Author: Ivana
Синдикатот на Културата на Република Македонија, по извршените консултации со своето членство, се спротивставува на предложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести кои се однесуваат на вработените во јавниот сектор, локалната самоуправа и државните институции, каде при одење на работно место треба да прикажува потврда за примена најмалку една вакцина или негативен ПЦР тест направен на сопствен трошок. – Како Синдикат кој се грижи за здравјето на своите вработени, ние не сме против вакцинирање. Тоа го покажавме уште на 5 март 2021 со дописот до нашето ресорно Министерство и Министерството за здравство кога реагиравме и побаравме вработените во…
Со цел креирање на ефикасни мерки и дополнување на Планот за борба против корупција, денеска од Кабинетот на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, е објавен Јавeн повик до невладини организации во земјава кои работат во областа на спречување на корупцијата и криминалот. Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот, преку овој повик, се повикуваат невладините организации кои работат во оваа област да достават свои предлози за креирање на мерки и политики за борба против корупцијата и криминалот. Доставените предлози треба да содржат: конкретни препораки и образложение за…
Од вчера одобрено е давање трета бустер доза вакцина за граѓаните на Република Северна Македонија, соопштија од Здравствениот центар Врање. Како што јави дописникот на МИА од Белград, од Здравствениот центар соопштија дека примарно е имунизацијата на српските граѓани да се одвива непречено. -Вакцинацијата ќе се врши согласно важечките епидемиолошки мерки против Ковид-19. Исто така, потсетуваме дека сите граѓани заинтересирани да ја примат вакцината „Модерна“ можат да се обратат во главниот пункт за вакцинација на ЗЦ Врање, за да бидат евидентирани (име, презиме, контакт и дали е во прашање прва или трета доза), додаваат од Здравствениот центар Врање. Сите тие…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, ја назначи Бујаре Абази за нова заменик- градоначалничка на Скопје. Арсовска денеска свечено го врачи решението, при што на средбата со Абази дискутираа за идната соработка и за предизвиците со кои се соочува Градот. Бујаре Абази е дипломиран инженер на Факултетот за комуникациски науки во Загреб, а има и дополнително високо образование како дипломиран економист. Абази е избрана за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа во октомври 2021 година.
Во касарната „Илинден“ во Скопје денеска беа промовирани нови 70 подофицери на Армијата на Република Северна Македонија, кои во периодот август – ноември посетуваа курс за подофицери во кампот за обука „Пепелиште“ на Армискиот полигон „Криволак“. Претходно, во два наврата беа промовирани 120 нови подофицери во Армијата од редовите на професионалните војници, во две групи. Бидете горди на својата Армија и на својата држава, како што и тие се горди на Вас, им порача министерката за одбрана Радмила Шекеринска. – Не заборавјте кои биле желбите и предизвиците со кои сте се соочувале како војници и искористете ги да бидете подобри…
Од 15 ноември е воведена забрана за сообраќај за сите видови возила низ националниот парк Галичица, информира ЈП Македонијапат. Од охридска страна сообраќајот се одвива до месноста Корита. Забраната ќе трае до 1 април 2022 година.
Сметам дека пратеникот Реџепи направи мудра политичка одлука и со своето политичко делување го зачува евроатлантскиот курс на земјата, не дозволувајќи притоа загрозување на процесот на интеграции во еден чувствителен период кога се очекува да бидат донесени клучните одлуки. Со особено задоволство прифатив да упатиме заеднички повик за политичка консолидација на сите прогресивни сили во земјава, со цел искористување на претстојните можности кои ги нудат зимските самити на ЕУ а со цел остварување на стратешките цели на државата. Ова го пишува на официјален фејсбук профил министерот за надворешни работи Бујар Османи кој утрово на иницијатива на Кастриот Реџепи имал средба…
Вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз во третиот квартал од годинава изнесува 9 711 000 и во однос на истиот период од претходната година е намален за 1,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Според видот на превозот, бројот на превезените патници е зголемен во градскиот превоз за 0,3 проценти, во меѓуградскиот за 12,3 проценти и во меѓународниот превоз за 296 проценти, додека во приградскиот превоз бележи намалување од 6,6 проценти. Во третото тримесечје од 2021 година, во однос на истиот период од 2020 година, вкупниот број патнички километри во патниот патнички превоз е зголемен за 79…
На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот Стево Пендаровски денеска го пречека претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации. Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Полска, европската интеграција на земјава во Европската Унија, како и состојбите во поширокиот регион и Европа. По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е двајцата претседатели да одржат заедничка прес-конференција. За време на официјалната посета, претседателот Дуда е придружуван од неговата сопруга, Агата…
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски објави реакција нана својот Фејсбук профил по изјавата на генералниот секретар Љупчо Николовски кој изјави дека СДСМ ќе се обиде да го врати во партијата. – Никој не може да ме враќа во партија од која никогаш немам излезено и согласно статутот на мојата СДСМ сеуште сум член и воедно со нетрпение ја очекувам седницата на ЦО на која ќе разговараме и за мојот статус но и за погубните политики на дел од раководството кои не доведоа во оваа состојба. На СДСМ му се неопходни радикални промени и трансформации по вертикала и хоризонтала и начинот…
Во текот на вчерашниот ден (18.11.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 384 возачи. Од нив 37 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 173 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 211 надвор од населено место. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да…
Повисоки стапки на економски раст и подобар квалитет на живот за граѓаните се во фокус на оваа Влада. Во тој правец е димензиониран и Предлог-буџетот за 2022 година, наведува во објава на Фејсбук премиерот Зоран Заев. Тој истакнува дека вкупните приходи се за 7,4 проценти повисоки од 2021 година и се планирани на 238,9 милијарди денари, додека расходите се за 1,4 проценти повисоки од 2021 година, а се планирани во износ од 272,4 милијарди денари. Капиталните инвестиции се проектирани на ниво од 37,8 милијарди денари и се повисоки за 27 проценти во однос на Буџетот за 2021 година. Тековните расходи…