Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Спасовски: Најдобро е Заев да остане на чело и на партијата и на Владата во овој период

0
By Ivana on November 22, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 22, 2021 10:58

За мене најдобро е Зоран Заев да биде тука, и на чело на партијата и на Владата во овој период. Се е можно секогаш, меѓутоа ако ги гледаме неговите ставови во однос на моралната посетавеност, незнам дали е возможно, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на гостувањето во Утрински брифинг.

– Знаете дека претседателот Заев носеше многу храбри одлуки, многу атипични одлуки, кои во еден момент не можеа да бидат разбрани за подоцна да сфатиме дека тоа било добро. И сега гледам дека има  многу забалешки дали е сега моментот, таква одговорност да се поставува  пред граѓаните и општеството во делот на активностите, рече Спасовски.

Нагласи дека прашањето е во сврзното ткиво, една ваква сериозна коалиција што се базираше на јасно поставени стратешки цели, рече тој, на европскиот пат, што почна сериозно да го гради концептот „Едно општество за сите“, што направија добра економска основа за развој на државата, е нешто што ќе има потреба од капацитет, каков што Заев го има за да ги обединува силите и структурите и во партијата и во коалицијата.

Инаку,  за утре е закажана седница на Извршен и на Централен одбор на СДСМ, на која, како што е најавено треба да се расправа по најавената оставка од лидерот на партијата Зоран Заев.

На прашањето како функционира Владата односно владиниот кабинет, Спасовски посочи дека функционира со истиот капацитет како и претходно и тоа, истакна, мора да биде така во интерес на граѓаните и на државата во прв план. Спасовски најави дека не размислува да се кандидира за претседател на СДСМ. За него, како што рече, е важно што ќе се случува со партијата и со државата.

Сепак, не очекува дека ќе има многу кандидати, меѓутоа, потенцира, низ демоктрастки процес, кога секој еден член ќе одлучува кој ќе биде новиот лидер на партијата, има право со својата визија, програма со која ќе настапи да се кандидра.

Прашан дали ќе опстои оваа влада до 2024 година, дали тоа би било купување врема, со оглед на тоа што опозицијата бара предвремени избори, Спасовски дециден дека Владата има сериозен капацитет.

– Доколку добро се постават работите во делот на нашите стратешки приоритети, начинот на функционирање на Владата, блискоста со граѓаните, може да придонесе не само да има одржување на Владата подолг временски период, туку таа Влада да има резутлати, препознаени од граѓаните.Тоа е најважно, рече Спасовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.