Автопатот „Струма“ во правец кон Софија повторно е отворен за сообераќај. Коловозната лента во реонот каде се случи несреќата на автобусот со македенски патници, кон Благоевград – Кулата останува затворена. Сообраќајот во оваа насока се одвива преку обиколна траса: патна клучка Даскалово – Перник – Радомир – Долна Дикања.

Автобусот, кој што вчера изутрината изгоре при што загинаа 45 патници, а седум беа повредени, беше отстранет доцна синоќа и транспортиран кон Перник.

Според најавите, работна група на регионалното министерство треба да почне истрага. Формиран е тим со  претставници на Агенцијата за патна инфраструктура и од Дирекцијата за национална контрола во градежништвото, кој во рок од пет дена треба да изврши увид  и проверка на тротоарот, патната сигнализација, рестриктивните системи и  хоризонталното обележување. Врз основа на наодите од увидот и проверките треба да презентира извештај за состојбата на делницата, како и да процени какви мерки ќе се преземат за нејзино обновување.