Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Бура од реакции предизвика новиот предлог антиковид-мерки на Комисијата за заразни болести. Откако министерот за здравство, Венко Филипче вчера соопшти дека до Владата ќе предложи сите вработени во јавниот сектор и во локалната самоуправа за да одат на работното место треба да прикажат сертификат за барем една доза примена вакцина, направен ПЦР тест не постар од 72 часа на своја сметка, со реакција се јавија дел од синдикатите и граѓаните на социјалните мрежи. Тие сметаат дека со ваквите мерки се кршат основните човекови права. Правната советничка и координаторка Драгана Дрндаревска од Мрежата за заштита од дискриминација за НОВА ТВ вели…
Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на презентацијата на „Функционалната анализа на основните судови и планот за подобрување на основните судови во РСМ“, која ја изработи Центар за правни истражувања и анализи, со поддршка на Британската aмбасада, кажа дека во буџетот за следната година се планираат повеќе финансиски средства за судовите. Со тоа финансиски и кадровски ќе се зајакне правосудството и треба да биде следено од ефикасни и квалитетни судски постапки, смета Маричиќ. -Доказ за нашата заложба и влог во правосудството е и Буџетот за судство предвиден за 2022 година, кој е за 6,5 отсто повисок во споредба со…
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.037 дози вакцини, од кои 1.581 се аплицирани како прва доза, 853 се ревакцинирани, а 1.603 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 17 ноември вкупно се вакцинирани 818.689 граѓани, ревакцинирани се 787.837, а трета доза примиле 59.735 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Педесет и седум отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 48 отсто…
Во Собранието на Република Северна Македонија вчера во организација на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата, а со поддршка на Советот на Европа и Коалиција Маргини, се одржа тркалезна маса на тема „Правното признавање на родот во Северна Македонија“. Целта на тркалезната маса, како што соопшти коалицијата „Маргини“, беше да се презентира прелиминарната анализа за правното признавање на родот во Северна Македонија и наодите од неа да се дискутираат со пратениците, претставниците на институциите, граѓанските организации и транс заедницата. Анализата е дел од пилот проект што има за цел да обезбеди тематска анализа на имплементацијата на препораката CM/Rec…
Се надеваме на почеток на преговорите со Северна Македонија во декември, изјави денеска австрискиот министер за европски и меѓународни работи Михаел Линхарт на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи во Скопје. – Оној што го исклучува Западниот Балкан, ја ослабува Европа. Ние се заложуваме и ќе продолжиме да се заложуваме за тоа уште во декември да почнат преговорите. Тоа е нашето барање, и тоа барање го поставуваме пред нашите партнери во Европската Унија и тоа интензивно, порача Линхарт. Тој оцени дека започнувањето преговори во декември не е важно само за Северна Македонија и за Албанија, туку тоа може да…
За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на останатите две природни езера во земјава се исти како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Со тоа, водостојот на Преспанското Езеро е за 1,62 метри понизок од повеќегодишниот просек за ноември и е 12 сантиметри под апсолутниот минимум од 842,25 (мнм). Пониско од просечното е и нивото на Охридското Езеро и тоа за 14 сантиметри и е на два сантиметра над дозволениот минимум од 693,10 (мнм). Водостојот, пак, на Дојранското Езеро е за 2,67 метри повисок од просекот за овој месец.…
Во Предлог-буџетот за 2022 година финансиски се пресликани приоритетите на кои Владата посветено ќе работи во текот на следната година, објави премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук профил. Основни цели на Буџетот за 2022 година, наведува, се економско заздравување и забрзан раст, фискална одржливост, зачувување на здравјето и животите на граѓаните, како и поддршка на институционалните реформи и европските интеграции. – Преку Буџетот се обезбедува навремена исплата на плати, пензии, социјални надоместоци, субвенции, како и реализација на капиталните инвестиции, коишто за 2022 година се планирани на историски највисоко ниво од 37,8 милијарди денари и се повисоки од буџетскиот дефицит, напиша…
Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.207 дози вакцини, од кои 1.515 се аплицирани како прва доза, 930 се ревакцинирани, а 1.732 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 16 ноември вкупно се вакцинирани 817.079 граѓани, ревакцинирани се 786.941, а трета доза примиле 58.132 граѓани. 57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 48% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39%…
На денешниот настан по повод Светскиот ден на новородените бебиња, кој се одржа на плоштадот Македонија на еден начин се одбележа и успехот во областа на неонаталогијата во нашата држава. Учество имаа министерот за здравство Венко Филипче, директорката на ГАК Викторија Јовановска, директорката на Детската клиника Аспазија Софијанова и голем број млади деца кои дадоа поддршка на младоста и убавите случувања во здравствениот сектор и во оваа област. Во изјавата за медиуми министерот Филипче јавно им честита на експертите кои работат на делот за неонаталогија. Тој посочи дека стратегијата за инвестирање во опрема и подигање на знаењето е направена уште…
Во сабота 20.11.2021 година “А1 ЛИЗГАЛИШТЕТО” ја започнува новата сезона, информираат надлежните од Спортскиот центар “Борис Трајсковски”. – Избегнете ги гужвите во затворен простор и дојдете на единственото место за забава и релаксација на мраз за целото семејство. Подгответе се за нови зимски лудории, се вели во соопштението на Спорсткиот центар.
Во финална фаза се процедурите од тендерската постапка за изградба на железничката пруга од Коридорот 8, порача денеска од Штип министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски. За двете делници во игра се осум компании. Очекува на почетокот на годината да се склучат договорите со избраните компаниите. – За првата делница Куманово – Бељаковце имаме три заинтересирани фирми, за втората делница Бељаковце – Крива Паланка имаме пет заинтересирани компании. Нашите и моите очекувања се дека во текот на јануари ќе можеме да потпишеме и договор и кон крајот на првиот квартал, односно напролет 2022 година да започне да се гради…
Билјана Ивановска, претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), на денешната седница говореше за предмети кои пристигнуваат до Антикорупција за тоа кога кандидати за вработување ја менуваат националноста, со цел да ги исполнат условите од балансерот и да се вработат. Таа конкретно образложи предмет, при што е утврдено дека во Агенцијата за вработување кандидат за вработување е заведен како Македонец, а примен е како Албанец. – За жал, ова не е првпат и за жал немаме начин како да се казнат, оти не е предвидена ваква казна во законите. Единствена препорака ќе биде, а и онака се прави…