во Бугарија, и ги соопштија сознанијата за несреќата кои овој момент се познати, како и активностите што ќе бидат преземени. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на прес-конференцијата истакна дека со бугарското министерство за надворешни работи се воспоставени неколку директни линии на соработка со вклученост на искусни дипломати и конзулари од различни директорати, со што се покриени сите потреби за координација на институциите и дипломатска…
Според првичните информации од истражните органи во Бугарија во автобусот кој изгоре ноќеска на автопатот „Струма“ вкупно имало 52 лица, од кои 45 загинаа, а седуммина се хоспитализирани на Клиниката во Софија. Од загинатите, 12 се деца, изјави вечерва на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Во текот на утрешниот ден, како што кажа Спасовски прашан за возраста на загинатите, се очекува извештајот од Судската медицина во Софија и дури тогаш Владата ќе може да ги соопшти сите детали околу починатите лица и градовите од каде се тие. Спасовски потврди дека, според првичните информации со кои располагаат, во автобусот…
Mерките кои се однесуваат на вакцинација против Ковид19, предлог на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, се одложени за наредната владина седница, информираат од ресорното министерство. Инаку министерот за здравство Венко Филипче и претставниците на синдикатите договорија неколку барања во пресрет на денешната владина седница, на која ребаше да се разгледаат новите предлог-мерки за справување со ковид-пандемијата. – Договорено се три барања. Првото е мерката од моментот на донесување да важи после 15 денови, со цел да се доедуцираат членовите на синдикатот. Второто е да бидат дадени два слободни денови од денот на примањето на вакцината, за тие…
Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 24 ноември 2021 година е прогласен за Ден на национална жалост во спомен на жртвите од пожарот што на 22 ноември избувна во Домот за стари лица во селото Ројак во Општина Дулгопол и за настраданите во тешката автобуска несреќа на автопатот „Струма“ на 23 ноември. – Владата изразува сочувство до роднините на жртвите. Во нивен спомен државните знамиња на сите државни институции ќе бидат спуштени на половина копје, соопшти прес-центарот на бугарската Влада.
Трајан Ангелоски е избран за нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија. Собранието на Сојузот го потврди изборот на денешната седница. Ангелоски е косопственик и извршен директор на компанијата за производство, трговија и развој на врзувачки елементи „Ариљеметал“, со која успешно раководи повеќе од 10 години. Тој досега беше претседател на Индустриска комора, a по професија е машински инженер и магистер по технички науки. Активностите на новиот претседател ќе бидат насочен кон заштита на претпријатија и унапредување на организациската структура на Сојузот. „Вредноста на Сојузот како организација е во валоризација на претприемништвото и на семејни мали и средни…
Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ денеска во Собранието ја додели наградата „22 Ноември“ за 2021 година на политикологот Илбер Села и писателот Фејзи Бојко. Станува збор за признание што се доделува на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот, кои дале свој придонес во унапредувањето на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање на припадниците на различните заедници, култури и вери во државата. Писателот Фејзи Бојко се заблагодари за добиената награда, а на припадниците на албанската заедница им го честиташе Денот на албанската азбука – 22 Ноември. -По мое мислење, овој празник е еден од најголемите празници за Албанците. Ова…
Жители на Ново Маало денеска го поздравија почнувањето на градбата на станбено-деловниот комплекс „Гранд“, спроти „Холидеј Ин“ и истакнаа дека се среќни бидејќи се гледа почетокот на крајот на нивниот повеќедецениски проблем и што конечно и тие ќе добијат достојни услови за живот, како што доликува на едно централно градско подрачје. – Повеќе од 50 години живеевме во услови како од 19-тиот век, без фекална и атмосферска канализација, со септички јами, нерешено греење и без основни услови за движење низ улиците, притоа и без никаква можност самите да го решиме овој проблем и самостојно да пристапиме кон легална реконструкција на нашите домови. На…