Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Со новата концепција, медиумската писменост се изучува како посебна тема во наставните програми по мајчин јазик, македонски, албански, турски, српски и босански. Секогаш кога е можно наставникот исто така има обврска да ја интегрира медиумската писменост со останатите теми и подрачја со цел да им овозможи на учениците да ги поврзат знаењата од различните области во целата учебна година. Во учебната 2021/2022 година новите наставни програми почнаа да се реализираат во прво и во четврто одделение и изучувањето на медиумската писменост постои во овие две одделенија и постепено се воведува во наставните програми и во погорните одделенија. Ова денеска го…
Државниот пазарен инспекторат досега има извршено 1.280 инспекциски надзори и вкупно се затворени 20 угостителски објекти, од моментот на носење на одлуката за задолжително поседување на сертификати во угостителските објекти, изјави на денеска на прес-конференција во Влада директорката на Државниот пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска. Затворањето, посочи Симеска-Димоска, е врз основа на тоа дека дел од гостите не поседувале сертификати или пак поради констатирано поголемо присуство на лица во објектот од дозволеното или за непочитување на протоколите за одржување дистанца. – По месеци. Во август затворени се четири угостителски објекти, од кои два во Скопје и два во Тетово. Во…
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека до 30 ноември повторно може да се аплицира за субвенциониран студентски оброк. Може да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право во првиот и вториот рок. Оваа можност ќе биде достапна секој месец од 20-ти до 30-ти односно до 31-ви во месецот. – Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување на само два документа – пријава и изјава за точност…
Дваесет и седумгодишна жителка на Скопје е приведена во угостителски објект во Тетово поради сомнение за инволвираност во трговија со луѓе. Таа била приведена при акциска контрола на полицијата во локалот. – Половина час по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово, во акциска контрола спроведена во угостителски објект на улица „Страшо Пинџур“ во Тетово, сопственост на А.Б.(44) од тетовско Селце, ги лишиле од слобода Е.С.(22) од Република Србија и Б.С.(27) од Скопје. За Е.С постои сомнение дека го злоупотребила туристичкиот престој, а Б.С. поради сомнение за нејзина инволвираност во трговија со луѓе. Двете женски лица задржани се во Полициската станица…
Состојбата со КОВИД-19 во училиштата е апсолутно стабилна. Процентот на позитивни нови случаи на дневно ниво се движи помеѓу 0,01 и 0,03, а вкупниот број активни случаи е околу 0,3 отсто од вкупно 255 илјади ученици кои следат настава со физичко присуство, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска, додавајќи дека поради стабилната ситуација останува првото сценарио – физичко присуство и дека состојбата постојано се следи. Доколку Комисијата за заразни болести понатаму има различни информации и ако се случи нешто поинаку, рече таа, МОН е подготвено да реагира и да го промени сценариото односно моделот на настава. Дотогаш, нагласи…
Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски на денешната прес-конференција на која беше презентиран Е-инспекторот, рече дека не се гледа себеси како кандидат за премиерската функција. – Утрешните закажани состаноци во СДСМ предизвикуваат внимание. Се работи за најголемата политичка партија и организација што е демократска, модерна, во којашто и пред неколку месеци имаше непосреден избор за претседател на партијата, имаше само еден кандидат. И доколку сега се одлучи да се отворат истите постапки ќе имаме целосно отворена, транспарентна, демократска постапка во која што во ниту една политичка партија ја нема и каде што…
Потпретседателката на СДСМ и министер за образование и наука Мила Царовска на новинарско прашање кој ќе биде нов претседател на партијата и дали очекува Алтернатива да влезе во владината коалиција, одговори дека ниту е нејзина надлежност ниту смета, рече, дека треба да се шпекулира. -Сите ние заеднички треба да ги следиме овие процеси затоа што тие ниту се наивни и треба сериозно да се разгледуваат затоа што иднината и курсот на државата и развојот нејзин зависат од тие одлуки, изјави Царовска за медиумите по промоцијата на проектот за медиумска писменот „Младите размислуваат“. Прашана за коментар за оставката на лидерот на…
Исполнуваме уште една мерка од Планот за борба против корупција, започнува реализацијата на системот „Е-инспектор“, изјави на денешната прес-конференција заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски. Вицепремиерот Николовски посочи дека за ефикасна имплементација на системот, за трите клучни инспекторати Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и за Државниот управен инспекторат, веќе се обезбедени лаптопи, неопходни за дигитално спроведување на надзорите и контролите. „Со овој систем значително се елиминира човечкиот фактор и субјективниот пристап при инспекциските надзори и контроли. Целокупниот процес од распределба на надзорите и контролите, генерирање на записници, до…
Ќе се намалува рокот во кој јавниот сектор може да ги исплати обврските кои ги има кон приватниот сектор. Со Предлог-измените за Законот за финансиска дисциплина што ги подготви Министерството за финансии се предвидува постепено намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Министерството за финансии од 60 дена на 30 дена и намалување на рокот на плаќање на обврските на субјектите од јавниот сектор чии сметки се во рамките на Трезорската сметка на Фондот за здравствено осигурување на Македонија од 90 дена на 60 дена. Во…
Од денеска почнува изградбата на првата од трите 20-катници спроти хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје, информира преку сопштекомпанијата која ќе ги гради зградите „МГ Фешн“ ДОО Скопје испратија соопштение во кое информираат дека почнуваат со градба на зградите од комплексот „Гранд“ врз основа на одобрението за градба добиено од Општина Центар на 13 април годинава. – Во оваа прва фаза започнува изградбата на станбено-деловниот објект кој содржи три нивоа под земја, приземје плус 20 ката и поткровје. Објектот ќе биде изграден согласно највисоките архитектонски стандарди и нормативи за градење на енергетски ефикасни објекти кои имаат минимално влијание врз…
https://www.youtube.com/watch?v=kbnKmnKfARE
За мене најдобро е Зоран Заев да биде тука, и на чело на партијата и на Владата во овој период. Се е можно секогаш, меѓутоа ако ги гледаме неговите ставови во однос на моралната посетавеност, незнам дали е возможно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на гостувањето во Утрински брифинг. – Знаете дека претседателот Заев носеше многу храбри одлуки, многу атипични одлуки, кои во еден момент не можеа да бидат разбрани за подоцна да сфатиме дека тоа било добро. И сега гледам дека има многу забалешки дали е сега моментот, таква одговорност да се поставува пред граѓаните…